Спорт
ПСЖ е подготвен комплетно да го исплати Нејмар до 2027 година за да си замине од клубот

Францускиот првак Пари Сен Жермен сака да ја прекине соработката со Бразилецот Нејмар. Раководството на клубот е подготвено и комплетно да го исплати неговиот договор до 2027 година, а тој да го напушти Париз.
Шпанскиот медиум „Ел Паис“ наведува дека таткото на Нејмар и ПСЖ се договориле на фудбалерот да му биде исплатено се што е предвидено во договорот кој автоматски се продолжува до 2027 година. Нејмар треба да заработи 200 милиони евра од ПСЖ, без разлика дали ќе остане до крајот на договорот или не.
Со оваа уплата ПСЖ треба да го убеди Нејмар да си замине, а клубот го ангажирал новиот спортски директор Луис Кампос да ја спроведе целата операција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Челси понудиле 40 милиони фунти за Гордон

Челзи сè уште нема завршено со активностите во преодниот рок. Томас Тухел сака да го донесе на „Стенфорд Бриџ“ играчот кој потекнува од младинската школа на Евертон, Ентони Гордон.
Ентони Гордон (21), во првиот тим на „Карамелите“ е од 2020 година.
Челси испратил понуда вредна 40 милиони фунти. Евертон ја одбил оваа понуда, не дека не сака да го продаде Гордон, туку дека сака втората понуда да биде поголема. Според англиските медиуми, Евертон ќе го продаде Гордон за 50 милиони фунти.
Се шпекулира дека трансферот може да биде комплетиран во наредните денови. Наводно фудбалерот едвај чека да се пресели на „Стемфорд Бриџ“.
Гордон минатата сезона одигра 35 натпревари за Евертон и постигна четири гола.
Спорт
Ден по дебаклот, Тен Хаг ги казнил играчите со специјално осмислен тренинг

По поразот на домашен терен од Брајтон со 2:1 на стартот од новата сезона во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед во 2. коло во саботата доживеа дебакл на гостувањето кај Брентфорд. Тимот од Лондон за 35 минути, во првиот дел, постигна четири гола.
Менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, по мечот, ги обвини играчите за поразот и ги повика да преземат одговорност.
Новиот тренер на Јунајтед, лут од дебаклот, вчера им го одзеде слободниот ден на фудбалерите. Тој ги натерал да истрчаат 13,8 километри, што не е случајно. Толку повеќе, колективно, истрчале играчите на Брентфорд во саботата.
Манчестер јунајтед по две кола од Премиер лигата е заглавен на самото дно на табелата без бодови и со гол разлика 1:6, па првите бодови ќе ги бара следниот понеделник на 22. август во големото дерби на „Олд Трафорд“ против Ливерпул.
Спорт
Чурлинов на лекарски прегледи во Барнли

Фудбалскиот клуб Барнли за денес ги закажа лекарските прегледи на кои треба да се појави Дарко Чурлинов. Репрезентативецот на Македонија најдоцна до среда треба да го комплетира трансферот од Штутгарт во Барнли.
На трансферот на Чурлинов инсистирал тренерот на англискиот клуб, легендарниот Белгиец Венсан Компани.
Според германските медиуми, трансферот на Чурлинов ќе изнесува 5.000.000 евра (фиксни 3.500.000 и 1.500.000 низ бонуси). Репрезентативецот на Македонија со Барнли ќе потпише четири годишен договор.