Контакт

Спорт

ПСЖ ќе го казни Икарди за мамењето на сопругата и скандалот што го предизвика

Објавено пред

Мауро Икарди го очекува казна од неговиот клуб Пари Сен-Жермен иако засега тие јавно го поддржаа својот фудбалер по обвинувањата дека ја мамел својата сопруга Ванда Нара.

Нара, која исто така е агент на Икарди и го договараше неговиот трансфер од Интер во ПСЖ, го обвини сопругот јавно дека ја мамел со курва и дека уништил уште едно семејство. По ова, ПСЖ му дозволи на Икарди да ги земе слободни неделата и вторникот поради семејни причини и тој отпатува во Милано во обид да си ја спаси врската.

28-годишниот Аргентинец, според последните информации, добил прошка од својата сопруга и според „Марка“ и „Ле Паризиен“, и покрај поддршката на клубот, ќе следува и казна.

Ова нема да биде првпат ПСЖ да се меша во личните работи на своите фудбалери – тие го отпуштија шпанскиот фудбалер Хесе Родригез исто така по скандалот кога тој ја мамеше својата партнерка Аура Руиз.

Спорт

Атанасов го спречи Ристовски да дели шлаканици

Објавено пред

Стефан Ристовски тешко го поднесе поразот во дербито со Хајдук. Екипата од Сплит забележа победа на „Максимир“ во Загреб (2:0). По завршувањето на натпреварот се случи инцидент, кој не беше нотиран во завршниот извештај, а во кој учествуваше Стефан Ристовски.

Хрватските медиуми известија дека Ристовски се обидел да се пресмета со еден од резервните фудбалери на Хајдук, кој влегол на теренот по завршувањето на натпреварот. Ристовски се обидел да му удри шлаканица, а во тоа го спречил соиграчот од репрезентацијата, Јани Атанасов.

На крајот ситуацијата ја смирил уште еден македонски репрезентативец, Аријан Адеми.

По дербито Хајдук го скокна Динамо на табелата. Екипата од Сплит има 33 бода на третото место. Динамо со натпревар помалку на четвртата позиција има 31 бод. Во Хрватска води Ријека со 36 бода, Осјек има бод помалку.

Прикажи повеќе...

Спорт

Евертон му врачи отказ на спортскиот директор

Објавено пред

Фудбалскиот клуб Евертон му врачи отказ на спортскиот директор, Марсел Брандс. Во исто време од клубот соопштија дека менаџерот Рафа Бенитез ја има поддршката да продолжи со својата работа.

Евертон се без победа на последните осум натпревари во Премиер лигата. Во средата загубија од Ливерпул (1:4). Навивачите тогаш го пцуеја Брандс додека го напушташе стадионот.

Холанѓанецот Брандс стапи на функцијата во 2018 година. Во својот мандат потроши преку 300 милиони евра, но не успеа да го издигне Евертон од просечноста. Единствен плус во неговиот мандат е Доминик Калверт-Лувин, но ниту со неговиот голови, Евертон не успева да бележи добри резултати.

Евертон се наоѓа на 16.место во Премиер лигата, со 15 бодови, 12 од нив „карамелите“ освоија во првите пет кола.

Прикажи повеќе...

Спорт

Барса без Фати ќе гостува во Минхен

Објавено пред

Барселона в среда, со императив на победа, ќе гостува во Минхен во последното коло во Лигата на шампионите. Ова тешко гостување ќе го пропушти крилниот напаѓач Ансу Фати.

Лекарскиот тим не му даде дозвола на Фати да настапи против Баерн. Ансу Фати од лани има проблем со повредите, трипати го оперира десното колено, а откога се врати на терените оваа сезона, има проблем со бутниот мускул.

Барселона мора да победи во Минхен доколку не сака да зависи од Бенфика. Во пресрет на последното коло Барса има два бода повеќе од Бенфика. Математиката е јасна, Бенфика има подобар меѓусебен скор и со победа над Динамо Киев и евентуално реми на Барселона ќе се пласира во осмина-финалето. Тоа ќе се случи и доколку Бенфика победи, а Барселона доживее пораз.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски пред членството на партијата во општина Карпош ја презентираше својата изборна...

Македонија1 час

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Работиме со нашите европски партнери за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник државен секретар за...

Економија1 час

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Македонија1 час

Со САД негуваме продуктивен политички дијалог, оцени Пендаровски на средбата со Ескобар

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Габриел Ескобар, заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави. На средбата беа разменети мислења...

Европа2 часа

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза со Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот Оксфорд и...

Свет2 часа

(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција, во која загинаа 15...

Европа3 часа

Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските...

Европа4 часа

Невакцинираните во Италија нема да може да користат јавен превоз без ковид-потврда

Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу...

Свет15 часа

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Свет17 часа

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Свет17 часа

Фаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

“Првите „малку охрабрувачки знаци“ доаѓаат од Јужна Африка кога станува збор за сериозноста на инфекциите со омикрон” , изјавил советникот...

Европа19 часа

(Видео) Со водени топови и солзавец растерани демонстрантите во Брисел

Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел. Учесниците на маршот протестираа...

Македонија21 час

Заев прифати меѓународна истрага за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и Алмир Алиу

Постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои...

Македонија22 часа

(Видео) Алтернатива доби две министерства и министер без ресор, Гаши и Заев најавија стабилно мнозинство

Алтернатива доби три министерства во Владата на заедничка прес-конференција соопштија претседателот во заминување на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на...

Македонија23 часа

Десет починати и 276 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.720 тестирања,...

Регион1 ден

(Видео) Поројни врнежи од дожд во Хрватска, поплавени улици и патишта

Пороен дожд утрово врне на Јадранот локално и со пороен дожд и грмежи. Во текот на денот се очекуваат обилни...

Топ1 ден

Петмина повредени во судир на автомобил и трактор на патот Битола-Ресен

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“. Несреќата...

Свет1 ден

Научниците со нови сознанија: Омикронот можеби презел дел од генот на вирусот на настинката

Новиот сој на коронавирус, омикрон, можеби стекнал барем една од неговите мутации со собирање фрагмент од генетски материјал од друг...

Топ1 ден

МВР со апел: Граѓаните да не користат петарди, казните се од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се...

Свет1 ден

Си-Ен-Ен го отпушти најпознатиот водител Крис Куомо, брат на поранешниот гувернер на Њујорк

Американската медиумска куќа Си-Ен-Ен во саботата објави дека водителот Крис Куомо е отпуштен и дека одлуката веднаш стапува на сила....

Досие