Спорт
ПСЖ продаде над милион дресови на Меси!
„Меси-манијата“ не престанува. Пари Сен-Жермен успеал да продаде над милион дресови на аргентинскиот ас по слободниот трансфер на аргентинската ѕвезда, јавуваат шпанските медиуми.
Со ова, дефинитивно, паѓа рекордот на Јувентус, кој во 2018 година продаде 520.000 дреса на Кристијано Роналдо по спектакуларниот трансфер од Реал Мадрид.
Во првите 24 часа од пуштањето во промет се продале вкупно 832.000 дреса со вредност од над 100 милиони долари. Клубот заработува 10 отсто од продажбата, а остатокот оди кај „Најки“.
На веб-страницата на ПСЖ,дресот чини фантастични 158 евра, а во фан-шопот на „Паркот на принцовите“ цената е помала – 115 евра, иако ова е таканаречен стадиумски дрес. За дресот што навистина се носи на мечевите, ќе мора да се го изберете „дресот за меч“, кој чини 165 евра.
¡Messi supera el MILLÓN de camisetas vendidas en todo el mundo en apenas unas horas! ???? ¡Qué locura! https://t.co/F3xBB4DqKW pic.twitter.com/yRUSLhz30d
— Deportes Cuatro (@DeportesCuatro) August 13, 2021
Messi will be paid an annual salary of $41 million at PSG.
But in the first 24 hours of his arrival, the club has already sold 832,000 jerseys, bringing in ~$105 million in revenue.
The club keeps around 10%, so that’s $10.5 million in profit on the first day.
(Source: MARCA) pic.twitter.com/V3C4iPhXlM
— Joe Pompliano (@JoePompliano) August 12, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.