Спорт
ПСЖ се договори со Кристоф Галтие за тренерската позиција

Францускиот првак Пари Сен Жермен го договори Кристоф Галтие за нов тренер. Тој ќе добие двегодишен договор, со опција и за трета дополнителна сезона доколку двете страни бидат задоволни од соработката.
Галтие, сепак, нема да може да седне на клупата на „светците“ додека ПСЖ не го раскине договорот со Маурисио Покетино. Аргентинецот треба да добие 15 милиони евра отштета за предвремениот раскин на соработката.
Новиот спортски директор Луис Кампос во меѓувреме ги разгледува опциите за ангажман на неколку нови засилувања. ПСЖ го посакува дефанзивецот Милан Шкриниар од Интер, но бара засилувања и за средниот ред и за нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Халеп и Рибакина – втора полуфинална двојка на Вимблдон

Романската тенисерка Симона Халеп без загубен сет се пласира во полуфиналето на Вимблдон. Романката во четврт-финалето ја совлада американската тенисерка Аманда Анисимова со 6-2, 6-4.
Eлена Рибакина во четвртфиналната пресметка беше подобра од Австралијката Ајла Томљановиќ со 2-1 во сетови (6-4, 2-6, 6-3).
Првото полуфинале го сочинуваат Онс Жабер и Татјана Марија.
Спорт
Интер донесе засилување од Сардинија
Италијанскиот фудбалер Раул Беланова е нов играч на Интер, потврдија од клубот. Беланова пристигнува во Интер од Калјари на заем, со право на откуп на договорот.
Минатата сезона младиот италијански фудбалер одигра 31 натпревар за Калјари, постигна еден гол и забележа две асистенции.
Беланова пред Калјари играше за француски Бордо, Аталана и за Пескара.
Минатата среда Интер го потврди доаѓањето на Ромелу Лукаку на заем од Челси, а два дена подоцна го најави доаѓањето на Кристијан Аслани од Емполи.
Интер во овој преоден рок ги ангажира и Андреа Онана од Ајакс и Хенрих Мхитаријан од Рома.
Спорт
Легендата на Бетис го продолжи договорот

Најмалку уште една сезона, највозрасен играч во петте најсилни европски првенства ќе биде Шпанецот Хоакин Санчез. Легендата на Бетис на 21.јули ќе наполни 41 година. Она што беше најавено пред два дена попладнево доби потврда, Хоакин го продолжи договорот со Бетис до јуни 2023 година.
Бетис, на промоцијата се пошегува со ветеранот.
„Младиот Хоакин го обнови договорот со Бетис до 2023 година. Уште една година за легендата“, напишаа од клубот.
Хоакин е жива легенда на Бетис, клубот во кој ја започна својата кариера, пред да се пресели во Валенсија во 2006 година. Играше и во Малага и Фиорентина, а во 2015 година се врати дома на стадионот „Бенито Виламарин“.
За Бетис одигра вкупно 451 официјален натпревар, што е клупски рекорд. Минатата сезона тој го подигна трофејот во Купот на кралот, што го направи со Бетис пред 17 години. Тој минатата сезона играше 37 пати за клубот од Севиља и постигна два гола.
Оваа вест стигна само неколку часа по објавата дека и Златан Ибрахимовиќ ќе го продолжи договорот со Милан. Сепак, Ибрахимовиќ нема да стане најстариот играч во најсилните европски лиги бидејќи е три месеци помлад од Хоакин.
???? OFICIAL | El juvenil @joaquinarte renueva con el #RealBetis hasta 2023 ????????
¡Un año más de ????????????????????????????! ????????
➡ https://t.co/85N0mVw3cv pic.twitter.com/3dOFTQT5l2
— Real Betis Balompié ???????? (@RealBetis) July 6, 2022