Спорт
ПСЖ со нова понуда за Милан Шкриниар
Раководните луѓе на францускиот првак Пари Сен Жермен денеска ќе имаат состанок во Милано со претставниците на Интер, на кој се очекува да упатат нова и подобрена понуда за ангажман на Милан Шкриниар, пренесува „Газета дело спорт“. Претходно ова лето, двете страни беа во многу интензивни преговори, но „нероаѕурите“ одбија две понуди за дефанзивецот, по што разговорите заглавија.
Парижаните се подготвени да понудат 60 милиони евра и уште 5 милиони во вид на бонуси. Сепак, челниците на Интер речиси сигурно ќе ја одбијат и оваа понуда. Тие не беа подготвени да се разделат со Шкриниар за сума од 70 милиони евра на почетокот на летото, а на само две недели до крајот на преодниот рок, би разгледале само понуди меѓу 80 милиони и 90 милиони евра.
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, исто така, не сака да се раздели со еден од неговите најдобри дефанзивци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач
Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.
Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.
На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.
На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.
Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024
Спорт
Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните
Дисциплинскиот судија во Серија А експресно ги одреди казните за играчите кои синоќа беа исклучени на натпреварот помеѓу Милан и Интер во 33. коло од Серија А. Интер славеше со 2.1 и ја обезбеди титулата на пет кола до крајот на сезоната.
Капитенот на Милан, Давиде Калабрија, доби црвен картон во 97.минута, откако го удри без топка Давиде Фратези. Тој е суспендиран на два натпревари.
Во петтата минута од судиското надополнување дојде до тепачка помеѓу играчот на Милан, Тео Ернандез и играчот на Интер, Дензел Дамфрис, по што и двајцата добија црвени картони. Тие ќе пропуштат еден натпревар.
Дисциплинскиот судија им изрече и парични казни од по 10.000 евра.
Спорт
Покетино: Лукаку е играч на Челси
Ромелу Лукаку, во целост ја оживеа кариерата во Рома. Клубот има можност да го откупи неговиот договор, но прашање е дали има пари да вложи во трансферот на Белгиецот.
Лукаку не успеа да се наметне во Челси, самиот побара да замине, а неколку пати изјави дека нема намера да се враќа во Лондон. Минатата сезона ја мина во Интер, а оваа е во Рома.
За статусот на курпулентниот Белгиец проговори и тренерот на сините, Маурисио Покетино.
„Тој е играч на Челзи, па ќе обрнеме внимание на него. Ваков став во овој момент има клубот, но се уште немаме донесено никаква одлука“, изјави Покетино.
Лукаку оваа сезона постигна 18 гола на 41 натпревар за Рома во сите натпреварувања.