Спорт
ПСЖ со ново реми како шампион

Пари Сен-Жермен трет меч еднопруго по освојувањето на титулата, не успева да победи, откако Троа стигна до импресивен камбек за 2:2 реми на „Паркот на принцовите“.
ПСЖ имаа фуриозен старт, откако капитенот Маркињос ги донесе во водство по само шест минути игра, за во 25. минута да зголемат на 2:0 преку Нејмар со гол од пенал. Меѓутоа, Ајк Угбо во 30. минута намали на 2:1, пред во 49. минута Флоријан Тарду од пенал да израмни за Троа.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-4-37167”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Наташа Андонова уште две години во дресот на Леванте

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, ќе биде членка на шпанскиот прволигаш Леванте и во наредните две сезони. Таа денеска потпиша нов двегодишен договор со клубот.
Андонова е фудбалерка на Леванте од 2019 година каде пристигна од редовите на Барселона.
Пред да се пресели во Шпанија, Наташа Андонова настапуваше за ПСЖ, Розенгард и за Турбине Потсдам. Кариерата во Македонија ја почна во Тиквешанка, а потоа настапуваше и за Борец Велес.
View this post on Instagram
Спорт
РК Вардар го прегази Тиквеш и го потврди 15. шампионски пехар (ФОТО)

Македонскиот ракометен првак Вардар ја освои двојната круна оваа сезона, откако денеска со триумфот против Тиквеш (37:25) го потврди и шампионскиот пехар во првенството. „Црвено-црните“ претходно успеаја да слават на гости против Еурофарм Пелистер и во последните три кола од Суперлигата рутински го потврдија освојувањето на 15. трофеј.
Вардар и Пелистер завршуваат со идентичен број бодови, но „црвено-црните“ имаат подобар меѓусебен биланс во дуелите.
Тимот на Давид Дејвис денеска немаше проблеми против Тиквеш, се беше познато уште по првото полувреме кога вардарци обезбедија предност од 18:10.
Најефикасни на мечот беа Тимур Дибиров и Филип Талески со по десет гола.
Фото: Игор Паневски
Спорт
РК Вардар им се заблагодари на браќата Њокас, Тото, Валчак…(ФОТО)

Пред почетокот на натпреварот Вардар – Тиквеш, шестмина ракометари на „црвено-црните“ добија подароци кои ќе им останат во сеќавање за настапот во редовите на македонскиот првак.
На Оливие и Кевин Њокас, Патрик Валчак, Стефан Додиќ, Џереми Тото и на Диало Бакари, раководството на Вардар им посака многу успеси во натамошната кариера.
Вардар со денешниот триумф против Тиквеш и официјално ќе ја прослави новата шампионска титула, а на полувреме води со 18:10.