Спорт
ПСЖ во петок ја добива титулата од Лигата на шампиони по исфрлањето на Челси, Сити и Реал?
Претседателот на Данската Фудбалска федерација и член на извршниот комитет на УЕФА, Јеспер Мелер очекува Челси, Манчестер сити и Реал Мадрид да бидат исфрлени пред полуфиналето на Лигата на шампионите, што практично би значело дека Пари Сен-Жермен на „маса“ ќе го оствари долгогодишниот сон за европска титула.
„Клубовите ќе излетаат и очекувам тоа да се случи во петок и потоа ќе треба да видиме како да ја завршиме Лигата на шампионите. Мора да имаме итен состанок на извршниот комитет во петок. Мислам дека сите 12 клубови ќе бидат исфрлени од Европа“, вели Мелер.
Тој исто така додава дека УЕФА најверојатно ќе дозволи фудбалерите од овие 12 клуба да изберат дали ќе останат или ќе ги прекратат своите договори.
„Мислам дека нивните договори автоматски се поништуваат ако клубовите не играат во натпреварувањата на УЕФА. Тогаш тие ќе бидат слободни и ќе изберат да играат за клуб кој е дел од солидарноста и фудбалската пирамида“, додава Мелер.
Real Madrid, Man City and Chelsea are likely to be banned from the UCL semifinals, according to UEFA executive committee member Jesper Moller. pic.twitter.com/k7byF1bfSu
— ESPN FC (@ESPNFC) April 19, 2021
Super League participants Manchester City, Chelsea and Real Madrid could be kicked out of this season's Champions League on Friday, according to Danish FA chairman Jesper Moller.
PSG be like… ? pic.twitter.com/VYDVj7yhkF
— Goal (@goal) April 19, 2021
Jesper Moller, miembro del Comité Ejecutivo de la UEFA, aseguró que es muy probable que los 3 equipos vigentes en semifinales y que están como fundadores en la SuperLiga Europea, deban abandonar la actual Champions League. PSG sería campeón automáticamente. pic.twitter.com/YMszLrissC
— EcuSport (@EcuSportWeb) April 19, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа се враќа до крајот на сезоната
Tренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека голманот Тибо Куртоа треба да се врати во тренажен процес за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.
На 20 март Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено. Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.
„Куртоа добро закрепнува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.
Спорт
Евролигата нема да го толерира однесувањето на Атаман
Кошаркарската Евролигата се огласи по бурната реакција и изјава на Ергин Атаман по поразот на Панатинаикос од Макаби, во Атина на стартот од четвртфиналната серија.
Во соопштението на веб-страницата на елитното натпреварување, се нагласува дека е недозволиво Атаман да ги етикетира судиите, дека таков приситсок нема да биде толериран и дека е покрената дисциплинска постапка против тренерот на Панатинаикос.
За потсетување, Атаман веднаш по натпреварот потенцираше дека судиите му доделиле шест поени на Балдивин, бидејќи досудиле два непостоечки, смешни фаули при шут за три поени, но во исто време нагласи дека ПАО продолжува понатаму, до завршниот турнир во Берлин.
Атаман на прес-конференцијата отиде чекор понатаму, велејќи дека ќе го напушти Панатинаикос доколку не избори пласман на завршниот турнир.
Макаби води во четвртфиналната серија со 1-0, вториот меч се игра вечерва повторно во Атина, а потоа следуваат два натпревари во Белград – 30 април и 2 мај, а евентуалната мајсторка ќе се игра на 8 мај во Атина.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.