Контакт

Спорт

Путин го посети Хабиб во Дагестан и му честита за победата (видео)

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, лично му честиташе на Хабиб Нурмагомедов за одбраната на титулата во лесна категорија на УФЦ 242 со победата над Американецот Дастин Поаире во Абу Даби минатиот викенд.

Путин, кој е во посета на руската република Дагестан, се сретна со Хабиб и со неговиот татко и тренер во Махачкала и му честита за импресивната техника.

„Сакам да ви честитам. Се работеше за одлична борба против силен и упорен ривал“, изјави Путин.

„Да, противникот беше силен и за почит. Овој пат се борев со личност што ме почитуваше“, му одговори Нурмагомедов по минатогодишниот дуел со Конор Мекгрегор, кој заврши со убедлива победа, но и со општа тепачка во Лас Вегас.

„Па, зависи од личноста. Но, професионалните спортисти треба да се такви. Го гледав мечот, го победи на коректен начин, без да го закачиш неговото грло, но го држеше на двете страни на вратот како што треба. Беше фер“, додаде Путин.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

„Газета“ се прашува: Како Јуве може да си дозволи 125 милиони евра за Влаховиќ?

Објавено пред

Душан Влаховиќ во следните 48 часа ќе стане фудбалер на Јувентус, по што италијанскиот спортски весник „Ла газета дело спорт“ го поставува најинтересното прашање – како италијанскиот шампион може да си приушти да даде 125 милиони евра за српскито напаѓач.

Повеќе италијански извори посочија дека договорот е вреден 67 милиони евра плус лесни бонуси кои ја креваат цената на 75 милиони евра, иста сума која беа подготвени да ја дадат и Арсенал, Њукасл, Тотенхем и Атлетико Мадрид.

Според „Газета“, заедно со платата и со сите трошоци, Влаховиќ ќе ги чини Јувентус фантастични 125 милиони евра, што е зачудувачка сума за клуб кој имаше дефицит од 210 милиони евра во сезоната 2020/21.

Нивното објаснување е дека за Јувентус ова е „неопходна инвестиција“ за да се избегне поголема загуба, како неуспехот да влезат во Лигата на шампионите, која носи 80 милиони евра од сезона. Покрај тоа, договорот може да е сличен на тој кој го склучија со Фиорентина за Федерико Киеза и со Сасуоло за Мануел Локатели со „ширење“ на трошоците на повеќе години и рати. Зголемувањето на капиталот од 400 милиони евра усвоен неодамна, ќе помогне да се исплатат долговите и ќе се обезбеди 80-тина милиони евра за трансфери.

Сепак, „Газета“ тврди дека ќе мора да се штеди на други места – ќе се понудат пониски плати на фудбалерите со кои се преговара аз нови договори, а најголема „жртва“ може да биде Пауло Дибала, кој неодамна призна дека неговите преговори со клубот се одложени за февруари, по крајот на преодниот рок.

Влаховиќ е пред трансфер во Јувентус – Во 2020 одлучил да го облече дресот на великанот од Торино

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Лингард и Рашфорд на забава со контроверзниот рапер Вајли

Објавено пред

Ѕвездите на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд и Џеси Лингард, се најдоа на критика на британската јавност кога се појавија фотографии на кои се на забава со контроверзниот рапер Вајли во Дубаи во неделата.

Забелешките немаат фудбалска заднина – раперот во последно време беше обвинет за антисемитистички испади откога на „Твитер“ уште во јули 2020 објави дека Евреите се кукавици и змии.

„Не поддржувам дискриминација или однесување против еврејската заедница. Верувам дека е важно да се бориме против антисемитизмот во фудбалот и надвор од него“, напиша Рашфорд на „Твитер“, иако не се извини.

Прикажи повеќе...

Спорт

Шпанците се намачија со Полска, но влегоа во полуфинале

Објавено пред

Шпанија е третиот полуфиналист на Европското првенство во ракомет во Унгарија и Словачка откако се намачи да стигне до 28:27 (14:13) победа над Полска за да си го осигури местото во борбата за медалите.

Од групата 1, Данска и Франција веќе се во полуфиналето, а во групата 2, покрај Шпанија, во борбата за медали ќе се вклучи подобриот од нордискиот дуел меѓу Норвешка и Шведска, кој се игра во 20.30 часот.

Шпанија е првата репрезентација што ќе игра шест последователни полуфиналиња на Европските првенства, но победата над Полска сигурно не беше убедлива откако Родриго Коралес мораше да ја брани победата со фантастична двојна одбрана во последната минута. Феран Соле и Агустин Касадо имаа по четири гола за Шпанија, а кај Полјаците, Аркадијуш Морито со 6 гола беше најефикасен.

ЕВРО 2022, ГРУПА 2, 3. КОЛО

Шпанија – Полска 28:27 (14:13)

Русија – Германија 18 ч

Шведска – Норвешка 20.30 ч

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-4106-36556”));

Standings provided by SofaScore LiveScore
Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Рекордни бројки: 2.341 новозаразен од коронавирус, починале 26

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет2 часа

(Видео) Насилни протести во Киев – демонстранти се обидоа да влезат во парламентот

По протестот во Киев, избувна тепачка меѓу насобраните и полицијата. Неофицијално, има и загинати. Претприемачите, кои бараа даночни олеснувања, се...

Македонија3 часа

Ковачевски – Радев: Преку дијалог да дојдеме до решенија што ги почитуваат европските вредности и достоинството на двата народи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, придружуван од Артан Груби – прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички...

Европа4 часа

Oд 1 февруари нови правила за патување во рамки на ЕУ

Советот на ЕУ усвои ревидирана препорака за мерките кои влијаат на слободното движење за време на пандемијата Ковид-19, според која...

Македонија6 часа

Кривични за градоначалникот Пецаков и секретарот Китески, место да се изолираат отишле на прославата на Водици

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој по тестирањето за Ковид-19 не се...

Македонија6 часа

(Видео) Ковачевски и Петков задоволни од меѓувладината седница и плановите на петте работни групи

Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков на прес-конференцијата од крајот на заедничката седница на Владите на Северна Македонија и Бугарија...

Македонија7 часа

Почина маестро Александар Џамбазов

Денеска во Скопје на 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов, објави Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). „Сојузот...

Македонија7 часа

Милошоски: Османи во Собранието да ги презентира македонските одговори на бугарските барања

Со писмо упатено до министерот за надворешни работи бараме да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да...

Македонија8 часа

Рашковски тврди дека го местат и побара Наќе Чулев да сведочи за софтверот

Ексгенералниот секретар Драги Рашковски тврди дека обвинителката Ивана Трајчева на компјутерски програм си пишувала пораки што ги прикажала како негова...

Македонија10 часа

(Видео) Ковачевски – Петков: Напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во...

Македонија10 часа

Минатата недела регистрирани 11.610 нови случаи на Ковид-19

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела...

Македонија11 час

Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната...

Свет11 час

Украинскиот министер призна: Немаме информации дека Русија подготвува офанзива

Вооружените сили на Русија досега не формирале ниту една ударна група, што би укажало дека се подготвува напад на Украина,...

Свет11 час

Џозеф Бајден фатен како пцуе новинар на Фокс откако го праша за инфлација

Американскиот претседател Џо Бајден беше фатен во понеделникот како пцуе новинар на „Фокс њуз“ на настан во Белата куќа, откако...

Свет21 час

Контингент од 8.500 војници во САД е во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во...

Свет23 часа

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот...

Македонија1 ден

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Европа1 ден

Кличко: Политиката на Германија кон Украина е предавство на пријател во тешка ситуација

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс, ја обвини германската влада за предавство на пријател затоа што...

Македонија1 ден

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју...

Досие