Спорт
Рафа и Новак потврдени за Синсинати опен

Светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ, и актуелниот шампион од САД опен, Рафаел Надал, се потврдени како учесници на Синсинати опен во подготовките за американскиот гренд слем, што претставува одлична вест за организаторите.
Се веруваше дека учеството на Ѓоковиќ и Надал на САД опен е неизвесно бидејќи Ѓоковиќ закрепнуваше од коронавирусот, а се веруваше дека Надал ќе се чува за „Ролан Гарос“, веднаш по гренд слемот во Њујорк.
Синсинати опен нема да се игра во Синсинати, туку на терените на Флешинг Медоуз за да се ограничи патувањето на тенисерите. Надал е потврдени и за Мадрид опен, веднаш по завршувањето на САД опен.
Машкиот турнир почнува на 22 август, а потврдени се и актуелните шампиони од лани – Данил Медведев и Медисон Киз, како и првата фаворитка, Серена Вилијамс. На АТП-мастерс 1000 турнирот ќе учествуваат и Григор Димитров и Марин Чилиќ, а на женскиот турнир се потврдени и Гарбиње Мугуруза, Софија Кенин, Петра Квитова и Светлана Кузнецова.
🚨 BREAKING 🚨
The entry list for @CincyTennis has been revealed! pic.twitter.com/ObogTTIBEa
— ATP Tour (@atptour) July 29, 2020
The @CincyTennis player field has been announced. 🙌 pic.twitter.com/LpMOQ68gXk
— US Open Tennis (@usopen) July 29, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Червар збесна, го удри Јагањац

Хрватска оди според планот на СП во ракомет. Хрватите со победата над Бахреин 28:18 се на чекор до четврт-финалето. Хрватите полека ја креваат формата, по сензационалното реми со Јапонија во првото коло.
Лино Червар, често е присутен во медиумите, поради своите драматични изјави и „бисерите“ што ги има на тај-аутите на хрватската репрезентација.
Червар не е премногу задоволен од досегашните настапи на своите ракометари, некогаш од силниот бес го губи разумот, а против Бахреин крена рака на еден од најмладите во тимот, Халил Јагањац.
Спорт
Одбрани два пенали, на подарок доби дрес од Тер Штеген

Младиот голман на фудбалскиот клуб Корнеља, синоќа, ги збудале ѕвездите на Барселона, во натпреварот што го одиграа двата тима во Купот на Шпанија. Барселола со многу мака успеа да се пласира во осмина-финалето. По продолженијата, Барселона победи со 2:0.
Натпреварот во регуларниот дел заврши без голови. Најзаслужен за тоа е 21-годишниот Рамирез, кој ги одбрани пеналите на Пјаниќ во 45. и Дембеле во 83.минута. Покрај тоа, Рамиерз одбрани уште неколку тешки топки.
Голманот на Корнеља капитулираше дури во третата минута од првото продолжение, а потоа и на истекот на мечот, во 120.минута.
По завршувањето на натпреварот добил честитки од Марк-Андре тер Штеген. Еден од најдобрите голмани во светот, му го подарил својот дрес на Рамирез.
„Тргнавме кон соблекувалните, ми пријде Тер Штеген. Ми пружи рака, ми честиташе, а потоа ми го подари дресот. Чувството е неверојатно. Момент на кој долго ќе се сеќавам“, рекол играчот на мечот.
Game recognize game. pic.twitter.com/zV7uQ3vbaq
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 21, 2021
Спорт
Барса ја избегна срамната елиминација од третолигаш во Кралскиот куп

Барселона избегна да и се случи слична судбина како на Реал Мадрид во Кралскиот куп, откако по два утнати пенали во регуларните 90 минути, стигна до 2:0 победа над третолигашот Корнелја со голот на Усман Дембеле.
Во 39. минута, обидот на Миралем Пјаниќ од пенал заврши во рацете на 21-годишниот голман на малиот каталонски клуб Рамон Хуан Рамирез, за потоа во 79. минута, по едно крајно соминтелно досуден пенал, Дембеле да има комично лоша изведба и да примора мечот да се реши во продолженија.
Дембеле, на крајот, беше човек на одлука, кога во 92. минута постигна одличен гол од огромна далечина, пред Мартин Брејтвајт во 121. минута да ги постави конечните 0:2.
ript>
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот