Спорт
Рафаела Пимента, вистинската наследничка на фудбалска империја на Мино Рајола
Мино Рајола, прославениот менаџер, во текот на својот живот имаше малку луѓе на кои навистина им веруваше, од кои бразилската адвокатка и поранешна фудбалерка, Рафаела Пимента стана неговиот неформален наследник, и жената која го организираше враќањето на Пол Погба во Јувентус.
Рајола, кој почина оваа на 30 април, на 54 години, својата работа ја започна во семејните ресторани во Холандија, каде што еден од гостите му беше Андре ван Ерден, претседателот на второлигашот Харлем, со кого склопија такво пријателство, што младиот Мино беше ангажиран да биде нов спортски директор. Така почна неговото невообичаено влегување во фудбалот, во кое неговите славни клиенти, од Златан Ибрахимовиќ до Ерлинг Халанд му станаа како блиски членови на семејството.
Една од неговите соработници, покрај неговиот братучед Винченцо Рајола, кој работеше како скаут, повеќе од 18 години беше Рафаел Пимента, која докажува дека неговата компанија „Оне“, секако не беше шоу на само еден човек. Таа прво успеа да го оствари трансферот на Ерлинг Халанд во Манчестер сити, по што ги „пресели“ Нусаир Мазрауи и Рајан Гравенбах од Ајакс во Баерн Минхен, а сега според италијанските медиуми веќе ја завршила работата со враќањето на Погба во Јувентус.
Откако студираше на Универзитетот во Сао Пауло, Пимента работеше како советник на поранешниот бразилски претседател Фернандо Енрике Кардосо. Како страствена фудбалерка, во 1998 година, Ривалдо и Цезар Сампајо формираа клуб Гваратингета, чиј гостин беше Мино Рајола. Тогаш започна нивната соработка, додека Рајола беше јавното лице, со неговите чести контроверзни и бомбастични изјави, Пимента работеше на трансферите. Сега таа е во главна улога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.
Спорт
Реал го обнови интересот за Де Хеа
Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа повторно е во плановите на Реал Мадрид. Искусниот 33-годишен голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, повторно се поврзува со Реал, кој сака да го донесе во своите редови, пишува „Релево“.
Де Хеа требаше да дојде во Реал минатото лето, по повредата на Тибо Куртоа, но на крајот клубот на општо изненадување реши да го позајми Кепа Аризабалега од Челзи.
Сепак, тој не успеа да ги импресионира клупските челници, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челси, а се очекува да си замине и Андриј Лунин, кој сезонава брани во врвна форма.
Луни бара нов клуб каде што ќе биде прва опција, бидејќи не сака да му биде резерва на Куртоа. Прашање е дали Де Хеа ќе се согласи да биде резервен голман.