Спорт
Рајо испушти победа против Џирона

Фудбалерите на Рајо Ваљекано и Џирона одиграа 2:2 во 26.коло, во Примера. Мечот го обележа обидот за егзибицијата на Трехо и Иси Палазон кога Рајо не реализираше пенал. Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски имаше една спектакуларна одбрана во второто полувреме.
Рајо водеше двапати, ноXЖирона двапати се враќаше во мечот и на крајот освои бод.
Рајо Ваљекано поведе во 23. минута спектакуларниот гол на Паласон, но во 29. минута Циганков израмни на 1:1.
Трехо во 34. минута погоди за 2:1, а истиот играч во 41. минута пропушти голема шанса за 3:1, но го промаши пенал. ВАР го повторни пеналот, а тогаш Трехо и Иси непотребно експериментираа, Трехо одигра за иси кој шутираше над голот.
El penalti de la temporada en Vallecas.
👋 Trejo & Isi Palazón#RayoGirona pic.twitter.com/h7BSTAckzQ
— Jorge Gómez (@JorgeGmezprofe) March 18, 2023
Во вториот дел Џирона успеа да дојде до ново израмнување, Циганков во 52. минута ги постигна конечните 2:2.
Рајо Ваљекано сега е осми на табелата со 36 бодови, а Џирона е 11. со 31 поен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ГОГ ја доби данската битка, за во првото четврт-финале да налетаат на Барса!

Во бурно осминафинале, ГОГ го совлада Алборг со 32:24, надминувајќи ја негативата од два гола (28:30) од првиот меч за пласман во четврт-финалето на Лигата на шампиони на ЕХФ.
Во своето прво четврт-финале во историјата за клубот од малиот дански град Гудме, со 1.000 жители, ќе играат со европскиот гигант и актуелен шампион Барселона.
ГОГ не го испуштија водството во текот на целиот меч, правејќи +4 на полувреме 15:11, а бидејќи им беше потребен триумф од само три гола разлика за пласман, не им дозволија на ривалите да се вратат во бурното второ полувреме. Симон Питлик беше убедливо најдобриот играч на ГОГ со 8 гола, додека Вернсдорф додаде 7.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ
Веспрем – Пик Сегед 38:33 (17:16), прв меч 36:23, вкупно 74:55
ГОГ – Алборг 32:24 (15:11), прв меч 28:30, вкупно 60:54
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/4 ФИНАЛЕ
Кјелце – Веспрем
Магдебург – Висла Плоцк
Барселона – ГОГ
Пари Сен-Жермен – Кил
Спорт
Медведев го стопираше Јубанкс за полуфинале во Мајами

Данил Медведев се пласираше во петто последователно полуфинале на АТП турнејата, откако ја стопираше фантастичната серија на Американецот Кристофер Јубанкс со 6:3/7:5 победа на Мајами опен. Следен противник на Русинот ќе биде или неговиот сонароник Карен Хачанов или Франциско Керундоло.
Медведев, кој е четврт носител во Мајами, има 22 победи во последните 23 меч, серија во која освои титули во Ротердам, Доха и Дубаи пред да загуби во финалето во Индијан Велс од Карлос Алкараз. 26-годишниот Американец Јубанкс, пак, е релативно анонимен тенисер кој успеа да влезе до четврт-финалето откако играше квалификции, а потоа ги елиминираше и Денис Кудла, Борна Чориќ, Грегоар Барер и Адријан Манарино.
Русинот доминираше во мечот, со 9 аса и 27 директни победнички топки во меч кој траеше 1 час и 29 минути.
Спорт
Веспрем го запечати местото во четврт-финалето

Веспрем беше подобар и во втората пресметка со својот унгарски ривал Пик Сегед стигнувајќи до убедлива 38:33 победа, за да се пласираат во четврт-финалето на Лигата на шампиони на ЕХФ. Следен противник за Сегед во битката за Фајнал фор ќе биде полскиот Кјелце.
Патникот во четврт-финалето беше познат и пред стартот на мечот, откако во првиот дуел на Сегед и Веспрем, попознатиот унгарски тим имаше победа од 13 гола разлика (36:23).
Сегед беа израмнет противник само во првите десетина минути игра, по што Веспрем дојде во водство од 6:5 и потоа не го испушти до крајот на мечот. Расмус Лауге постигна 9 гола за Веспрем, Гашпер Маргуч додаде 7 гола, додека на Сегед не им помогнаа 10-те гола на Иманол Гарсиандија.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ
Веспрем – Пик Сегед 38:33 (17:16), прв меч 36:23, вкупно
ГОГ – Алборг 20.45 ч., прв меч 28:30
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/4 ФИНАЛЕ
Кјелце – Веспрем
Магдебург – Висла Плоцк
Барселона – Алборг/ГОГ
Пари Сен-Жермен – Кил