Контакт

Спорт

Ракометарите со тешка и тесна победа над Турција!

Објавено пред

Иако никој не очекуваше дека ќе се работи за лесен меч, македонската ракометна репрезентација се намачи пред да стигне до 26:25 (11:13) победа над Турција во квалификациски меч за Европското првенство во 2020 година, откако Никола Митревски со одбрана во последната секунда во мечот го спаси триумфот и осигура по петти пат Македонија да се пласира на континенталниот шампионат.

Нашата репрезентација имаше  добар старт на мечот за да стигне до максимална предност од четири гола (3:7 и 4:8), меѓутоа, Турците успеаја да направат пресврт и да дојдат до 13:11 водство во првите 30 минути. Предноста на домашен терен во Ексишехир го направи своето и Турците водеа во првата половина на второто полувреме, пред на крајот сепак, нашиот квалитет да го направи своето и предводени од Талески да стигнеме и до два гола предност пред драматичниот финиш на мечот.

Со оваа победа, Македонија останува на првото место во групата 3, со 3 победи, едно реми и еден пораз, пред домашниот меч со Грција, каде што треба сигурно да се одмаздиме за незгодниот пораз на гостувањето во Кожани и да ги комплетираме квалификациите за подобри шанси на ждрепката за континенталниот шампионат.

ЕВРО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ

Турција – Македонија 25:26 (13:11)

Грција – Исланд

Табела: 1.Македонија 7, 2.Исланд 5, 3.Турција 4, 4.Грција 2

Фото: РФМ

Спорт

Сетиен: Меси заминува? Не ми кажал

Објавено пред

Тренерот на Барселона Кике Сетиен рекол дека од Лионел Меси не слушнал дека планира да ја напушти Каталонија и дека не е загрижен за својата иднина на „Ноу Камп“.

Вчера претпладне во фудбалскиот свет одекна веста која ја објави радиото „Кадена сер“ дека Меси ги прекинал преговорите со клубот околу новиот договор и дека наредното лето ќе ја напушти Барселона. Медиумите веднаш започнаа да шпекулираат дека ој ќе се пресели во Манчестер сити кај својот поранешен тренер Пеп Гвардиола.

„Не сакам да ги коментирам тие шпекулации. Во врска со тоа од Лео ништо не ми кажал. Тренира добро, разговараме за работите кој се поврзани со играта, ништо повеќе од тоа. Совршено разбира што мора да направи во секој момент од натпреварот, годините ништо не му можат“, рекол Сетиен.

Барселона на последните четири натпревар три пати одигра нерешено поради што водечката позиција на табелата му ја препушти на Реал. Клубот од Мадрид на шест кола до крајот има четири бода повеќе од Барселона.

Доколку не успеа да ја освои титулата Сетиен веројатно ќе мора да бара друго работно место.

„Воопшто не размислувам за мојата судбина. Се фокусирам на тимот, сакам да дојдеме до вистинското ниво. Со шпекулации за отказ сум се среќавал и во минатото, против такви муабети не можам ништо да направам. Свесен сум за бучавата која се прави, но јас сум фокусиран на работата“, рекол 61 годишниот тренер.

Барселона утре од 22 часот ќе гостува кај Вилјареал.

Прикажи повеќе...

Спорт

Француското обвинителство ќе бара затворска казна за Бензема

Објавено пред

Поради скандалот од пред пет години со поранешниот соиграч од репрезентацијата Метју Валбуена, напаѓачот на Реал Карим бензема би можел да заврши во затвор. Француското обвинителство кривично го гони Бензема бидејќи бил соочуесник во кривичното дело уцена.

Карим Бензема во 2015 година беше приведен од француската полиција бидејќи во име на други лица го уценувал соиграчот од репрезентацијата Валбуена. Во име на негови пријатели Бензема од Валбуена побарал од 50.000 до 100.000 евра за да не биде објавена снимката на која Валбуена има интимен однос со една девојка.

Покрај Бензема беше приведен и Џибрил Сисе исто така под обвинение за уцена.

Бензема тогаш признал дека го уценувал соиграчот од репрезентацијата но дека тоа го направил под присила.

Поради овој скандал селекторот на Франција Дидие Дешам го избриша Бензема од националниот состав, иако тој без дилема е најдобриот француски напаѓач.

Прикажи повеќе...

Спорт

Милик постигнал договор со Јувентус

Објавено пред

Напаѓачот на Наполи Аркадиуш Милик бил блиску до трансфер во Јувентус. Полскиот репрезентативец се договорил со Јувентус, а како што објавија медиумите во Италија за да биде реализиран трансферот договор треба да постигнат и клубовите.

Наполи за напаѓачот чии договор истекува наредното лето бара 40 милиони евра, додека Јувентус понудиле 25 милиони евра и еден фудбалер (Лука Пелегрини), а ја одбиле можноста во трансферот да биде вклучен Федерико Бернардески.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион2 часа

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија3 часа

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа3 часа

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт4 часа

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион4 часа

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет6 часа

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет7 часа

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет7 часа

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет8 часа

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион18 часа

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет19 часа

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет20 часа

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ24 часа

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија1 ден

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа1 ден

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија1 ден

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ1 ден

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија1 ден

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Досие