Спорт
Рамос го одбил Реал со зборовите: ПСЖ ќе градат супер-тим, со мене и со Меси!
Серхио Рамос го одбил понудениот договор со Реал Мадрид тврдејќи дека Пари Сен-Жермен ќе му дадат пакет да го донесат капитенот на „Паркот на принцовите“ заедно со капитенот на Барселона, Лионел Меси, тврди шпанската ТВ-програма „Ел Ларгуеро“.
Договорот на Рамос завршува на лето, што значи дека тој може да почне да преговара со потенцијални тимови веќе овој месец. Мадрид претходно се договорија со ветеранот Лука Модриќ за уште една сезона, и се веруваше дека му понудиле исто и на Рамос (кој сакал двегодишен договор), но сега излегуваат детали од разговор на Рамос со претседателот Флорентино Перез, кои кажуваат поинаква приказна.
„Не го прифаќам предлогот кој го дадовте и отсега ќе слушам понуди. Од ПСЖ ми кажаа дека ќе формираат силен тим со мене и со Меси“, била наводно изјавата на Перез.
Дали се работи за чиста шпекулација, или за стратегија на ветеранот да добие подобри услови од „кралевите“. Се верува дека понудата за Рамос, исто како таа за Модриќ, доаѓа со намалена плата поради финансискиот удар кој клубот го доживеа поради пандемијата на КОВИД-19.
Од друга страна, каков тим на ПСЖ би бил тоа со Нејмар, Мбапе, Меси и Рамос, заедно со Почетино на клупата, можеме само да замислуваме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа се враќа до крајот на сезоната
Tренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека голманот Тибо Куртоа треба да се врати во тренажен процес за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.
На 20 март Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено. Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.
„Куртоа добро закрепнува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.
Спорт
Евролигата нема да го толерира однесувањето на Атаман
Кошаркарската Евролигата се огласи по бурната реакција и изјава на Ергин Атаман по поразот на Панатинаикос од Макаби, во Атина на стартот од четвртфиналната серија.
Во соопштението на веб-страницата на елитното натпреварување, се нагласува дека е недозволиво Атаман да ги етикетира судиите, дека таков приситсок нема да биде толериран и дека е покрената дисциплинска постапка против тренерот на Панатинаикос.
За потсетување, Атаман веднаш по натпреварот потенцираше дека судиите му доделиле шест поени на Балдивин, бидејќи досудиле два непостоечки, смешни фаули при шут за три поени, но во исто време нагласи дека ПАО продолжува понатаму, до завршниот турнир во Берлин.
Атаман на прес-конференцијата отиде чекор понатаму, велејќи дека ќе го напушти Панатинаикос доколку не избори пласман на завршниот турнир.
Макаби води во четвртфиналната серија со 1-0, вториот меч се игра вечерва повторно во Атина, а потоа следуваат два натпревари во Белград – 30 април и 2 мај, а евентуалната мајсторка ќе се игра на 8 мај во Атина.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.