Спорт
Рашфорд е пред трансфер во Барселона

Според шпанските медиуми, Маркус Рашфорд наскоро би можел да стане нов играч на Барселона.
Се работи за шестмесечна позајмица, додека останатите детали од договорот се уште не се познати, вклучително и дали Барселона ќе мора да го купи Англичанецот.
Единствена пречка е буџетот на Каталонците, бидејќи тие ќе треба да направат простор за да можат да земат 50 отсто од платата на Рашфорд, која изнесува девет милиони евра.
Англичанецот е свесен дека е во втор план под водство на португалскиот тренер Рубен Аморим, поради што сака да го смени клубот, иако од англиските медиуми пристигнуваат информации дека не сака да оди никаде.
Рашфорд оваа сезона одигра 24 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна седум гола и забележа три асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Боависта во еден ден донесе девет нови играчи

Португалскиот клуб Боависта синоќа направи необичен потег и истовремено ангажираше девет нови играчи.
Најпознато име меѓу нив е Лавин Курзава, поранешен играч на Пари Сен Жермен и Монако и човек кој 14 пати го носеше дресот на француската репрезентација.
Покрај него, клубот од Порто објави дека нови играчи се: голманот Томаш Вацлик, Марко ван Гинкел, Муса Коне, Осман Какај, Витали Листов, Сидоин Фонинг, Стивен Виторија и Гбоје Ариџиби.
По 21 одиграно коло во португалскиот шампионат, Боависта се наоѓа на последното место на табелата со 12 бодови, шест помалку од безбедната зона.
Спорт
Затворски казни за уценувачите на семејството Шумахер
Судот во Вупертал, Германија, осуди тројца мажи на затворски казни поради обид за уцена на семејството на легендарниот седумкратен светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер.
Дојче веле пренесува дека 53-годишниот Јилмаз Т. добил тригодишна затворска казна поради закана дека ќе ги објави приватните податоци на славниот Германец и неговото семејство на „dark web“ доколку семејството на Шумахер не им плати на уценувачите 15 милиони евра, додека неговиот 30-годишен син Даниел Л. ќе помине шест месеци зад решетки поради соучесништво.
Ова вклучува 900 фотографии, 583 видеа и сите податоци за здравствената состојба на Шумахер.
Поранешниот член на обезбедувањето на семејството Шумахер, Маркус Ф., е осуден на две години затвор затоа што продавал фотографии на уценувачи за наводна петцифрена сума пари.
Таткото, кој работел како обезбедување во ноќен клуб во Констанц, германски град на границата со Швајцарија, изразил каење по почетокот на судењето.
Познато е дека 56-годишниот Шумахер се здобил со сериозна повреда на мозокот по пад на скијање на француските Алпи во 2013 година.
Неговата здравствена состојба оттогаш не и е позната на пошироката јавност, бидејќи членовите на неговото семејство вешто кријат информацијата од медиумите, иако се шпекулираше дека се појавил на свадбата на неговата ќерка.
Спорт
(Видео) Арне Слот доби црвен за „пресилно ракување“

Спектакуларен крај, синоќа имаше последното градско дерби на кулниот англиски стадион „Гудисон парк“. Евертон со голот на капитенот Тарковски во 98.минута успеа да освои бод против лидерот Ливерпул.
Откако судијата Мајкл Оливер означи крај на натпреварот се случи инцидент меѓу Џонс и Дукуре.
Играчот на Евертон бодот го славеше пред трибината на која беа навивачите на Ливерпул што не му се допадна на Џонс. Соиграчите и редарите спречија инцидентот да прерасне во тепачка.
Оливер реагираше, им покажа црвени картони.
Тука не беше крајот на картонијадата по завршувањето на натпреварот. Црвен картон доби и Арне Слот.
Менаџерот на Ливерпул му пријде на судијата Мајкл Оливер, се ракуваше со него, а кога тој му ја пушти раката, судијата веднаш од задниот џеб го извади црвениот картон.
Англиските медиуми се шегуваат дека Слот употребил „пресилно ракување“ и поради тоа бил исклучен.
Сепак, поверојатно е дека се работи за тоа што Холанѓанецот му го кажал на судијата. Англичаните тврдат дека Слот му рекол на Оливер „дека е играч на натпреварот“ и дека наградата треба да оди кај него.
@tntsports The moment Arne Slot was shown a red card by Michael Oliver 👀🟥 #LFC #EFC #PremierLeague #Football