Спорт
„Рашфорд, Сака и Санчо трпеа страшни навреди“

Фудбалската репрезентација на Англија минатото лето имаше голема шанса да дојде до вториот голем трофеј во својата историја. Таа пред својата публика на „Вембли“ против Италија го одигра финалето на Европското првенство. Долго водеше со голот на Лук Шо, а потоа Леонардо Бонучи погоди за 1:1 во 67. минута. На крајот по изведувањето на пенали титулата ја овои Италија.
Тројца млади играчи не реализира за Англија во пенал серијата: Џејдон Санчо, Маркус Рашфорд и Букајо Сака.
Нивниот соиграч и играч од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, зборуваше за Си-ен-ен за расистичките изливи на бес со кои мораа да се соочат минатото лето.
„Покажавме вистински карактер на натпреварите и се чувствував како земјата да е обединета. Знам дека и оние кои го промашија пеналот добија голема поддршка. Но, треба да добијат поддршка затоа што промашија пенал, а не затоа што се црни. Поминав многу време со нив. Луѓе се нормално е дека ги погоди тоа“, изјави Белингам.
„Се случуваа некои одвратни работи. Беше тешко да се поднесе тоа. Целиот турнир, сите седум натпревари си Англичанец. А потоа промашуваш пенал во финалето и одеднаш си ништо, туку се црнец“, заклучи тој.
?’On the run to the European Championship Final we were all English. After those missed penalties we were Black.’
In conversation with coveted England midfielder @BellinghamJude, with big thanks to @blackyellow. @cnnsport @MirrorFootball pic.twitter.com/I6wPbZhn06
— Darren Lewis (@MirrorDarren) May 31, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Синот и девојката на Борис Бекер навиваа за Ѓоковиќ

Девојката на Борис Бекер, Лилијан де Карваљо Монтеиро, како и најстариот син на германската тениска легенда, беа на трибините на Вимблдон поддржувајќи го Новак Ѓоковиќ во првото излегување во јавноста откако Бекер беше осуден на затворска казна за измама.
54-годишниот Бекер беше осуден за криење на 2.5 милиони фунти за да избегне да плати долгови по неговото банкротирање во 2017 година, и беше осуден на двеиполгодишна казна затвор во април.
Посетата на мечот на Ѓоковиќ доаѓа како израз на мала благодарност кон српскиот тенисер, кој работеше со Бекер како тренер повеќе од три години, а по затворањето на Германецот, се понуди за било каква помош на Ноа и на целото семејство Бекер.
Спорт
Барса ќе ја тужи Рома за откажувањето на учеството на Гампер трофејот

Барселона преку соопштение се закани дека ќе ја тужи Рома барајќи отштета за нивното откажување на учеството на Гампер трофејот, традиционалниот меч за стартот на сезоната на каталонскиот клуб.
Пријателскиот меч вообичаено е првиот на „Ноу Камп“ за каталонскиот клуб, и овојпат поканети беа Рома за меч на 6 август, кој би вклучувал и дуел на женските екипи на двата клуба. Но, Рома, објави дека се повлекува поради „потреба за менување на планот за летните пријателски мечеви“ за да се влезе во новата сезона со максимална подготвеност. Оваа одлука наиде на бес во Барселона.
„Барселона објавуваат дека Рома еднострано, без причина реши да се повлече од договорениот меч од Жоан Гампер трофејот на 6 август. Клубот работи на пронаоѓање на нови противници, а легалниот тим на клубот ја разгледува можноста за барање на отштета за Барселона и навивачите поради оваа неоправдана одлука“, се вели во објавата на Барса.
Спорт
Ловрен признава: Во Хрватска ми замеруваат што играм во Русија

Хрватскиот ветеран Дејан Ловрен во интервју за руската „Мач ТВ“ признава дека на негова „сметка“ имало многу критику по одлуката да остане во Зенит Санкт Петерсбург и покрај руската инвазија на Украина.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул во интервјуто јасно зборува дека се чувствува добредојдено во Русија и дека планира да ги тужи тие во Хрватска кои го обвинувале.
„Воопшто не се двоумев дали ќе се вратам во Русија, иако Зенит нема да игра во европските натпреварувања. Не ја сфаќам таа одлука, бидејќи спортот и политиката треба да биат независни, а сега многу спортисти се неправедно казнети. Дури и параолимпијците, кои цел живот работеа на тоа да одат на Олимпијадата. Се работи за двојни станарди, но тоа не можеме да го смениме. Мораме да бидеме посилни оваа сезона. Имам тригодишен договор и планирам да го исполнам“, вели Ловрен.
За пораките од Хрватска, тој е јасен.
„Ситуацијата е тешка и за мене. Имаше голем притисок кон мене и некои луѓе сакаа да заминам. Не ми се допаѓа тоа. Немам ништо против Русија, тука супер ме примија и имам одлични пријатели. Секогаш сум прифаќал критики, но овојпат се премина кон непочитување лично кон мене и моето семејство. Има граница во тоа што ссмее да се изјави и затоа ќе одам на суд. Ако победам, ќе ги дадам парите на тие на кои навистина им се потребни“, вели Ловрен