Спорт
Распродажба во Арсенал
Лондонски Арсенал до крајот на месецот ќе се раздели со најмалку четворица фудбалери, пишуваат медиумите на Островот.
Први кои ќе го напуштат таборот на „топчиите“ наводно се Гранит Џака, кој ќе се пресели во Рома, кај Жозе Мурињо.
Се очекува да се заврши работата и околу преминот на Матео Гендузи во Олимпик Марсеј затоа што Французинот не е во добри односи со Микел Артета, па Шпанецот од минатата сезона не смета на неговите услуги.
Се очекува Арсенал да го продаде и Лукаш Тореира кој е незадоволен во лондонскиот клуб, тој најверојатно ќе замине во римски Лацио.
Последните информации се дека и Ектор Белерин ќе замине од клубот, за него се заинтересирани неколку тима од Ла Лига.
Дел од овие информации излегуваат од специјалистот за трансфери – Фабрицио Романо.
Очекувањата се дека до крајот на преодниот рок од клубот може да си замине и Александер Лаказет.
Клубот од порано го напуштија Шкодран Мустафи (играше полусезона во Шалке 04) и Давид Луиз кој е слободен играч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Але го пропушта натпреварот со Пари Сен Жермен
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але, речиси сигурно ќе го пропушти полуфиналето од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен следната недела, пренесува „Лекип“.
Репрезентатиецот на Брегот на Слоновата коска, го повреди скочниот зглоб на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах (2:1), Але ќе мора да паузира најмалку две недели.
Ова е лоша вест за напаѓачот кој неодамна се опорави од рак на тестисите и штотуку почнува да се враќа во добра форма.
Зимава настапуваше за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска со која го освои Африканскиот куп на нации.
Але одигра 40 натпревари за Дортмунд, постигна 12 гола и забележа шест асистенции.
Борусија се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите за прв пат по 2013 година, кога го елиминираше Реал Мадрид, а потоа загуби од Баерн Минхен во финалето на „Вембли“.
Спорт
Де Хеа во Бетис?
Давид Де Хеа, минатото лето, како слободен играч го напушти Манчестер јунајтед. Имаше понуди, најмногу од Саудиска Арабија, но тој реши да ја чека вистинската, поради што ја пропушти оваа сезона.
Де Хеа на почетокот на сезоната доби понуда и од Реал Мадрид, кој остана без првиот голман Тибо Куртоа, но одби да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Не откри дали го одбил „кралскиот клуб“ поради финансиската понуда или поради тоа што тој е „дете“ на Атлетико Мадрид.
Шпанските медиуми тврдат дека Де Хеа од наредната сезона се враќа меѓу стативите. Според овие извори тој ќе брани за Бетис. Ќе потпише договор со клубот од Севилја кога ќе започне преодниот рок.
Бетис моментално се седми на табелата во Примера.
Спорт
Баерн преговара и со селекторот на Австрија
Фудбалскиот клуб Баерн веќе два месеци го бара наследникот на Томас Тухел, а сега почнале преговори со Ралф Рангник, пренесува германскиот новинар на „Скај Спорт“, Флоријан Плетенберг.
Баварците се во потрага по нов шеф на стручниот штаб кој би го тимот од Тухел по завршувањето на сезоната. Затоа почнале преговори со Рагник, кој е селектор на Австрија со која ќе настапи на ЕУРО 2024. Новинарот потенцира дека многу работи би треабло да се поклопат за Рангник да дојде во Минхен.
Плетенберг пренесува дека е воспоставен контакт со Рагник откако станало јасно дека преговорите за враќање на Јулијан Нагелсман пропаднале кога тој потпиша нов договор со Германскиот фудбалски сојуз, а Баерн сака што поскоро да го претстави новиот тренер.
Договорот на Рагник со Австрискиот фудбалски сојуз е до Светското првенство во фудбал во 2026 година, но може да биде раскинат со соодветна отштета. Доколку челниците на Баерн успеат да се договорат со 65-годишниот стручњак, парите не би требало да бидат проблем.
Дополнително, Де Зерби и Зинедин Зидан се уште се кандидати за клупата на Баерн.