Контакт

Спорт

Реал без Мбапе и против Алавес

Објавено пред

Килијан Мбапе, од клупата за резерви, го гледаше поразот на Реал Мадрид од Манчестер Сити (1:2). Најдобриот играч и стрелец на Реал има повреда на коленото, поради што под знак прашалник е и неговиот настап на „Мендизороза“ в недела, против Алавес.

„Мбапе не беше подготвен за игра и сè уште не знаеме дали ќе може да игра против Алавес. Мора да почекаме…“ рече тренерот Алонсо.

Мбапе се мачи со повреда на левото колено уште од првото полувреме од натпреварот против Селта. Иако повредата не е сериозна, а политиката на клубот е јасна, минимум ризик, особено кога станува збор за Мбапе.

Ситуацијата во тимот на Реал поради повреди е критична. Против Алавес, Алонсо нема да може да смета на Карвахал, Камавинга, Трент, Менди, Алаба, Хаусен и Милитао. Поради црвените картони добиени против Селта, дуелот ќе го пропуштат Фран Гарсија и Карерас.

Повредата на Мбапе би можела да го зголеми бројот на отсуства на дури единаесет играчи, што дополнително ја комплицира ситуацијата за Мадрид.

Foto/ depositphotos



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА

Објавено пред

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, покрена кривична и граѓанска постапка во француските судови против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Француската легенда, тврди дека Инфантино бил вмешан во неговото отстранување од трката за највисоката функција во светскиот фудбал.

Платини, еден од најдобрите фудбалери на својата генерација и некогаш прв фаворит да го наследи Сеп Блатер на чело на ФИФА, беше испитан во 2015 година од страна на Етичкиот комитет на ФИФА за исплата од два милиони швајцарски франци што ги добил од Блатер во 2011 година.

Поради тој случај, Платини беше суспендиран на осум години, а неговата казна подоцна беше намалена на четири години со одлука на Арбитражниот суд за спорт (CAS).

Тој и Блатер потоа се соочија со кривична постапка во Швајцарија, но двајцата беа ослободени пред Федералниот кривичен суд во 2022 година, а ослободителната пресуда беше потврдена по жалба во 2025 година.

По неколку години правна битка, Платини сега одлучи да покрене нова постапка, а сегашниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, е меѓу лицата наведени во барањето.

Неговиот адвокат Оливие Баратели потврди дека во тужбата се тврди дека Инфантино и други актери „работеле на исклучување на Платини од трката за претседател на ФИФА“.

Според тврдењата во документот, токму Инфантино бил тој што најмногу се обидел да ја спречи кандидатурата на Платини.

ФИФА сè уште официјално не ги коментирала овие обвинувања.

Платини во текот на целиот процес тврдеше дека спорната исплата од два милиони швајцарски франци била заостаната плата за работата што ја извршувал како советник на Сеп Блатер од 1998 до 2002 година.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Американците ги третираа фудбалерите на Узбекистан и Сенегал како криминалци

Објавено пред

Репрезентативците на Сенегал и Узбекистан преживеаја вистинска тортура во Соединетите Американски Држави.

Узбекистанците, пред пријателскиот меч со Холандија, на Менхетн, имаа непријатно искуство.

Имено, сите играчи, членови на тренерскиот штаб, службени лица и помошен персонал мораа да поминат низ ригорозна безбедносна проверка штом излегоа од автобусот пред стадионот „Икан“.

Постапка што ретко се гледа пред пријателски натпревар.

Узбекистанците мораа да ги остават своите работи, кои потоа беа поединечно прегледани од американски офицери со детектори за метал, а во контролата беа користени и кучиња трагачи.

Целата постапка предизвика големо незадоволство во узбекистанската репрезентација.

„Тргнете се од торбите“, му викал еден чувар на член на узбекистанската делегација.

Американскиот третман кон еден од учесниците на Светското првенство многумина го опишаа како понижувачки, особено затоа што стануваше збор за спортска делегација, пријателски натпревар, а не за средба со висок ризик или слично.

„Тие само нам ни го прават ова, прашајте ги зошто?“, се пожали легендарниот Италијанец Фабио Канаваро, најдобриот играч на Светското првенство 2006, сега селектор на Узбекистан.

За жал, Узбекистанците не беа единствените што минуваа низ пеколот на ригорозните американски безбедносни мерки.

Слична ситуација доживеа и репрезентацијата на Сенегал, која по пристигнувањето беше подложена на детална контрола, на екстремно висока температура на воздухот и со силно присуство на обезбедување.

„Целосни претреси, соблечени чевли, превртени торби како да станува збор за криминалци. Ова е чисто понижување и срам. Тие никогаш не би ги подложиле белците на ваква контрола“, пишува една африканска телевизиска на „X“.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Хрватска го има најгрдиот, a Гана најубавиот дрес на Светското првенство

Објавено пред

Спортскиот медиум „Атлетик“, објави ранг-листа на дресовите на сите 48 репрезентации учеснички на Светското првенство.

Дресовите се рангирани од најубавите до најгрдите, а хрватските навивачи нема да бидат воодушевени бидејќи дресот на репрезентацијата е на последното, 48-мо место.

Погледнете ја целата листа ТУКА.

„Атлетик“, понуди кратко објаснување за секоја репрезентација, а американскиот медиум пишува дека „Најки“, овој пат утнал со препознатливите хрватски коцки.

„За жал. Хмм. Не. Разбирливо е искушението да се игра со веќе воспоставен дизајн, но играњето со иконските хрватски коцки е одење по јаже, а „Најки“, за жал, не успеа со овој дрес. За почеток, квадратите се премногу мали, и тоа пред да стигнеме до таа глупава бела област во средината. Изгледа како некој да се обидел да го уреди дресот на мобилен телефон, да ја обоил половината во бело, а потоа да се откажал затоа што му здодеало“.

За најубав дрес на првенството беше прогласен дресот на репрезентацијата на Гана. Дресот, „Атлетик“ особено го пофали за неговиот впечатлив дизајн инспириран од кенте, традиционална рачно ткаена ткаенина од Гана.

Веднаш зад Гана се Бразил, Англија и Германија, чии дресови се опишани како исклучително успешни комбинации на традиција, ретро елементи и препознатлив национален идентитет.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Незаконската наплата за влез во Куклица е симбол на нефункционалноста на државата, велат од Левица

Еден од најпознатите природни феномени во Македонија, локалитетот Куклица или „Камените кукли“, кај Кратово, повторно е во центарот на вниманието,...

Регион14 минути

Една од најпознатите плажи во Грција останува затворена и ова лето

Легендарната плажа Навагио на грчкиот остров Закинтос ќе остане затворена за посетители најмалку до 31 октомври 2026 година. Грчките власти...

Македонија20 минути

Цаневска – Арсовска: Орце не одговори од каде го најде Марјан Цветковски за директор на Фондацијата „Скопје – Град на културата“

Орце Георгиевски го гази деловникот и ја замолкнува опозицијата, наместо дебата – монолог во Советот, обвини координаторката на советничката група...

Економија24 минути

Беким Сали: Бизнисот останува главен двигател на економскиот развој на државата

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Стопанската...

Македонија26 минути

Сериозни пропусти во финансиското работење на Албанскиот театар утврдија ревизорите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Националната установа Албански театар – Скопје...

Спорт27 минути

Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, покрена кривична и граѓанска постапка во француските судови против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино....

Свет30 минути

Потврдена казната од 8,5 години затвор за сатиричар за исмејување на Путин во Германија

Апелациониот суд во Москва денеска ја потврди казната затвор од осум и пол години што му беше изречена на германскиот...

Забава56 минути

Новиот роман за Гоце Делчев ги подели Македонците

Едни го нарекуваат најважното книжевно дело во последната деценија. Други велат дека отвора болни прашања за кои општеството не е...

Македонија58 минути

Мицкоски: Треба да стиснеме заби и сами да го изградиме проектот Чебрен и Галиште

Државата е блиску до одлука самостојно да го гради проектот Чебрен и Галиште како државен, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи...