Спорт
Реал ќе го отпушти Канаѓанецот Рејтан-Мејс?
Канадскиот кошаркар Ксавиер Рајтан-Мејс би можел да го напушти Реал Мадрид, бидејќи во клубот не се задоволни од него.
Почетокот на сезоната за тимот на Чус Матео не е добар. Реал загуби во финалето на шпанскиот Суперкуп од Уникаха (90:80), а потоа и на стартот од АЦБ лигата од дебитантот Лејмо Коруња (86:85). ).
Рајтан-Мејс не импресионира од неговото доаѓање, постигна само осум поени во три натпревари. На последниот меч нула, против Барселона шест и Уникаха само два со два скока.
Како што наведува „Мундо Депортиво“, податокот дека Рајтан-Мајес неодамна влегол во клинч со некои од играчите на клубот на тренинг покажува дека разделбата е блиску.
Доколку дојде до разделба, Реал ќе има отворено место за доведување ново засилување и тоа ослободува место за играч кој не е од Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Германците „удрија“ по Ноер: Тој е виновен за поразот на Баерн
Германската јавност жестоко удри по голманот на Баерн, Мануел Ноер. Тој е виновникот за поразот на Баварците од Астон Вила (1:0) во второто коло, во Лигата на шампионите.
Ноер само беше Ноер претходната вечер во Бирмингем, тој беше надвор од шеснаесетникот за време на акцијата на Астон Вила и беше казнет поради тоа.
Колумбиецот Џон Дуран додека се уште беше на дуелот со Упамекан ја забележа „дупката“ што ја остави Ноер и фин лоб го совлада германскиот голман.
Баерн по којзнае кој пат настрада поради несериозноста на својот голман, кој не бега од вината, туку вели дека според планот бил поставен токму онаму каде што требало да биде.
„Сите кои ги гледаат нашите натпревари знаат дека генерално стојам подалеку од голот. Така играме и тоа го бара тренерот. Можеби требаше да застанам два метри поблиску до голот, но не сум сигурен дека и во тој случај ќе можев да стигнам до топката и да спречам гол“, изјави Ноер.
„Голот очигледно е негова вина“, изјави поранешниот играч на Ливерпул Дитмар Хаман за „Скај Спортс“ и дополни.
„Не знам што правеше надвор од 16 метри. Немаше опасност бидејќи Упамекано се уште беше во дуел со Дуран“.
Со Хаман се согласил и Михаел Балак.
„Ману е виновен за голот што го прими Баерн“, кратко и јасно изјави поранешниот германски репрезентативец.
Спорт
ФИФА би можела да ги исфрли Израелците од сите натпреварувања
ФИФА наскоро може да го суспендира Фудбалскиот сојуз на Израел, фудбалската репрезентација на Израел и клубовите од своите натпреварувања. Во екот на војната во Појасот Газа во март оваа година, Израелците беа пријавени од Палестинскиот фудбалски сојуз. Одлуката за евентуална суспензија требаше да биде донесена во мај, но таа беше поместена за следниот четврток.
Советот на ФИФА ќе се состане и ќе донесе важна одлука. Составен е од претставници на фудбалски асоцијации од целиот свет. Палестинските фудбалски функционери сметаат дека Израелците ги прекршиле правилата на ФИФА и сакаат санкции за израелските клубови и репрезентацијата, кои овој месец треба да играат во Лигата на нации против Франција и Италија.
„Се соочуваме со циничен непријателски политички обид на Палестинците кои сакаат да му наштетат на израелскиот фудбал“, ја пренесува изјавата на првиот човек на израелскиот фудбал, Шин Моше Зуарес, британскиот јавен медиум Би-Би-Си.
Доколку ФИФА одлучи да ги исклучи Израелците од сите натпреварувања, тоа ќе биде втор пат во последните неколку години да биде донесена ваква одлука. На почетокот на војната во Украина, беа исфрлени руските клубови и репрезентацијата.
Израел започна воена операција во Појасот Газа како одговор на нападот на Хамас што се случи на 7 октомври минатата година, во кој загинаа 1.200 луѓе, а 250 беа заробени.
Спорт
(Видео) Во Загреб се револтирани од судењето: Ние сме мал клуб на кој може да му го направат ова
Фудбалерите на Динамо Загреб не се задовлни од арбитржата на судијата Харм Осмерс по нерешениот резултат со Монако (2:2) во второто коло од Лигата на шампионите.
„Модрите“, не успеаја да ја задржат предноста од два гола, примија голови во 74. (Салису) и 90.минута од пенал (Закарија).
Токму досудениот пенал во последната минута од натпреварот ги натера да го кренат гласот против главниот судија.
Играчите на Днамо потсетуваат дека претходно во слична ситуацјија капитенот Бруно Петковиќ беше соборен во шеснаесетникот на Монако, а германскиот арбитар покажа фаул во напад. Во 90.минута донел поинаква одлука, пвотрно на шетата на Динамо.
„Не го разбирам судискиот критериум, не би сакал да се расправам околу тоа, но некои одлуки беа во нивна полза. Го прашав судијата, ако над Бруно немаше пенал, како може да биде пенал на другата страна? Навистина не ги разбирам тие одлуки“, ече стрелецот на вториот гол за Динамо, Мартин Батурина, а неговиот соиграч Јосип Мишиќ дополни.
„Ние сме мал клуб на кој може да му го направат ова“. .
Динамо во следното коло гостува кај Салцбург.