Спорт
Реал Мадрид ќе ги се збогува со Ауди по 19 години, пристигнува БМВ!

Реал Мадрид, актуелниот европски шампион и германскиот бренд Ауди на 1 јули го завршуваат партнерството кое трае од 2003 година, по што главен снабдувач со автомобили на „кралевите“ ќе стане уште еден германски брен, БМВ, јавува „Марка“.
Ауди планира да го намали своето учество во спонзорирањењ на фудбалот, за да се фокусира само на Баерн Минхен, и по 19 години, веќе нема да ги „чести“ фудбалерите на Реал со своите автомобили. Според „Марка“, БМВ ќе стане нов главен спонзор на 14-кратниот европски шампион, нешто што ќе биде потврдено следниот понеделник.
БМВ е „премиум“ спонзор на италијанскиот шампион Милан од минатата година и според „Марка“, Реал ќе добие повластена улога и спонзорство на нивото на претходното со Ауди.
🚗🔥 ¡Volantazo del Real Madrid!
MARCA 🗞 avanza 🚨 EN EXCLUSIVA que el equipo blanco cambia su patrocinio de Audi… ¡por BMW!https://t.co/8hDZzfsjxQ Informan ✍️ @JIGallardo y ✍️ @jigochoa
— MARCA (@marca) June 23, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Легендата на Рома стана градоначалник на Верона

Поранешниот играч за врска на италијанската репрезентација и долгогодишен фудбалер на Рома, Дамијано Томази, стана градоначалник на Верона. На изборите за градоначалник, тој го победи актуелниот Федерико Сбоарину, адвокат кој е на таа функција од 2017 година.
Томази претходно беше претседател на Здружението на италијански фудбалери. Кариерата ја започна во Верона, каде преку младински погон стигна до првиот тим. Тој остави најдлабока трага играјќи за Рома.
Беше член на римскиот клуб од 1996 до 2006 година, а во сезоната 2000/2001 со „волчицата“ ја освои шампионската титула во Италија.
Спорт
Борко Ристовски ќе биде тренер на голманите на РК Вардар

Првиот човек на РК Вардар, Михајло Михајловски, на денешната прес-конференција го објави и составот за следната сезона. Борко Ристовски ќе ја заврши кариерата и ќе биде тренер на голманите, а доколку има потреба ќе им помогне на соиграчите.
Владо Недановски ќе треба да седне на клупата, со оглед дека многу извесно е заминувањето на Давид Дејвис, по одлуката на ЕХФ дека Вардар нема да игра во Лигата на шампионите. Него ќе му помага Столе Петрушевски.
СОСТАВ НА ВАРДАР 2022/23
Голмани: Томовски, Гогов, тренер на голманите Борко Ристовски
Десни крила: Георгиевски, Ќосевски и Џукиќ
Десни бекови: Моралес, Савревски
Среден бек: Карапалевски, Додиќ (ако му дозволи Кјелце), Анте Гаџа
Леви бекови: Талески и Мишевски.
Леви крила: Дибиров (?). македонско лево крило
Пивоти: Стоилов, Атанасовски и Лазаревски
Тренер: Недановски/Петрушевски
Спорт
Стоилов: ЕХФ бездушно не казни, но Вардар и ова ќе го преживее

Двојниот европски првак Вардар и носител на двојната круна во Македонија нема да игра во Лигата на шампионите. Капитенот Стојанче Стоилов, кој е секогаш искрен, не крие дека е тешко, но вели дека Вардар ќе се бори и бара Михајло Михајловски да остане во клубот се додека не се најде друг стабилен спонзор.
„Многу сум разочаран од одлуката на ЕХФ, не се свесни каква е ситуацијата кај нас во клубот, можам да кажам дека бездушно не казнија, сега кога долговите беа на крај. Се надевам дека Михајло ќе остане со нас, мислам дека не е време да се тргне зошто Вардар уште не е спасен. Бев сведок на ветувања дека Вардар ќе биде помогнат, а во меѓувреме дојдоа и пандемии, војна…Сега сме вратени неколку чекори назад, но голем дел од играчите ќе останат и Вардар повторно ќе се бори за титулите. Секако, имаме голема конкуренција во Еурофарм Пелистер, кој е голем ривал и ние го респектираме“, изјави Стојанче Стоилов.
Тренер на РК Вардар идната сезона треба да биде Владо Недановски, доколку Давид Дејвис реши да замине поради новонастаната ситуација.