Спорт
Реал со ултиматум до Серхио Рамос

Продолжува сагата околу иднината на Серхио Рамос во Реал Мадрид. „Марка“, тврди дека Реал му поставил ултиматум на капитенот, дека мора до крајот на овој месец да реши дали ќе остане или ќе го напушти клубот.
Според „Марка“, Реал на Рамос му понудиле договор на една сезона, со можност тој да биде продолжен на уште една година и плата каква што има во договорот кој истекува на крајот од сезоната.
„Перез излезе со понуда и сега Рамос мора да одговори, за клубот да има време да бара замена доколку тој реши да замине од клубот. Главен кандидат за наследник на Рамос е Давид Алаба од Баерн“, пишува „Марка“.
Серхио Рамос е играч на Реал од 2005 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нагелсман за трансферот во Баерн: Имам договор со Лајпциг до 2023 година

Јулијан Нагелсман, експресно ги демантира шпекулациите дека по завршувањето на сезоната, ќе го наследи Ханси Флик, на кормилото на Баерн Минхен.
Германските медиуми, по синоќешната елиминација на Баерн од Лигата на шампиони, тврдат тренерот Флик ќе замине, поради недоразбирањата што ги има со спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ. Според нив главен кандидат за нов тренер на Баерн е акуелниот тренер на Лајпциг.
„Никакви преговори не водам со Баерн Минхен. Истото можам да го кажам и за моите менаџери. На таа тема не сум разговарал со клубот, бидејќи нема за што да се разговара. Договорот ме врзува за Лајпциг до 2023 година“, рекол Нагелсман.
Спорт
Синер без шанси против разиграниот Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ избори пласман во третото коло на Мастерсот во Монте Карло. Во својот прв меч, по пауза од седум недели, Ѓоковиќ за 95.минути, го победи младиот Италијанец, Јаник Синер со 6/4, 6/2.
Ѓоковиќ успешно се справи со 19-годишникот, на кого му предвидуваат блескава кариера. Дека не е импресиониран од својот идол, Синер, покажа во третиот гем, кога направи брејк и поведе со 2:1.
Од тој момент, Ѓоковиќ го крена нивото на својата игра, освои четири гема, дојде до предност 5:2, а кога сервираше за првиот сет Синер успеа да му го одземе сервисот. На крајот Ѓоковиќ сепак го освои сетот со 6/4.
Во вториот сет немаше никаква неизвесност, Ѓоковиќ дојде до 4:1, а во осмиот гем, на сервис на противникот, го заклучи мечот, искористувајќи ја третата меч топка.
Ѓоковиќ, во третото коло, ќе игра против победникот од Мајами, Роберт Фуркаш или Даниел Еванс.
Покрај Ѓоковиќ, во два сета, втората рунда ја минаа упте и Андреј Рубљов, Давид Гофан, Филип Крајиновиќ, Каспер Руд и Кристијан Гарин.
Спорт
Де Лаурентис: Ќе го прекинам првенството и ќе ве тужам

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, незадоволен од распределбата на приходите од телевизиските права, се заканил дека ќе го прекине првенството. Контроверзниот бизнисмен, од Фудбалскиот сојуз на Италија, побарал итно враќање на навивачите на стадионите.
„Се ќе падне во вода доколку не ги вратиме навивачите. ќе ве блокирам и ќе ве тужам“, рекол Де Лаурентис на Собранието на Фудбалскиот сојуз на Италија.
Трибините на стадионите во Италија се празни од март минатата година, кога започна пандемијата на коронавирусот. До крајот на сезоната во Серија А останаа уште осум кола.
Инаку, министерот за спорт во италијанската влада, Габриеле Гравина, пред неколку дена одобри да се отвори една четвртина од капацитетот на „Олимпико“, за ЕУРО 2020.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш