Спорт
Речиси совршен почеток на тренерската кариера во Англија на Арне Слот
Дочекан со скепса, Арне Слот ги надмина очекувањата на англиската јавност и навивачите со резултатите што г бележи со Ливерпул.
Од стартот беше јасно дека Холанѓанецот се соочува со голем предизивк, кога прифати да ја преземе функцијата од Јирген Клоп, еден од најдобрите менаџери во историјата на Ливерпул.
Ливерпул со Слот е лидер во премиер лигата со 28 поени, односно скор од девет победи реми и пораз. Во Лигата на шампионите „црвените“ ги добија сите четири натпревари со импресивна гол разлика 10:1.
Како што пренесува „Сан“, Арне Слот е единствениот тренер во историјата на Премиер лигата од 1992 година кој има 15 победи на клупата во првите 17 натпревари во сите натпреварувања.
Холанѓанецот ги надмина Карло Анчелоти и Жозе Мурињо кои имаа по 14 победи, додека Антонио Конте, Маурицио Сари и Џон Грегори по 13.
Пеп Гвардиола, забележа 11 победи во првите 17 натпревари во Манчестер сити, а далеку подолу на оваа листа е поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, кој на првите 17 натпревари имаше само девет победи.
Во европскиот клупски фудбале следува пауза поради репрезентативните натпревари, а по паузата Ливерпул ќе гостува во Саутемптон во лигата, потоа ќе го пречека Реал во Лигата на шампионите, па му следува дербито во Премиер лигата против Манчестер сити и гостувањата кај Њукасл и Еветон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус нема пораз во шампионатот, а го има најлошиот старт во Серија во последните 14 години
Во првенството на Италија се одиграни 15 натпревари, а Јувентус е единствениот тим во Серија А кој досега нема пораз. Парадокс е што Јуве е без пораз, а има историски лош почеток на сезоната, бидејќи во изминатите 14 години, само еднаш освоил помалку поени по толку одиграни натпревари.
Екипата на Јувентус во изминатите 15 натпревари забележа шест победи, но дури девет пати ремизираше, па со 27 бодови го држи шестото место на табелата.
Заостанува седум бода зад лидерот Аталанта. Според “Газета дело Спорт“, во последните 14 години Јувентус само во сезоната 2021/22. имаше помалку бодови по 15 натпревари отколку во тековното првенство.
Клубот од Торино тогаш беше предводен од Масимилијано Алегри, а по седум победи, три нерешени и пет порази имаше 24 бода. Јувентус таа сезона ја заврши на четвртото место во Серија А со 70 бодови.
Спорт
Мајкл Антонио ќе ја заврши кариерата?
Мајкл Антонио, играчот на Вест Хем, успешно е опериран, соопштија челниците на лондонскиот клуб.
„Можеме да потврдиме дека Антонио беше опериран поради фрактура на долниот екстремитет добиена во сообраќајна несреќа во саботата. Тој ќе остане во болница, каде што неговата состојба ќе ја следи медицинскиот персонал“, се вели во соопштението.
Според првите прогнози ќе биде надвор од терените најмалку една година.
Се шпекулира дека триесет и четиригодишниот Антонио би можел да ја заврши фудбалската кариера.
Thoughts are with Michael Antonio after being involved in this crash🙏❤️ pic.twitter.com/3flRFXo1HZ
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) December 7, 2024
Спорт
(Видео) Пол втор најдобар асистент во историјата на НБА
Крис Пол стана втората најдобар асистент во историјата на НБА. Во победата на Сан Анотнио над Њу Орлеанс 121:116, Крис Пол забележа шест поени, седум скока и 10 асистенции.
Пол стигна до 12.092 асистенции во кариерата, со што се искачи на второто место на вечната листа и го мина Џејсон Кид.
Пред популарниот ЦП3 сега е само Џон Стоктон, кој има 15.086 асистенции и јасно е дека 39-годишниот плејмејкер никогаш нема да го достигне.
Пол оваа сезона има просек од 10,4 поени и 8,5 асистенции, а во текот на кариерата пет пати беше најдобар асистент во лигата.
Во првите десет се и Леброн Џејмс, Стив Неш, Марк Џексон, Меџик Џонсон, Оскар Робертсон, Расел Вестбрук и Ајзеа Томас.
CP3 to Wemby.
Assist No. 12,092.
Chris Paul is now 2nd all-time in dimes! pic.twitter.com/h6yZt2cDZR
— NBA (@NBA) December 9, 2024