Спорт
Ред бул се решија на акција – Албон ќе го замени Гасли од следната трка!

Во тимот на Ред бул веќе нема да ги толерираат слабите резултати на Пјер Гасли, откако потврдија дека Французинот од Белгиското ГП во Спа ќе биде заменет со досегашниот возач на јуниорскиот Торо росо, Александер Албон.
Французинот имаше кошмарка половина од сезоната покрај Макс Ферстапен, освојувајќи 63 поени и ниту еден пласман на подиумот, додека Холанѓанецот освои 181 поен и двапати победи. Од друга страна Британецот со тајландски пасош, Албон ги надмина очекувањата и ќе добие голема шанса да вози болид со кој може до победа.
„Ред бул се во уникатна позиција да имаат четири талентирани Ф1 возачи под договор кои можат да ротираат во двата тима. Следните девет трки ќе ги проценуваме перформансите на Алекс за да се одлучи кој во 2020 ќе биде во седиштето покрај Макс“, се вели во соопштението на Ред бул.
Гасли пак, ќе се врати во Торо росо, каде што ќе биде партнер на Русинот Данил Квјат, кој оваа година се врати во тимот и го оствари првиот подиум за Торо росо на Германското ГП. Квјат има 27 поени, додека дебитантот Албон 16.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гол од 45, па бомба од 20 метри – Виола од Беневенто јунак во Серија Б (видео)
Италијанскиот второлигаш Беневенто синоќа на крилата на одличниот Бенито Николас Виола на својот стадион со 5-0 го совлада тимот на Трапани и се зацврсти на чело на табелата во Серија Б.
30-годишниот фудбалер имаше ноќ за паметење.
Најпрво, во првото полувреме погоди од белата точка, но головите за вистинско уживање беа негово дело во последните 10 минути од мечот.
Најпрво, по еден слободен удар на околу 45 метри од противничкиот гол, ја искористи „заспаноста“ на противничката одбрана на чело со нивниот голман и испрати проектил во мрежата.
Само 7 минути подоцна, истиот играч натрча на една топка на 20-тина метри од противничкиот гол и со силен удар биеше во аголот на нов погодок.
Погледнете ги мајсториите на Виола:
Спорт
Шок во Амстердам, Ајакс загуби дома по цели 762 дена (видео)

Фудбалерите на Ајакс по повеќе од 2 години загубија меч од домашното првенство на домашен терен. „Копјаниците“ на „Јохан Кројф Арена“ синоќа загубија со 2-0 од тимот на Вилем Втори во првиот меч од 16 колона холандскиот шампионат.
Последен пат Ајакс пред своите навивачи беше поразен на 5 ноември 2017 година, пред цели 762 дена од Утрехт (2-1).
Оттогаш „копјаниците“ на својот терен одиграа 36 меча, но моментно третопласираната екипа на прволигашката табела во Холандија им го „зема скалпот“.
Иако тренерот Ерик Тен Хаг го изведе моментно најсилното напаѓачко оружја (Ланг, Тадиќ, Зијеш и Хунтелар), сепак не успеаја да го совладаат противничкиот голман.
Првиот гол гостите го постигнаа во 42 минута, од пенал. Сигурен реализатор беше Мајк Ндаијсхими, а вториот гол за гостите за конечни 0-2 беше дело на Данкерли во 78 минута.
Залудно Ајакс имаше 67% посед на топката и упати 29 удари кон противничкиот гол.
Спорт
Тргната забраната за „сините“, се спрема список со желби за јануари

Челси е повторно на пазарот откако Арбитражниот спортски суд ја преполови казната на „сините“ и ја тргна забраната за купување играчи, па клубот уште во јануари ќе може да го засилува тимот.
Челси со менаџерот Лампард, со овој состав моментно е четврти во Премиерлигата, а ако следната недела го победи француски Лил во Лондон, ќе обезбеди и ноакут-фаза во ЛЕ.
Сепак, Челси веќе има направено список со желби уште за јануарскиот преоден рок.
Прв на него е младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо (19) кој „миионерите“ сакаат да го продадат пред се поради неговата недисциплина. Можно е со неговиот ангажман „сините“ да го срушат клупскиот рекорд од 85 милиони евра, колку што клубот пред 18 месеци плати за голманот Кепа Аризабалага.
На листата на желби е и играчот на Лестер, бекот Бен Чилвел. Пореална мета од него е дефанзивецот на Борнмут, Холанѓанецот Натан Аке.
Германскиот двоец, Каи Хаверц и Тимо Вернер нема да доаѓаат на „Стемфорд Бриџ“ иако претходно се пишуваше дека лондонскиот клуб е заинтересиран за нивни ангажман.
Сепак, англиските медиуми пишуваат дека Челси е подготвен да се бори со Ливерпул и Наполи за добедување на играчот од среден ред на Генк, Сандер Берг.
Во јануари „сините“ би можеле да тргнат и по крилото на Кристал Палас, Вилфред Саха, но не по секоја цена иако Челси има на располагање околу 150 милиони евра, најголем дел од продажбата на Еден Азар во Реал Мадрид. На тоа ако се додаде дека летово Челси ќе добие и 68 милиони евра за Алваро Мората (Атлетико Мадрид) чија позајмица ќе стане трајно купување, тогаш станува јасно дека Лампард ќе има доволно за трошење.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци