Контакт

Спорт

Рекоба го сака Суарез во уругвајски Насионал

Објавено пред

Луис Суарез сè уште е во Барселона иако новиот тренер на Каталонците, Роналд Куман го отпиша пред почетокот на сезоната.

Агентите на Уругваецот се обидуваат да го раскинат неговиот договор со Барса и голгетерот да го преселат во Торино, во Јувентус, но засега преговорите се неуспешни.

Во меѓувреме се јави некогашниот уругвајски репрезентативец, Алваро Рекоба, кој сега е еден од директорите на угугвајски Насионал од Монтевидео. Не крие дека би сакал да го доведе Суарез во својата екипа, но во моментов се чини клубот нема доволно пари за најголемата уругвајска ѕвезда.

„Луис Суарез е еден од тројца-четворица најдобри фудбалери во историјата на уругвајскиот фудбал. Во Барселона зборуваа дека е пополнет, а тој дава по 2-3 гола секој меч. Ме боли ситуацијата во која се наоѓа. Играчите кои толку многу дале за клубот мора да се почитуваат. Фудбалот е често неблагодарен, тоа се гледа и во ситуацијата со Луис. Би сакал да дојде во Насионал, би сакал дома да си дојде и Едисон Кавани, но пари…“ – рече Рекоба.

Македонија

„Виз Ер Скопскиот маратон“ ќе се трча в недела со посебни протоколи за Ковид-19

Објавено пред

Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи на 4-ти октомври, в недела со истата патека, но со нов старт и цел, за да се испочитуваат мерките и протоколите за заштита од Ковид-19. Ова денеска на прес конференција го најави Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон, соопштувајќи дека оваа година со цел заштита на здравјето на сите, донесен е посебен протокол за одржување на најпознатиот и најстар спортски настан.

„Оваа година ќе имаме 1500 учесници во три трки: маратон, полумаратон и штафетен маратон „ЕУ за тебе“. И оваа година ќе имаме квалитетни натпреварувачи, како и досега, но поради пандемијата влезовите во државите се ограничени и оваа година ќе бидеме без натпреварувачите од Африка. Заради целата ситуација со вирусот Ковид-19, го променивме стартот и целта, кои што ќе бидат пред влезот на СЦ Борис Трајковски, а патеката е иста. Тоа е така затоа што тој простор ни дозволува да ги испочитуваме сите протоколи донесени специјално за маратонот“, изјави Синадиновски.

Прес конференцијата се одржа на терасата на хотел Парк, каде што свое обраќање имаше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и Александар Кираџиев, национален првак во маратон во нашата земја неколку години по ред.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека со големо задоволство Град Скопје е повторно традиционален домаќин и покровител на Виз Ер Скопски маратон.

„Не можам, а да не го кријам своето задоволство што и годинава ќе биде одржан Виз Ер Скопски маратон и што ја продолжуваме традицијата. Град Скопје е традиционален домаќин и мило ми е што во организацијата на маратонот се вклучени и професионалци и волонтери кои што ќе се грижат сѐ да е во најдобар ред. Град Скопје обезбедува и логистичка, но и финансиска поддршка, заедно со јавните претпријатија. Им посакувам на сите добра трка, успешен маратон и добро здравје на сите“, им посака градоначалникот Шилегов на тркачите и организаторите.

Свое обраќање имаше и Александар Кираџиев кој што истакна дека е особено благодарен што во една ваква пандемиска година се смогнаа сили и напори за да се одржи трката и им посака успешна реализација во недела на организаторите на овој успешен проект.

Дополнителни информации за Виз Ер Скопски маратон можете да најдете на http://skopskimaraton.com.mk/ .

Прикажи повеќе...

Спорт

Хулк се враќа во Европа

Објавено пред

Поранешниот бразилски репрезентативец Хулк објави дека по четири и пол години, ќе го напушти Шангај СИПГ. Бразилецот ќе се врати во Европа, каде што во минатото играше добро за Порто и Зенит.

Хулк има договор со Шангај СИПГ до декември оваа година и нема намера да потпишува нов. Кинезите пред четири и пол години за Хулк на Зенит му платија 55.000.000 евра.

„Веќе им кажав на клупските челници дека нема да го продолжам договорот. Имам интересни понуди од Европа, некои од нив се од славни клубови, кои играат во Лигата на шампионите. Добив одлични понуди од Бразил и Кина, но јас сакма да играм во Лигата на шампионите“, изјавил Хулк.

Интересно, Хулк во последните три клуба (Порто, Зенит, Шангај) минал по четири и пол години и имал слична статистика. За Порто постигнал 77 гола и забележал 61 асистенција, за Зенит постигнал 76 гола и забележал 60 асистенции, а во Шангај СИПГ учинокот му е 74 гола и 54 асистенции.

Прикажи повеќе...

Спорт

Секој месец 100.000 денари од типстер-купот на „Спорт лајф“ 2020/2021

Објавено пред

Од денес, 1 октомври, почнува новата сезона 2020/2021 на типстер-купот на обложувачниците „Спорт лајф“. Овој долгогодишен натпревар секоја сезона носи новини и вредни премии за најдобрите типувачи во спортот. Оваа година натпреварот ќе се одвива во 8 месечни етапи од 1 октомври до 31 мај 2021 година и ќе ги опфати сите тикети на обложувачите кои се уплатени со приложување на СЛ-клуб картичката, но и е-тикетите на онлајн обложувачите кои имаат регистриран кориснички профил на вебсајтот на Sport Life.

Воедно, оваа сезона главната премија ќе биде доделувана секој месец во текот на натпреварот, односно секој месец ќе бидат доделувани по 100.000 денари за освоено прво место,  50.000 денари за освоено второ место и 20.000 денари за трето место. Натпреварот нуди дополнителна возбуда, на ниво на секоја обложувачница за најдобрите 10 типувачи следуваат подарок вредносни ваучери за игра. И оваа година, играчите ќе се рангираат според освоените поени пресметани врз основа на коефициентите на погодените мечеви и уплатените износи независно дали тикетот е добитен или не.

Обложувачите ги очекуваат интересни спортски мечеви од разни области на спортот како и над 800 видови на игри на „Спорт лајф“. Сѐ што е потребно е да бидат регистрирани во СЛ клубот и да учествуваат во новата сезона на Типстер купот. На тој начин ги очекува титулата ТИПСТЕР НА МЕСЕЦОТ и премијата од 100.000 денари!

Овој натпревар е награда за лојалноста на играчите на Sport Life, кои како редовни членови на SL клубот имаат право на учество во игрите на Sport Life и можност да освојат бројни дополнителни подароци и ваучери за игра.

Повеќе информации за натпреварот можете да најдете на следниот линк .

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Арсовски: Се разгледуваат сите можности и опции за импичмент за Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ не открива кога  би можела да се очекува конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски што беше навестена...

Регион1 час

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување државјани на трети земји до 12 октомври, пренесува МИА. Ограничувањата на копнените граници се...

Македонија2 часа

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и, искрено, сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Регион2 часа

Пациент во Хрватска починал затоа што му било инјектирано средство за дезинфекција

Претседателката на управниот одбор на болницата во Чаковец, Соња Тошиќ-Грлач, изјави дека пациентот на хемодијализа починал кога по грешка му...

Топ3 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Македонија5 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија5 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија18 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион1 ден

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија1 ден

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 ден

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион1 ден

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ1 ден

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет1 ден

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија1 ден

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија1 ден

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет1 ден

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет1 ден

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет2 дена

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија2 дена

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Досие