Спорт
Рекордерот Кари го затрупа кошот на Денвер
Голден стејт Вориорс, предводен од спектакуларниот Стеф Кари, забележа победа над Денвер Нагетс 116:107. Вориорс со оваа победа остана во плејоф-зоната, со скор 26 победи и 28 порази е 10-ти на Западот. Денвер се четврти со 30 победи и 24 порази.
Кари одигра неверојатен натпревар, постигна 53 поени (10 тројки), на кои придодаде седум скока и четири асистенции. Најдобриот шутер во лигата на овој меч го надмина Вилт Чембрлен. Со 17.783 поени Кари стана најдобриот стрелец во историјата на франшизата.
Покрај Кари, кај Вориорс се истакнаа и Дрејмон Грин со 18 поени и по седум скока и асистенции, односно Ендрју Вигинс со 17 поени.
Денвер го предводеше Никола Јокиќ со 27 поени, 12 скока и осум асистенции, три поени помалку постигна Мајкл Портер Јуниор. Проблем за Денвер е повредата на Џамал Мареј, кој во последната минута со болна гримаса го напушти теренот.
Њујорк Никс убедливо ги порази ЛА Лејкерс со 111:96. Џулиус Рендл, поранешниот играч на Лејкерси, забележа 34 поени. Во отсуство на Ентони Дејвис и Леброн Џејмс кај Лејекрси се истакна Денис Шрудер со 21 поен и шест асистенции.
Вашингтон Визардс го изненади најдобриот тим во лигата, Јута Џез, со победата 125:121.
Бредли Бил постигна 34 поени, а Расел Вестбрук запиша нов трип-дабл (25 поени, 14 скока, 14 асистенции).
Кај Јута се истакнаа Донован Мичел со 42 поена и Бојан Богдановиќ со 33. Мичел на последните три натпревари постигнува најмалку 40 поени.
Резултати:
Далас-Филаделфија 96:113
Орландо-Сан Антонио 97:120
Мемфис-Чикаго 101:90
Њу Орлеанс-Сакраменто 117:110
Финикс-Хјустон 126:120
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.
Спорт
Реал го обнови интересот за Де Хеа
Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа повторно е во плановите на Реал Мадрид. Искусниот 33-годишен голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, повторно се поврзува со Реал, кој сака да го донесе во своите редови, пишува „Релево“.
Де Хеа требаше да дојде во Реал минатото лето, по повредата на Тибо Куртоа, но на крајот клубот на општо изненадување реши да го позајми Кепа Аризабалега од Челзи.
Сепак, тој не успеа да ги импресионира клупските челници, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челси, а се очекува да си замине и Андриј Лунин, кој сезонава брани во врвна форма.
Луни бара нов клуб каде што ќе биде прва опција, бидејќи не сака да му биде резерва на Куртоа. Прашање е дали Де Хеа ќе се согласи да биде резервен голман.