Спорт
Репрезентативец на Еквадор почина на 23-годишна возраст
Марко Ангуло, фудбалскиот репрезентативец на Еквадор, почина на 23-годишна возраст.
Оваа јужноамериканска земја е обвиена во црно поради смртта на членот на ЛДУ Китo, кој 35 дена се бореше за живот.
Тој беше на интензивна нега повеќе од еден месец и имаше неколку операции во тој период, откако во октомври имаше сообраќајна несреќа во Кито, во која загинаа две лица, меѓу нив и фудбалерот Роберто Кабезас.
Ангуло беше еден од најголемите таленти, роден 2002 година и успеа да забележи три настапи за сениорската репрезентацијата на Еквадор.
Пред ЛДУ Кито, тој беше еден од клучните играчи на Индепендиенте дел Вале, со кој го освои Копа Либертадорес за играчи до 20 години.
Потоа играше кратко во МЛС за Синсинати, пред да се врати во својата татковина.
Nota de pesar: Marco Angulo 🕊️ pic.twitter.com/8tfu8bGojv
— LDU Oficial (@LDU_Oficial) November 12, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Манчестер јунајтед го преживеа киксот на Онана, победи во Плсен
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, ПАОК и Рома забележаа триумфи во натпреварите од шестото коло во Лига Европа.
Јунајтед во Пилсен ја победи Викторија со 2:1.
„Црвените ѓаволи“ не можат да фатат ритам и со новиот тренер Рубен Аморим. Сепак на крајот Португалецот ја запиша првата победа на гостински терен.
Голманот на Јунајтед, Андре Онана гим подари гол на гостите во 48.минута, пораз спречи резервистот Расмус Хојлунд со два гола.
Рома се доближи до место во Топ 8 откако полесно од прогнозите ја победи Брага со 3:0. Головите за „волчицата“ ги постигнаа Пелегрини, Абдулхамид и Ермосо.
Резултати:
Рома – Брага 3:0 (1:0)
Пелегрини 10, Абдулхамид 47, Хермосо 90+1
ПАОК – Ференцварош 5:0 (2:0)
Тајсон 10, Томас 29, Чалов 76, Живковиќ 79п, Десподов 89
Викторија Пилсен – Манчестер Јунајтед 1:2 (0:0)
Видра 48 – Хојлунд 62, 88
Хофенхајм – ФЦСБ 0:0
Лудогорец – АЗ Алкмар 2:2 (0:2)
Цочев 61, Дуа 63 – Ван Бомел 14, Маикума 19
Малме – Галатасарај 2:2 (1:0)
Ботајм 24, Пена 90+2 – Џелерт 43, Акгун 56
Олимпијакос – Твенте 0:0
Сен Жилоа – Ница 2:1 (1:1)
Ивановиќ 33, 90+2 – Жесанд 45+2
Спорт
(Видео) Децата на Челси чесно минаа низ Астана
Фудбалерите на Челзи ја совладаа Астана со 3:1 во натпреварот од петтото коло на Конференциската лига.
Тренерот на „сините“ Енцо Мареска реши да ги одмори своите најголеми ѕвезди со оглед на оддалеченоста до Казахстан и за да ги има подготвени з викенд кога „сините“ ќе играат во Премиер лигата.
Марсека шанса им даде на младите сили предводени од Марк Гуиу, поддржани од малку поискусните Педро Нето, Аксел Дисаси, Тосин Адарабио, Филип Јоргенсен и Друсбери-Хол, кои беа единствените сениори во стартните 11.
Шпанецот го предводеше англискиот тим до победа постигнувајќи два погодоци во првите 20 минути, а Ренато Веига по третпат да ја погоди мрежата во 39. минута.
Голот за домашните го постигна хрватскиот фудбалер Марин Томасов непосредно пред одморот.
Челзи го забележа петтиот триумф во исто толку пет натпревари, а во следното коло го пречекува Шамрок.
Спорт
НБА доаѓа во Европа од сезоната 2026/2027
НБА лигата е се поблиску до Европа и формирање на посебна лига, а како што пренесуваат „Релево“ и „Блумбер“г, новото натпреварување би можело да стартува од сезоната 2026/27.
Според информациите, НБА веќе стапила во контакт со клубови како Панатинаикос, а се чека реакција од Реал Мадрид и Фенербахче.
Шпански „Релево“, тврди дека НБА и ФИБА постигнале напредок во разговорите во претходните месеци за што поскоро формирање на новото натпреварување.
Се нагласува дека со формирањето на новото натпреварување се НБА и ФИБА „гледаат“ кон земји како Англија, Франција, Шпанија и Германија.
Има јасни планови, а клучните состаноци за формирање на нова европска лига треба да се одржат во Париз кон крајот на јануари.
Наредната година НБА ќе биде во „градот на светлината“, на 23 и 25 јануари во Париз ќе играат Индијана Пејсерс и Сан Антонио Спарс.