Спорт
Ревалдо Мичел од Јамајка доаѓа во Работнички
Македонскиот прволигаш „Работнички“ oбјави дека новото засилување на клубот ќе биде Ревалдо Мичел, кој доаѓа од Јамајка.
Мичел има 22 години, првпат доаѓа во Европа и игра на крилните позиции во нападот.
Досега има играно во Јамајка, Вотерхаус, Арнет Гарденс, Молинес јунајтед и Портмор јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лука Салвадори постхумен шампион на Италија
Италијанскиот мотоциклист Лука Салвадори постхумно ќе ја понесе титулата италијански шампион, бидејќи неговиот главен ривал за шампионската титула заедно со својот тим решија да не учествуваат на последните две трки од сезоната.
Салвадори загина на 33-годишна возраст во несреќа за време на трката на Меѓународниот друмски шампионат на патеката Фробург во Германија.
Во претходните сезони Италијанецот учествуваше во класата МотоЕ на Светското првенство, а лани беше 17-ти во поредокот.
Салвадори беше познат како Јутјубер и вистински љубител на мотоциклизмот, како и на автомобилизмот, што можеше да се види на неговите профили на социјалните мрежи.
Салвадори оваа сезона учествуваше на националниот трофеј на Италија, во кој за титулата се бореше со Филипо Ровели, кој ги брани боите на Пистардо.
Првиот човек на тимот, Џанлука Галези Милеглија, објави дека неговиот тим сака титулата да му припадне на Салвадори и дека сите ќе бидат на патеката во негова чест на последните две трки од сезоната, но нема да учествуваат во нив.
Гест на восхит за италијанскиот тим.
Спорт
Стартува ЛШ, италијанско-англиски пресметки ќе го обележат првото коло
Првото коло од новата фудбалска сезона во Лигата на шампионите во новиот формат ќе се игра во следните три дена.
Во Лигата на шампионите во новиот формат ќе учествуваат 36 клубови, а ќе се одиграат осум кола. Во секое коло ќе се играат по 18 натпревари.
Групната фаза на ЛШ ќе трае од 17. септември оваа година до 29 јануари 2025 година. Осумте првопласирани екипи ќе обезбедат директен пласман во осминафиналето на ЛШ, додека клубовите од 9 до 24 место ќе играат плеј-оф за пласман во осминафиналето.
Клубовите кои ќе завршат од 25. до 36. ќе ја завршат сезоната.
Титулата во Лигата на шампионите ја брани Реал, кој минатата сезона во финалето ја победи Борусија Дортмунд со 2:0. Реал има најмногу трофеи во Лигата на шампионите, вкупно 15.
На втората позиција е Милан со седум, следуваат Баерн и Ливерпул со по шест трофеи, додека Барселона пет пати била европски првак.
Реал одбраната на титулата ќе ја започне во вторник против Штутгарт. Првото коло ќе го обележат италијанско-англиските пресметки.
Во вторник, Милан ќе го пречека Ливерпул, во среда во репризата на финалето од сезоната 2022/2023 Интер ќе гостува кај Манчестер сити, а во четврток актуелниот победник во Лига Европа, Аталанта ќе го пречека Арсенал.
Македонскиот фудбал, во новиот формат на ЛШ има четворица свои репрезенти. Адеми и Ристовски во вторник со Динамо ќе гостуваат кај Баерн во Минхен, ден подоцна дебитанто Џирона со Бојан Миовски ќе му се спротивстави на ПСЖ во Париз, а во четврток Елиф Елмас и Лајпциг ќе гостуваат на „Сивитас Метрополитано“ кај Атлетико.
Лига на шампиони, 1. коло:
вторник, 17.септмври:
18:45 Јувентус – ПСВ Ајндховен
18:45 Јанг Бојс – Астон Вила
21:00 Баерн – Динамо Загреб
21:00 Милан – Ливерпул
21:00 Реал – Штутгарт
21:00 Спортинг Лисабон – Лил
среда, 18.септември:
18:45 Болоња – Шахтјор
18:45 Спарта Прага – Салцбург
21:00 Клуб Бриж – Борусија Дортмунд
21:00 Селтик – Слован Братислава
21:00 Манчестер сити – Интер
21:00 Пари Сен Жермен – Џирона
четврток, 19.септември:
18:45 Црвена звезда – Бенфика
18:45 Феенорд – Баер Леверкузен
18:45 Аталанта – Арсенал
21:00 Атлетико Мадрид – Лајпциг
21:00 Монако – Барселона
21:00 Брест – Штурм
Спорт
Барселона без Олмо до крајот на октомври
Дани Олмо, поради повреда на го заврши натпреварот против Џирона. Барселона на „Моноливи“ победи со 4:1, Олмо го постигна третиот гол за Каталонците. Шпанскиот репрезентативец, пред стартот на сеоната се пресели од Лајпциг во Барселона за 55 милиони евра. На првите три натпревари во новиот клуб постигна три гола.
Олмо, вчера, против Џирона одигра 61.минута. Поради повреда го напушти теренот. Првично во Барселона немаше загриженост, бидејќи се прогнозираше пауза од седум о 10 дена.
Ден по натпреварот Барселона објави дека повредата не е наивна и дека Олмо ќе остустува пет недели.
Олмо сигурно ќе ги пропушти дуелите со Виљареал, Монако, Хетафе, Осасуна, Јанг Бојс и Алавес, а ќе се врати по октомвриската репрезентативна пауза, по 20 октомври кога Барса ќе го пречека Баерн (23 октомври), а четири дена подцна ќе гостува кај Реал во Мадрид.