Спорт
Ридигер чека понуда од Челси

Дефанзивецот на Челзи, Антонио Ридигер (29) планира за неколку дена да донесе конечна одлука за својата иднина.Тој му дал рок, на лондонскиот клуб да му понуди нов договор, до крајот на април. Доколку не добие понудата, или ако таа не ги задоволи неговите барања, Германецот ќе бара друг клуб, пишува „Атлетикс“.
Ридигер дефинитивно е клучен одбранбен играч во тимот на Томас Тухел. Сезонава одигра 47 натпревари во сите натпреварувања и постигна пет гола. Неговиот договор истекува на крајот на јуни, кога би можел да стане слободен играч.
Интересот за репрезентативецот на Германија е огромен. Неколку од најголемите европски клубови веќе јавно го канат во своите редови. Фудбалерот веќе имаше неколку интервјуа со заинтересираните страни, но се уште нема потпишано преддоговор со ниту еден клуб. Тој не крие дека сака да остане во Челзи, но под многу подобри услови од оние во актуелниот договор.
Во исто време, на „Стемфорд Бриџ“ владее огромна неизвесност околу новиот сопственик на клубот, па во оваа фаза никој не е подготвен да преземе одговорност за потпишување на нови договори. Затоа е пореално Ридигер да си замине од Челзи.
Како што стојат работите, тој ќе избира помеѓу Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и Баерн. Комплетната ситуација ја следат Барселона и Јувентус, но се верува дека нема да ги прифатат високите услови што ги постави Ридигер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ајнтрахт ја наполни касата со триумфот во Лига Европа

Ајнтрахт Франкфурт го доби пенал-рулетот против Ренџерс и го освои трофејот во Лигата на Европа. По 90 и 120 минути беше 1:1, а Германците ги реализираа сите пет пенали, додека за Шкотите, во четвртата серија промаши искусниот Арон Ремзи.
Ајнтрахт со победата во финалето на Лига Европа заработи 8.600.000 евра. Глазгов Ренџерс по овој натпревар заработи 4.600.000 евра. Но, тоа е само еден дел од заработката. Во нокаут фазата двата клуба заработија дополнителни 5.800.000 евра.
Секој тим заработи по 3.630.000 евра со пласманот во групната фаза од Лигата на Европа.
Во групата Ајнтрахт имаше три ремија и три победи, што значи и дополнителни 2.520.000 евра во нивната каса. Кога сето ова ќе се собере, германскиот клуб од Лига Европа излезе побогат за 20.550.000.
Спорт
Арсенал нуди 45 милиони за Депај

Арсенал во финишот на сезоната го испушти четвртото место на табелата. Како сега стојат работите Арсенал и наредната сезона нема да играат во Лигата на шампионите. Сепак овој неуспех нема да им ги расипе плановите на клупските челници, во врската со планираните засилувања.
Списокот постои, приоритетите на „топчиите“ се јасни, а најнова желба е поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед.
Шпанските медиуми пишуваат дека Арсенал е заинтересиран за фудбалерот на Барселона Мемфис Депај (28).
Во првиот мандат, во Премиерлигата, не се прослави, на „Олд Трафорд“ мина две сезони, а потоа „процвета“ во Лион.
Тоа му даде можност да игра во Барселона, каде пружа релативно добри игри, но со доаѓањето на Чави, Холанѓанецот падна во втор план, што Арсенал би сакал да го искористи.
Наводно, клубот е подготвен да и понуди на Барса 45 милиони евра, што би било голема заработка за Каталонците кои го доведоа како слободен играч.
За статусот на Депај се заинтересирани и Евертон и Њукасл, Барса нема да ја пропушти можноста да заработи големи пари доколку пристигне добра понуда …
Спорт
Херојот на Ајнтрахт: Ова е подобро од се.с

Ајтрахт Франкфурт ја освои Лигата на Европа по подоброто изведување пенали против Ренџерс. Во 120 минути натпреварот заврши 1:1, а во пенал-серијата трагичар беше Арон Ремзи.
Неговиот удар од белата точка, во четвртата серија, го одбрани германскиот голман Кевин Трап, кој се претвори во херој на Ајнтрахт.
Претходно Трап, во 118.минута му одбрани зицер на Рајан Кент.
По успехот, тој рече: “Мислев дека ќе плачам, но тоа не се случи. Навистина е нереално да си одам дома со трофеј. Ова е одлично за германскиот фудбал и за сите луѓе што ги направивме горди. Мислам дека претседателот на клубот организираше некаква прослава. Не знам дали се согласувате со мене, но освојувањето на овој трофеј е подобро од сексот. Дефинитивно е нешто толку убаво како сексот. Дефинитивно мислам дека некои работи ќе се случат во наредните денови.“