Спорт
Ристовски: Сакам да доживеам и нас да не чекате на плоштад!

Топспорт во Палермо,
Никола Ѓуровски
Стефан Ристовски е фудбалерот кој можеби го доби најголемиот „товар“ по повлекувањето на Горан Пандев од репрезентацијата, капитенската лента, и фудбалерот на Динамо Загреб достојно го носи тој товар.
По победата во Палермо,Ристовски вели дека, секако, ќе одиме на победа и во Португалија.
„Не знам што се случи, но знам дека го елиминиравме европскиот првак. Сега одиме за Португалија, и секако одиме на победа. Сакам да доживеам и нас да не дочекаат на плоштад“, вели Ристовски по лудиот меч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Анчелоти: Куртоа беше совршен на голот

Реал Мадрид ја освои 14. титула во Лигата на шампионите, а тоа е втор трофеј за „кралевите“ со Карло Анчелоти на клупата. Негов, вкупно четврти трофеј во ЛШ.
Италијанецот призна дека Тибо Куртоа е херојот на вечерашното финале, иако ги пофали сите фудбалери.
„Куртоа беше совршен на голот. Но, всушност целиот тим беше одличен. Како и не би бил, кога сезоната ја завршивме со освојување трофеи. Одбраната функционираше неверојатно, Алаба, Милитао, Менди и Карвахал беа многу добри. Но, пред се, Куртоа беше фантастичен“, изјави Анчелоти.
Спорт
Куртоа се радува за трофејот, а жали за пропуштена веселба: Жал ми е свадбата на брат ми

Тибо Куртоа, херојот на Реал Мадрид, даде неверојатна изјава по финалето и освоениот пехар во ЛШ. Се радува на големиот успех, но жали што утре нема да може да присуствува на свадбената веселба на својот брат.
„Неверојатно е, толку многу години, толку многу работа. Дојдов во клубот на мојот живот и имаше многу кои ме критикуваа. Денеска покажавме кој е „кралот“ на Европа. Се чувствував добро последните неколку недели. Откако ќе ја направите првата одбрана… Никој не можеше да ми ја одземе желбата да ја освојам Лигата на шампионите. Жал ми е за брат ми, кој утре се жени и не можам да бидам таму. Во понеделник има уште една церемонија, склучување на граѓанскиот брак и јас ќе бидам таму“, изјави Тибо Куртоа во солзи.
Спорт
Куртоа се радува за трофејот, а жали за пропуштена веселба: Жал ми е за свадбата на брат ми