Спорт
РК Вардар им се заблагодари на браќата Њокас, Тото, Валчак…(ФОТО)

Пред почетокот на натпреварот Вардар – Тиквеш, шестмина ракометари на „црвено-црните“ добија подароци кои ќе им останат во сеќавање за настапот во редовите на македонскиот првак.
На Оливие и Кевин Њокас, Патрик Валчак, Стефан Додиќ, Џереми Тото и на Диало Бакари, раководството на Вардар им посака многу успеси во натамошната кариера.
Вардар со денешниот триумф против Тиквеш и официјално ќе ја прослави новата шампионска титула, а на полувреме води со 18:10.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Академија Пандев ќе се претопи во Беласица и ќе и го отстапи местото во Првата лига

Поранешниот освојувач на Купот, тимот на Академија Пандев ќе се фузира со Беласица и ќе му го препушти местото во Првата лига. Ова ќе се случи на денот на прославата на стогодишнината на Беласица, откако Горан Пандев во договор со раководството на Беласица одлучи неговиот клуб да се спои со постариот струмички клуб и да се формира еден силен прволигаш.
Ова го потврди Беласица на социјалните мрежи.
„1922 година беше формирана струмичката гордост ФК Беласица, еден од најстарите спортски брендови во државата. По тој повод, на 31 јули ве покануваме заедно да го прославиме и одбележеме овој голем настан, во вечерен термин под рефлектори на стадионот “Благој Истатов” во една пријателска средба помеѓу нашата екипа и нашите вечни ривали, ФК Брегалница. Покрај спектаклот и забавниот дел, на овој настан ќе бидат изнесени во јавност новитети за нашата Беласица, ново лого и дресови за оваа сезона по повод стогодишнината, нова екипа ЖФК Беласица, силни младински екипи како дел од младинската Суперлига и секако конструирање на силна Беласица и спојување со екипата на нашата легенда Горан Пандев“, соопштија од Беласица.
Спорт
Андреј Стојановски постави нов национален рекорд на 50 метри грбно

Македонскиот пливач Андреј Стојановски постави личен и национален рекорд на вториот настап на Медитеранските игри. Тој во категоријата 50 метри грбно исплива резултат 27.71 секунди, што е нов национален апсолутен и младински рекорд во оваа дисциплината.
Претходно, Стојановски настапи во дисциплината на 200 метри градно и исплива со време до 2:22.42 минути, а тое нов младински рекорд на Македонија.
Спорт
Џорџ Расел со потег на годината во Ф1 – Го остави болидот за да му помогне на Жу

Трката за ГН на Велика Британија почна инцидент откако при првиот свиок дојде до троен судир при што болидот на Жу се преврте и одлета кон заштитната ограда. Расел демонстрираше фантастично чувство за фер-плеј и направи неверојатен потег, го остави болидот на патеката и истрча да му помогне на Жу.
Тимот на Алфа Ромео објави дека Жу не се наоѓа во животна опасност и ќе биде предмет на дополнителни детални лекарски прегледи.
Honor a George Russell, se la sudó muchísimo el estado de su coche y fue corriendo para ayudar a Zhou. 👏🏻👏🏻 pic.twitter.com/m1beZ3O2gI
— Jose 🇵🇱 (@JosxFCB) July 3, 2022