Контакт

Спорт

Роденденот на Надал ќе стане тениски празник во Шпанија

Објавено пред

Бордот на директори на Кралската шпанска тениска федерација (РФЕТ) едногласно го одобри предлогот за одредување на „Национален де на тенисот“ на 3 јуни, роденденот на најдобриот шпански тенисер во историјата, Рафаел Надал.

Според предлогот, на 3 јуни над 1.500 тениски клубови во Шпанија ќе го одбележат празникот со турнири, изложби и посеби церемонии.

„Идејата беше фантастична, а шпанскиот фудбал има што да слави. Го имаме најдобриот шпански спортист на сите времиња, актуелни шампиони сме од Дејвис купот и мораме да го одбележиме тоа“, вели Мигуел Дијаз, претседателот на РФЕТ.

Со 20 гренд слем титули и 36 Мастерс 1000 трофеи, Надал е еден од најдобрите тенисери на сите времиња и вистинска легенда во својата татковина. Тој е во топ 10 на АТП листата од април 2005 година и останува конкурентен и покрај низата повреди и паузи.

Спорт

ЛШ: Звезда го „пукна“ Каират, Селтик испадна по драмата во Данска

Објавено пред

Црвена звезда ја надополни негативата од 1:2 од првиот меч, за дома со 5:0 да го „растури“ казахстанскиот Каират Алмати во второто коло од квалификациите за Лигата на шампиони.

Работата беше завршена уште во првото полувреме, кога со двата гола на Александар Катаи дојдоа до 3:0 предност, пред во второто полувреме, веќе до 56. минута да биде 5:0. Следен противник за српскиот шампион е молдавскиот Шериф Тираспол, кој вторпат го победи ерменскиот Алашкерт (3:1).

Во третото коло на квалификациите нема да биде шкотскиот вицешампион, Селтик, откако на гостувањето кај Митјиланд во Данска загубија со 2:1 во продолжението, откако во Шкотска беше 1:1. Бугарскиот шампион Лудогорец ја елиминираше словенечка Мура со 3:1 победа откако во Словенија беше 0:0, а во третото коло се и фаворитите Олимпијакос, ПСВ Ајндховен и Спарта Прага.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, КВАЛИФИКАЦИИ

Нефчи Баку (Азе) – Олимпијакос (Грц) 0:1, прв меч 0:1, вкупно 0:2

Шериф Тираспол (Мол) – Алашкерт (Ерм) 3:1, прв меч 1:0, вкупно 4:1

ЦФР Клуж (Ром) – Линколн (Гиб) 2:0, прв меч 2:1, вкупно 4:1

Митјиланд (Дан) – Селтик (Шко) 1:1, 2:1 по продолженија, прв меч 1:1, вкупно 3:2

Галатасарај (Тур) – ПСВ Ајндховен (Хол) 1:2, прв меч 1:5, вкупно 2:7

Лудогорец (Буг) – Мура (Сло) 3:1, прв меч 0:0, вкупно 3:1

Јанг Бојс (Шва) – Слован Братислава (Свк) 3:2, прв меч 0:0, вкупно 3:2

Црвена звезда (Срб) – Каират Алмати (Каз) 5:0, прв меч 1:2, вкупно 6:2

Спарта Прага (Чеш) – Рапид Виена (Авт) 2:0, прв меч 1:2, вкупно 3:2

Прикажи повеќе...

Спорт

Алиоски месец дена подоцна се збогуваше со навивачите на Лидс

Објавено пред

Еден месец по крајот на неговиот договор, македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски се збогуваше со навивачите на Лидс јунајтед, праќајќи им емотивно видео на социјалните мрежи.

Алиоски помина четири години на „Еланд роуд“, од кои три под Марсело Биелса, со кого оствари влез во Премиер лигата во 2020. Во видеото тој се извини за доцното обраќање кон навивачите.

„Сакам да кажам некои зборови за семејствоот на Лидс, за фановите на Лидс. Сакам да се извинам бидејќи ми беше потребно и не беше лесно да се замине од така голем клуб како Лидс јунајтед . Сакам да ви се заблагодарам, посебно на навивачите кои од првиот момент ми го допреа срцето. Никогаш нема да ве заборавам. Секаде каде што ќе одам Лидс ќе биде со мене. Посебна благодарност до сопственикот Андреа Радрицани, до Виктор Орта, и секако до менаџерот Марсело Биелса, кој беше најдобар на светот. Ќе ми недостасувате сите. Го остваривме сонот за враќање во Премиер лигата, кога го имав најдоброто чувство во мојот живот. До фановите, имате нов навивач меѓу вас, тоа е Џани Алиоски и ќе го следам секој натпревар со вас. Маршираме заедно“, напиша Алиоски.

Прикажи повеќе...

Спорт

Пораката на Меси до семејството беше дел од промоцијата на „Вацап“

Објавено пред

Лионел Меси ова лето, конечно, донесе голем трофеј за Аргентина освојувајќи ја Копа Америка на „Маракана“ во Рио и во еден од најемотивните моменти тој имаше видеопорака до својата сопруга и децата по трофејот.

Сега тој момент беше споделен на социјалните мрежи на аргентинската фудбалска мегаѕвезда и тоа како јасно посочена реклама на компанијата „Вацап“.

„Каков специјален момент. Ова беше веднаш по финалето кога ја прославував титулата од Копа Америка со моето семејство преку ‘Вацап’ видеопорака“, напиша Аргентинецот.

Видеото веќе е прегледано повеќе од 15 милиони пати и за него, секако, Меси ќе биде добро платен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

Нови 47 лица заразени од коронавирус, во Македонија активни 359 случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.593 тестирања, а регистрирани се 47 нови случаи на...

Македонија14 часа

Груевски ќе развива бизнис во Унгарија, на 15 јули регистрирал фирма со широк опсег на дејности

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, регистрирал фирма со широка деловна активност во гратче во близина на Будимпешта, три години по...

Топ15 часа

(Видео) Полицаец бил дел од скопска банда за шверц на дрога и оружје, користеле и блиндирано возило

По повеќемесечно криминалистичко истражување, денеска Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со Единицата за специјални полициски операции...

Свет16 часа

Кинезите бараат СЗО да испита дали коронавирусот настанал во Америка

Повеќе од 15 милиони корисници во Кина потпишаа онлајн петиција за истрага на лабораторијата „Форт Детрик“ во Соединетите Американски Држави...

Домашен20 часа

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за среброто на Олимписките игри

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за освоениот сребрен медал во дисциплината теквондо...

Македонија21 час

Заев и Тачи договорија соработка за локалните избори

Лидерите на СДСМ и на ДПА, Зоран Заев и Мендух Тачи, договорија соработка за локалните избори. Заев соопшти дека СДСМ...

Македонија22 часа

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, владата со препораки за заштита од топлотниот бран

Владата издаде препораки како заштита на населението од топлотниот бран и од денеска-среда до недела (29.07-01.08.2021 година) се препорачува: ослободување...

Свет23 часа

Бајден: Mаските и вакцините најдобра заштита од делта-сојот

Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека носењето заштитни маски и вакцинирањето во области во кои доминира делта-сојот на коронавирус се...

Македонија2 дена

Maкедонците сè уште се вакцинираат на белградскиот саем

Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот саем. „Меѓу 300 и 500 граѓани се вакцинираат дневно на саемот во...

Македонија2 дена

Напад врз новинар ќе се смета како напад врз службено лице, се воведува и кривично дело демнење

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници...

Македонија2 дена

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцира...

Македонија2 дена

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната...

Топ2 дена

Тетовец лажно се претставувал како лекар, измамил повозрасен охриѓанец и добил 40.000 денари

45-годишен тетовец лажно се претставувал како лекар и на тој начин измамил повозрасен жител од Охрид од кого добил 40.000...

Македонија2 дена

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на...

Македонија2 дена

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа2 дена

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Македонија2 дена

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа2 дена

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт2 дена

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Македонија2 дена

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Досие