Контакт

Спорт

Родри откри зошто го одбил Реал Мадрид: Не беше поради „Златната топка“

Објавено пред

Еден од најголемите трансфери од минатото лето можеше да има сосема поинаков епилог. Родри, веднаш откако стана светски шампион со Шпанија, ја смени одлуката, му кажа „Не“ на Реал Мадрид и се пресели во Барселона.

Реал, како што тврдеа шпанските медиуми, постигнал договор со освојувачот на Златната топка за 2024 година и најдобриот играч на Светското првенство во 2026 година, но играчот од средниот ред на крајот се одлучи за Барса.

Во изјава за „Мундо Депортива“, играчот од средниот ред рече дека финансискиот пакет не влијален на неговата одлука. Одлуката ја донел бидејќи стилот на Барселона му одговара повеќе и дека со овој тим може да направи поголем исчекор во кариерата.

Во исто време, мадриѓанецот ги негираше тврдењата дека неговата одлука била под влијание на ставот на мадридскиот клуб кон доделувањето на „Златната топка“ во 2024 година, кога Родри беше во трка со Виниус Жуниор.

„Не е вистина дека го одбив Реал Мадрид затоа што ја бојкотираа наградата „Златна топка“. Тоа не ме погоди во тој момент. Тоа беше мој посебен ден. Нема смисла да се зборува за луѓе кои не беа на церемонијата. Тоа беше прекрасен момент за мене и моето семејство“, изјави Родри за „Мундо Депортиво“.

Иако го избра најголемиот ривал на Реал, Родри зборува за мадридскиот клуб со голема почит.

„Не беше лесно да му кажам „не“ на Реал Мадрид, особено затоа што се однесуваа навистина добро кон мене. Ја донесов одлуката од спортски причини – се водев од она што ме привлекува повеќе и каде што чувствувам дека можам најмногу да победувам и да напредувам како играч.“

На почетокот на август, од Шпанија пристигна информација дека Реал испратил многу добра понуда до Родриго, но дека играчот од средниот ред ја претпочитал Барселона поради стилот на игра на каталонскиот клуб и фактот дека во тимот има голем број соиграчи од шпанската репрезентација.

Со доаѓањето на еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот, амбициите на Барселона се зголемија дополнително, а Лигата на шампионите повторно е најголемата цел на каталонскиот клуб.

Сепак, Родри не сака однапред да го прогласи својот нов тим за фаворит за европската титула, и покрај тоа што друштвото на Ханси Флик делува застрашувачки за противниците на почетокот на сезоната.

„Не мислам дека сме фаворити за освојување на Лигата на шампионите. Секако, играчи како мене беа донесени за да се оставари таа цел. Но, не мислам дека Лигата на шампионите е нужно натпреварување кое го добива најдобриот тим. Тоа е натпреварување каде што моментите одлучуваат.“

Родри верува дека Барселона сè уште треба да се подобри во одредени сегменти и да научи подобро да ги контролира клучните моменти на големите европски натпревари. Тој го гледа искуството на играчите кои веќе ја освоиле Лигата на шампионите како еден од начините тимот да го направи последниот чекор кон врвот на Европа.

Foto/ Depositphotos



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт57 минути

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт1 час

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион1 час

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт1 час

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет1 час

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет1 час

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава2 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион3 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...

Забава3 часа

Сезоната на Вагата им носи среќа на четири хороскопски знаци

Сезоната на Вагата трае до 23 октомври и носи поинаква енергија по практичниот и понапорен период на Девица. Фокусот се...