Контакт

Спорт

Рој Кин: Керик не е тренер за Манчестер Јунајтед

Објавено пред

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, го критикуваше Мајкл Карик по поразот од Лидс.

Иако резултатот беше во сенка на судиските одлуки, Рој Кин жестоко ја критикуваше играта Јунајтед и вели дека била под просекот.

Кин досега беше еден од најголемите критичари на Мајкл Карик, синоќешниот пораз му овозможи повтороно да „удри“ по тренерот.

„Како што реков претходно и ќе продолжам да велам – Карик не е вистинскиот човек за оваа работа. Луѓето мислат дека сум премногу строг, го кажувам сето ова од некои други причини, но што повеќе треба да се случи за да го да видат тоа? Имаа 24 дена да се подготват за натпреварот на „Олд Трафорд“ против Лидс, и она беше нивната игра? Средниот ред не постоеше, особено во првото полувреме, играа без енергија и интензитет. Кога толку лошо ќе го започнете натпреварот, потешко е да го подигнете тимот и да се опоравите подоцна. Јунајтед не изгледаше како тим кој знае што да прави и да одговори на тоа. И кога го кажувам гласно го кажувам тоа, луѓето велат дека сум негативен. Овој клуб бара стандарди, а тие стандарди под Мајкл Керик се далеку.“

Јунајтед е сè уште трет на табелата со 55 бода, колку што има и Астон Вила, додека Ливерпул сега има само три помалку.

Foto/ Depositphotos



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Интер го освои Купот на Италија

Објавено пред

Фудбалерите на Интер го освоија Купот на Италија со победата 2:0 над Лацио. Интер сезонава ја освои дуплата круна, опрва по 2010 година, кога актуелниот тренер Кристијан Киву, беше командант на одбраната,

Избраниците на Кристијан Киву ја потврдија својата доминација на „чизмата“, а Лацио речиси и да не беше конкурентен во финалето на својот стадион.

Иако беа гости, „нероазурите“ целосно го надиграа Лацио и поведоа во 14-та минута со автогол на Адам Марушиќ.

Работата Интер ја заврши во 35-та минута, кога капитенот Лаутаро Мартинез ја дуплираше предноста.

Во второто полувреме, Интер успешно се бранеше и заслужено освои нов трофеј, односно „двојната круна“ во Италија.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Манчестер Сити го држи чекорот со Арсенал

Објавено пред

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Кристал Палас со 3:0 (2:0) во натпревар од 31-то коло од англиската Премиер лига.

Тимот на Пеп Гвардиола го држи чекорот со водечкиот Арсенал и во последните две кола се очекува вистинска драма во трката за титулата.

Победата вечерва ја постигнаа головите на Антоан Семењо во 32-та минута и Омар Мармуш во 40-та минута, односно Савињо кој постигна гол во 84-та минута.

Во моментов, состојбата на табелата е таква што Арсенал има 77, а Манчестер Сити 75 бода и малку потежок распоред.

„Топџиите“ ќе го пречекаат Барнли и ќе гостуваат кај Кристал Палас, додека „Граѓаните“ прво ќе гостуваат кај Борнмут, а потоа ќе играат против Астон Вила на „Етихад“. Меѓу дуелите со Борнмут и Вила, Манчестер Сити ќе го одигра финалето на ФА купот против Челзи.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Валенсија го комплетираше епскиот пресврт, ќе игра на завршниот турнир

Објавено пред

Кошаркарите на Валенсија преку Панатинаикос се пласираа во Фајналфорот на Евролигата, нивен прв во историјата.

Валенсија дојде од 0-2 на 3-2 на најтешкиот можен начин, откако ги загуби првите два натпревари на свој паркет.

Ова е втор пат во историјата, екипа по 0-2 да го добие следните три натпревари и дас избори пласман на Завршниот турнир. Претходно ваков подвиг направи Реал против Партизан во 2023 година.

Интрересно и тогаш и сега, на поразената страна беше центарот Матијас Лесор.

Валенсија мајсторката пред своите навивачи ја доби со 81:64.

Ова значи дека ќе играат против Реал Мадрид на Завршниот турнир, додека Фенербахче и Олимпијакос се среќаваат во второто полуфинале. За да биде уште полошо за „зелените“, Фајналфорот се игра во Атина во нивата ОАКА арена.

Антикошарка се играше во првото полувреме, а особено во првата четвртина. По првите десет минути беа постигнати само 24 поени, а вкупниот резултат од првото полувреме беше разочарувачки, со само 58 поени.

На паузата беше +12 за домашниот тим, а предноста набрзо порасна на +17 на почетокот на третиот период.

Сепак, следеше драма. ПАО со серија од 16:2 и дојде на еден посед негатива, најавувајќи потенцијално интересен финиш, уште еден по ред, со оглед на тоа што ова е серијата со најмала разлика во победите по четири одиграни натпревари во историјата на плејофот во ЕЛ.

Валенсија ја стегна одбраната, беше многу поенергична и подобра во скокот во нападот, а потоа се награди за сето тоа со тројки – преку Томпсон и Де Лареа, и веднаш повторно беше +16. Гостите од Атина не се опоравија од серијата на домашните.

Најзаслужен за оваа победа беше Бранко Бадио со 20 поени и пет скока, додека Брекстон Ки и Жан Монтеро постигнаа по 12 поени.

Кај ПАО, единствените со двоцифрен број поени беа Хејс-Дејвис со 15 и Осман со десет поени.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 часа

(Видео) Интер го освои Купот на Италија

Фудбалерите на Интер го освоија Купот на Италија со победата 2:0 над Лацио. Интер сезонава ја освои дуплата круна, опрва...

Спорт3 часа

(Видео) Манчестер Сити го држи чекорот со Арсенал

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Кристал Палас со 3:0 (2:0) во натпревар од 31-то коло од англиската Премиер лига....

Спорт3 часа

Валенсија го комплетираше епскиот пресврт, ќе игра на завршниот турнир

Кошаркарите на Валенсија преку Панатинаикос се пласираа во Фајналфорот на Евролигата, нивен прв во историјата. Валенсија дојде од 0-2 на...

Спорт3 часа

ПСЖ ја одбрани титулата во Франција

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја одбранија титулата шампион на Франција со победа над Ленс на гостински терен со резултат...

Свет4 часа

Лавров: Америка се обидува да ги истисне руските компании од Балканот

Соединетите Американски Држави се обидуваат со санкции да ги истиснат руските компании „Лукоил“ и „Роснефт“ од меѓународниот бизнис, изјави шефот...

Свет4 часа

Лондон: 4.000 полицајци на улиците поради најавени масовни протести

Полицијата во Лондон денес објави дека ќе спроведе „невидена“ операција овој претстоен викенд за да спречи насилство и сериозни нарушувања...

Свет5 часа

Полскиот министер за надворешни работи: Светот влегува во почеток на голема бура

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денес предупреди дека светот влегува во период на продлабочување на геополитичката нестабилност, оценувајќи...

Свет5 часа

Венс за преговорите со Иран: „Мислам дека постигнуваме напредок“

Пoтпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави дека верува оти се постигнува напредок во преговорите со Иран, и покрај тоа што...

Свет5 часа

Извештаи за состојбата на ракетните залихи: „Иран се подготвува за обновени непријателства“

Иран веројатно се подготвува за обновени непријателства со САД и Израел, соопшти во вторникот Институтот за проучување на војната (ISW),...