Спорт
Ројс промаши пенал, Мајнц освоија бод во Дортмунд

Само Вердер успеа да забележи победа во првите пет натпревари што се одиграа попладнево во рамките на 16.коло, во Бундеслигата.
Вердер го победија Аугсбург со 2:0, со головите што ги постигнаа во самиот финиш на натпреварот. Првиот гол го постигна Гебре Селасие во 84., а конечниот резултат во 87.минута го постави Агу.
Во дербито, Волфсбург и Лајпциг одиграа 2:2. Лајпциг беа подобриот тим на теренот, но не успеаја да победат. Водеа гостите од петтата минута со голот на Мукиеле, а до крајот на првиот дел Волфсбург направија пресврт со головите Вегхорст и Штефен. Конечниот резултат го постави Орбан во 54.минута.
Борусија, во Дортмунд, доживеа уште едно непријатно изненадување. Давеникот Мајнц освои еден бод, откако водеше со голот на Озтунали во 57.минута. Бод за Дортмунд донесе Мение во 73.минута. Три минути подоцна Марко Ројс не реализира пенал.
Без голови завршија натпреварите Келн-Херта и Хофенхајм-Арминија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гвардиола му „спушти“ на Рио: Му кажав на Меси да напаѓа каде што си ти!

Легендарниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд во посебна емисија на „БТ спорт“ го нагости менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по што се потсетија на легендарните мечеви меѓу Барселона на Пеп и Јунајтед, кога Барса доминираше и во две финалиња во 2009 и 2011 година ги совладаа „ѓаволите“, првпат со 2:0, вторпат со 3:1.
Одговорите кои ги доби Рио, не беа тие кои ги посакуваше, но барем добро се насмеа.
„Беше чест да се игра против Манчестер јунајтед во финалето на ЛШ. Секако, победивме! Тоа се прекрасни моменти кои ќе ги паметам цел живот. Му кажав на Меси: ‘Лео, напаѓај од страната каде што е Рио’! Тој ме послуша и победивме. Сериозно, имавме многу среќа. Во првите 15 минути можевме да примиме два гола“, вели Гвардиола.
Спорт
Вардар со убедлив пораз од Мешков за крај, во осминафиналето контра Веспрем!

Вардар доживеа убедлив домашен пораз од 32:36 од Мешков Брест, со што го запечати пласманот на седмото место во групата А во ЕХФ Лигата на шампиони, и со тоа закажа пресметка со унгарскиот гигант Веспрем во осминафиналето на натпреварувањето.
Поради вонредната ситуација со КОВИД-19 и многуте одложени мечеви, ЕХФ дел од мечевите ги додели службено, а реши сите 16 клуба од групната фаза да се пласираат во осминафиналето на европското елитно натпреварување. Вардар, кој посебно беше погоден од одложувањата, завршува на седмото место на табелата со 9 освоени поени и ќе игра со второпласираниот во групата Б, Веспрем, кој е зад недостижната Барселона.
Мешков пристигна во Скопје со јасен план да оди на победа, со која го освојува четвртото место на табелата во групата А. Вардар уште на полувреме губеше со огромни 7 гола разлика, а впечатокот малку беше поправен во второто полувреме. Тимур Дибиров со девет и Анте Гаџа со седум гола беа најефикасни кај Вардар, додека кај Белорусите блесна Микита Ваилупау со 12 гола.
Во дербито за првото место во нашата група, Флензбург успеа да триумфира со 31:28 кај полскиот Кјелце, со што обезбеди дуел со ППД Загреб во осминафиналето, клуб кој има точно 0 поени оваа сезона во ЛШ.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Вардар – Мешков Брест 32:36 (18:25)
Кјелце – Флензбург 28:31 (17:19)
Елверум – Порто 20.45 ч.
Табела: 1.Флензбург 21, 2.ПСЖ 19, 3.Кјелце 19, 4.Мешков Брест 13, 4.Пик Сегед 12, 6.Порто 10, 7.Вардар 9, 8.Елверум 5
ГРУПА Б
Кил – ППД Загреб 36:30 (23:15)
Табела: 1.Барселона 28, 2.Веспрем 20, 3.Кил16, 4.Алборг 14, 5.Мотор З. 14, 6.Нант 12, 7.Целје 8, 8.ППД Загреб 0
Фото: Денис Дуковски / РКВардар 1961
Спорт
Кошмар за Озил со Фенер – утна празен гол, му протнаа топка низ нозе и заврши со повреда!

Катастрофалниот старт на кариерата на Месут Озил како фудбалер на Фенербахче денеска стана уште полош, откако тој пропушти огромна шанса, му протнаа топка низ нозе, и на крајот беше изнесен од теренот на носилки при 1:1 ремито со Анталијаспор.
32-годишниот Германец уште нема гол и асистенција по трансферот во турскиот клуб, а имаше совршена шанса да го постигне првиот гол кога доби топка на работ на шестнаесетникот при 0:1, а голманот Руд Бофин не беше на својата позиција, но тој упати млак удар. Ова дојде неколку минути откако му протнаа топка низ нозе, но мизеријата не заврши тука – во 67. минута тој излезе од теренот по стартот на Фреди од Анталијаспор.
Од првиот настап за Фенер како замена на 2 февруари, тимот на Озил загуби трипати во седум меча, и сега се само трети на табелата.
Neden be Mesut? pic.twitter.com/yFEd1JyCaK
— Fener Golleri (@Fener_Goal) March 4, 2021
Geçmiş olsun Mesut Özil… 🙏 pic.twitter.com/fFI6pH9Rgn
— Fenerbahçe GIFS (@GIFSFenerbahce) March 4, 2021
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер