Контакт

Спорт

Ромеро го одби Интер, посакува трансфер во Атлетико

Објавено пред

Атлетико Мадрид ја подготвува првата понуда до Тотенхем за Кристијано Ромеро во износ од околу 30 милиони евра. Аргентинскиот репрезентативен стопер го претпочита мадридскиот клуб пред Интер и сака трансфер, а ова е нов обид на Атлетико да го доведе играчот што тренерот Диего Симеоне долго го следи. Клубот се подготвува да го реализира трансферот со продажба на Матео Руџери и Нахуел Молина, што е предуслов за нови инвестиции, пишува „Марка“.

Атлетико работи на финансиски услови за да го обезбеди доаѓањето на Ромеро. Очекуваните заминувања на Руџери во Астон Вила и на Молина во Рома се важни не само за обештетување, туку и за ослободување средства во буџетот за плати. Ромеро има еден од најголемите договори во Тотенхем, па затоа е потребно да се создаде финансиски простор за негов ангажман.

Минатото лето, трансферот не беше реализиран бидејќи Атлетико не сакаше да плати 55 милиони евра. Иако Ромеро е сè уште главна цел, клубот ја следи и ситуацијата со Нико Гонзалез. Тој минатата сезона играше како позајмен играч од Јувентус и прашање е дали и под кои услови „јорганџиите“ би го откупиле неговиот договор. Во Италија се пишува дека Нико не би се противел на трансфер во Интер.

И покрај тоа што Интер му понуди на Тотенхем 35 милиони евра фиксна сума и дополнителни пет милиони преку бонуси, приоритет на Ромеро е да се пресели во Мадрид.

Откако неговиот трансфер не успеа минатата година, 28-годишниот стопер, кога го продолжи договорот со Спарс до 2029 година, се согласи на посебна клаузула што се активира во случај на понуда од еден од трите најголеми шпански клубови.

Аргентинскиот дефанзивец никогаш не ја криеше својата желба да игра под водство на Диего Симеоне, што беше видливо и за време на натпреварите од Лигата на шампионите минатата сезона. Овој став на Ромеро дополнително го охрабри Атлетико да го обнови својот интерес и да започне преговори.

Ова лето, Тотенхем е подготвен да го продаде играчот за околу 40 милиони евра, поради што Атлетико верува дека трансферот е изводлив. Спортскиот директор Матеу Алемани, кој во моментов ја финализира продажбата на играчи, има подготвен план за доведување на аргентинскиот стопер.

Со неговото доаѓање, клубот не само што би го решил проблемот со бројот на дефанзивци, со оглед на тоа што се очекува заминувањето на Хозе Марија Хименез, туку и значително би го зајакнал квалитетот на одбраната. Атлетико иницираше конкретни чекори за реализација на трансферот, а Ромеро чека на исходот од преговорите.

Foto/ Depositphotos

Најново

Македонија8 минути

Утре без струја дел од општината Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за утре се планирани исклучувања на елекетричната енергија поради технички интервенции. Во периодот од...

Македонија31 минута

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по...

Свет38 минути

Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот...

Црна хроника39 минути

Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар

Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13...

Црна хроника1 час

МВР: Бебе паднало на асфалт откако мајката ја превртела количката, пријава против двајцата родители

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во Општина Желино поради постоење...

Регион1 час

(Видео) Пустош по големиот пожар кај Омиш, пронајдено и тело на починато лице

Полицијата денеска околу 13:30 часот, при преглед на опожареното подрачје кај Омиш, пронашла мртво тело на лице. Големиот пожар што...

Култура1 час

Три големи културни настани викендов во Битола

Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава...

Македонија2 часа

Водата во Гостивар од денес е безбедна за пиење, рече Ангелов и отиде да испие чаша вода од улична чешма

Од денес водата од градскиот водовод во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти попладнево раководителот на Главниот штаб за управување...

Црна хроника2 часа

Скопјанец измамил 62-годишник за над 7.000 евра, па го нападнал и му се заканувал

Полицијата вчера го лишила од слобода 37-годишниот О.С. од Скопје, по пријава за измама, физички напад и закани кон 62-годишен...