Спорт
Роналдо е убеден во пласман во Катар: Имам 181-на причина за гордост!

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо со мислите веќе е во ноември и квалификациските мечеви за пласман на СП во Катар идната година. На 14 ноември Португалија на домашен терен можно е визата за Катар да ја заверува токму против селекцијата на Србија, со која во Белград одиграа 2-2 во март годинава.
По вчерашниот триумф кај Луксембург, Србите се лидери во групата со бод повеќе од Португалија, но и одигран еден меч повеќе.
„Секогаш е иста гордоста кога ја претставуваш земјата и кога ги облекувам нашите бои. Уште еден тест, уште еден тест, се следиме меѓусебно и имаме иста амбиција, во соништата и кон непроменетата цел која ја одредивме – да играме на историското СП во Катар 2022“ рече синоќа Роналдо по триумфот од 3-0 токму против селекцијата на домаќинот на идниот Мундијал.
Задутре Португалија го пречекува составот на Луксембруг, потоа на 11 ноември гостува кај Ирска и на 14 ноември ја дочекува Србија.
Од друга страна, Србите ги очекува дуел со Азербејџан, па решавачкиот меч (најверојатно) против Португалија.
„Рекордите се секогаш неверојатни, но тие се во служба на националниот тим и секогаш се посебна димензија. Имам 181 натпревар во португалскиот дрес и исто толку причини да бидам горд. Дадов голови против 46 различни селекции и тоа е нешто што никогаш не сум помислил дека е можно. Но, да не застануваме овде, да се бориме уште повеќе. Моќна Португалија“ напиша денеска Роналдо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лесна победа на Јунајтед во ФА купот

Во последниот натпревар од ФА Купот во саботата, Манчестер Јунајтед го совлада Ридинг на „Олд Трафорд“ со 3:1.
Сите четири гола беа постигнати во вториот дел, а интересно е што стрелци на сите голови за „црвените ѓаволи“ ги постигнаа Бразилците.
Касемиро за само три минути постигна два гола. Тој најпрвин ја затресе мрежата на гостите во 55. минута на асистенција на Антони, а во 58. минута зголеми на 2:0 по додавањето на Фред.
Во 66. минута Фред го постигна третиот гол за домашните, а стрелец на почесниот гол за за Ридинг беше Мбенге во 72. минута.
Гостите во последните половина час играа со десетмина, бидејќи ветеранот Енди Керол доби два жолти картони.
Спорт
Лесна победа за Аталанта – Сампдорија на пат кон Серија Б

Фудбалерите на Сампдорија доживеаја нов пораз во Серија А. Тимот на Дејан Станковиќ загуби во Бергамо од Аталната со 2:0.
На Сампдорија и пресудија Меле со голот во финишот на првиот дел и Лукман во 55.минута. Ова е четврти пораз во низа за екипата од Џенова. Аталанта на последните седум натпревари постигнува најмалку два гола.
Аталанта скокна на четвртото место, со 38 бода, додека Сампдорија е на ретпоследното место со са о девет бода.
Спорт
Го одржа ветувањето – Лесор стана српски кум
Ден по првата победа, во третата сезонска пресметка со Црвенз зведа (79:78), кошаркарот на Партизан, Матијас Лесор, го одржа ветувањето и им беше кум на Дамир и Јована.
Пред неколку недели, во преполната „Штарк“ арена во Белград, Дамир ја запросу Јована. Тогаш го побараа Лесор за кум, а францускиот центар во саботата го исполни своето ветување.
Инаку, Лесор игра одлично оваа сезона и е еден од најдобрите играчи, според индексот на корисност во Евролигата.
Пре неколико седмица, Дамир је на паркету препуне Арене запросио Јовану на утакмици @PartizanBC!
Она је том приликом питала @ThiasLsf да јој буде кум на венчању! Јуче је победио, а данас је испоштовао традицију!
Честитке Јовани и Дамиру, а дубок наклон Матијасу 🖤🤍#partizan pic.twitter.com/BPHWAQ3cit
— Partizan.net (@PartizanNet) January 28, 2023