Контакт

Спорт

„Роналдо е веќе суспендиран“

Објавено пред

Кристијано Роналдо би можел да се соочи со една од најстрогите дисциплински казни во неговата кариера досега. На 30 септември, капитенот на Португалија без дозвола го напушти кампот на репрезентацијата во Данска, а тој потег сега би можел да има сериозен правен епилог.

Португалскиот адвокат Гонзало Алмеида потврди за „А Бола“ дека веќе е активирана превентивна суспензија против Роналдо кога станува збор за учество во активности и претставување на репрезентацијата. Португалската фудбалска федерација (ПФФ) треба да покрене постапка пред својата Дисциплинска комисија.

Член 160 од Дисциплинскиот правилник на ПФФ е клучен, според кој играч кој ги напушта обврските во репрезентацијата без основана причина може да биде казнет со суспензија во период од еден до шест месеци, заедно со парична казна.

Алмеида верува дека Роналдо тешко дека ќе избегне каква било санкција, со оглед на тоа што околностите на случајот се веќе јавно познати.

„Не гледам како би можел да си оди без санкција. Роналдо е веќе суспендиран кога станува збор за учество или претставување на националниот тим. Следно е покренување постапка од страна на Дисциплинската комисија при ПФФ, тело кое може да дејствува директно, без формален извештај, со оглед на тоа што фактите се јавно познати. Почитувајќи го принципот на процедурални гаранции, Кристијано ќе биде информиран да го искаже својот став, по што ќе следи одлука за која верувам дека ќе биде донесена прилично брзо.“

Foto/ Depositphotos

Најново

Свет3 минути

(Видео) Трамп најави „одличен, прекрасен договор за Украина и Европа“; За што станува збор?

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нов безбедносен договор за Украина, кој би можел „да се прошири на цела Европа“. Тој...

Забава8 минути

(Фото/Видео) Гламур на нејзин начин: Марго Роби покажа речиси сè во целосно проѕирен фустан

Холивуд и високата мода завладеаја со центарот на Сиднеј во четвртокот, кога многубројни славни личности се собраа во областа Барангару...

Забава17 минути

(Фото) Ким Кардашијан во „диво“ издание за кое зборува Њујорк

Луксузната комбинација што ја носеше Ким Кардашијан ги подели модните критичари, уште еднаш потврдувајќи го нејзиниот статус на икона која...

Забава24 минути

Не ви се потребни теретана ниту скапа опрема: овие пет вежби ќе го направат вашиот задник поцврст и позатегнат

Сите веќе знаеме дека можеме да одработиме квалитетен тренинг за кој било дел од телото, удобно, од сопствениот дом. Кога...

Култура30 минути

Триумф на актерката Соња Михајлова: Награда за животно дело во Битола и Гран При во Токио за филмот „Сестра, брат и шахта“

По повод „4 Ноември“- Денот на ослободувањето на Битола во Центарот за култура се одржа свечената академија на која беа...

Македонија33 минути

Максим Димитриевски: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки кон Бугарија без реципроцитет

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во телевизиско гостување порача дека ЗНАМ нема да отстапи од...

Забава57 минути

(Фото) Имаат над 50 години, а сепак изгледаат како да се во своите дваесетти: Овие славни дами му пркосат на времето

Без разлика дали станува збор за добра генетика, дисциплина или специфични ритуали за нега на себе, овие познати жени пронашле...

Европа1 час

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива за периодот од декември оваа година до мај следната година, се наведува во...

Регион1 час

Српски ловци придружуваа авион на „Виз ер“ по уште една закана за бомба

Два борбени авиона на српското воено воздухопловство пресретнаа авион на „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија, откако пристигнала...