Спорт
Роналдо: Не бркам рекорди, тие мене ме бркаат
Кристијано Роналдо, по завршувањето на сезоната, напишал дека се гордее на она што го постигнал сезонава и во својата досегашна кариера. Јувентус не успеа да ја одбрани титулата, а дури во последното коло обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
„Животот и кариерата на секој врвен фудбалер се проткани со подеми и падови. Секоја година се соочуваме со фантастични тимови, со исклучителни фудбалери и со амбициозни цели. Поради тоа, мораме да даваме сѐ од себе за да ја одржиме врвната форма.
Оваа година не успеавме да ја освоиме Серија А, му честитаме на Интер, заслужено ја освоија титулата. Сепак, морам да се гордеам на она што го постигнав со Јувентус оваа сезона, тимски и индивидуално. Ги освои Купот и Суперкупот, индивидуално го освоив трофејот за најдобар стрелец. Во земја во која ништо лесно не се освојува овие трофеи ме прават да бидам среќен.
Со овие успеси ја остварив целта што си ја поставив од првиот ден кога дојдов во Италија – да освојувам трофеи и да бидам најдобар играч и стрелец.
„Многупати сум рекол дека не бркам индивидуални рекорди, тие ме бркаа мене. За оние што не разбираат што сакам да кажам, ова е многу едноставно: фудбалот е колективна игра, но со индивидуалните достигнувања им помагаме на нашите тимови да си ги остварат целите“, им порачал на своите фанови 36-годишниот Роналдо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА
Кошаркарот на Торонто Репторс, Џонтеј Портер, доживотно е суспендиран од НБА лигата поради коцкање.
Челниците на НБА одлучија дека тој повеќе не може да се натпреварува во најдобрата кошаркарска лига во светот.
Така на неславен начин ја заврши кариерата. Џонтеј е брат на кошаркарот на Денвер Нагетс, Мајкл Портер Јуниор.
По аферата која изби во изминатите два месеци, пронајдени се непобитни докази дека Портер се коцкал обложувајќи се на себе.
За комесарот на лигата Адам Силвер немаше дилема, тој мораше да ја донесе оваа одлука.
Според правилата на НБА, секој играч кој ќе се обложи со пари или ќе вложи било каква вредност на натпревар или настан организиран од лигата или Развојната лига може да се соочи со казни од комесарот на лигата Адам Силвер.
Портер, кој е брат на Мајкл Портер од Денвер, во 26 натпревари имаше просек од 4,4 поени, 3,2 скока и 2,3 асистенции.
Спорт
Надал елиминиран од Де Минор
Рафаел Надал го заврши својот настап во второто коло на турнирот во Барселона. Шпанецот во два сета загуби од Алекс Де Минор (5:7, 1:6).
Надал против Де Минор се држеше до финишот на првиот сет. Австралиецот во 11.гем направи брејк, а патоа и го освои сетот. Во вториот сет немаше никава неизвесност, Де Минор го прегази својот противник.
Тој ја забележа првата победа во дуелите со Надал на земјана подлога и втора во петтата меѓсебна пресметка со еден од најдобрите во историјата на тенисот.
Де Минор во третото коло ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Даниел Алтмаер и Артур Фис.
На крајот публиката со овации го испрати Надал. Веројатно ова беше последен пат во кариерата да настапи на турнирот кој го освоил 12 пати.
Спорт
Воска спорт и Тиквеш ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија
Foto/ facebookFC-Voska-Sport
Воска спорт и Тиквеш ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија. Воска спорт во два натпревари го елиминира бранителот на трофејот Македонија ЃП, а Тиквеш во пебал-рулетот беа подобри од Шкупи. Двата тима прв пат изборија место во големото финале.
Воска спорт доживеа пораз во реваншот од Македонија ЃП (2:1), но во финалето се пласира благодарение на победата 2:0 во првиот натпревар, во Охрид.
Гостите го постигнаа првиот гол на натпреварот, преку Јахији во 13.минута. Екипата од Ѓорче Петров натпави пресврт со головите на Фазли во 25. и Велковски во 64.минута, но тоа не им беше доволно да се пласираа во финалето.
Во Кавадарци, Тиквеш и Шкупи одиграа идентично како и во првиот натпревар, без голови. Тиквеш пенал серијата ја доби со 5:3. Сите играчи на домашниот тим беа прецизни од белата точка, а кај Шкендија трагичарот беше Илиевски чии удар голманот Ренер го одбрани во првата серија.