Контакт

Спорт

Роналдо не ја заборава Палестина – донирал 1.5 милиони долари за помош на Газа

Објавено пред

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо донирал 1.5 милиони долари за помош на луѓето од појасот Газа кои постат за време на рамазан, објавија повеќе арапски медиуми.

ЦР7 решил да ја даде сумата за Газа поради неговата длабока поврзаност со палестинската кауза, откако и во минатото зборуваше за страдањето на Палестинците. Во 2012 година тој ја продаде својата златна копачка за 1.5 милиони долари, кои потоа ги донираше за обновување на училиштата во Газа.  Покрај тоа, тој одби да си смени дрес со израелските фудбалери по квалификациски меч за Светското првенство помеѓу Израел и Португалија.

Роналдо секогаш бил великодушен кога се работи за донациите, давајќи големи суми на фондацијата „Направи желба“ и за Црвениот крст, а беше амбасадор и на УНИЦЕФ и „Ворлд вижн“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Шкендија ги дозна потенцијалните противници во квалификациите за ЛШ

Објавено пред

Судува од Летонија, ЦФР Клуж од Романија, Номе Калју од Естонија, Арарат од Ерменија и Ференцварош од Унгарија се потенцијалните противници на македонскиот шампион Шкендија во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите пред утрешната ждрепка.

Шкендија е носител во првата група пред ждрепката заедно со Астана, Лудогорец, Црвена звезда и АИК Стокхолм, тимови со кои не може да се падне.

Ждрепката за паровите ќе се оддржи утре во Нион, Швајцарија, додека мечевите се играат на 9 и 10 јули, а реваншите на 16 и 17 јули.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛШ

ГРУПА 1

Носители: Астана (Каз), Лудогорец (Буг), Црвена звезда (Срб), Шкендија (Мкд), АИК Стокхолм (Шве)

Неносители: Судува (Лет), ЦФР Клуж (Ром), Ференцварош (Унг), Номе Калју (Ест), Арарат-Ерменија (Ерм)

ГРУПА 2

Носители: Селтик (Шко) , Карабаг (Азе), Дуделанж (Лук), Шериф Тираспол (Мол), Слован Братислава (Свк)

Неносители: Валета (Мал), Сараево (БиХ), Сутјеска (ЦГо), Партизани (Алб), Сабуртало (Гру)

ГРУПА 3

Носители: БАТЕ Борисов (Блр), Марибор (Сло), Розенборг (Нор), ХЈК Хелсинки (Фин), Дандалк (Ирс), Њу Сеинтс (Вел)

Неносители (победници во прелиминарната рунда): Пјас т Гливице (Пол), Валур (Исл), Линфилд (Ирс), Торсхавн (Фар), Рига (Лет).

Фото: ФК Шкендија

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Долгот на Фенербахче надминал 650 милиони долари

Објавено пред

Турскиот спортски клуб Фенербахче соопшти дека долгот на клубот изнесува над 650 милиони долари.

Менаџментот на Фенербахче одржа финансиска пленарна седница на својот матичен стадион „Улкер“, каде што соопшти дека долгот на клубот изнесува 661,6 милион долари.

Во 2017 долгот на спортскиот гигант изнесувал 767 милиони долари.

Според потпретседателот на клубот, Бурхан Карачам, порастот на странските валути наспроти падот на лирата негативно влијае на клубот.

Генерално, Фенербахче своите играчи ги исплаќа во странска валута.

Карачам вели дека дури и најмалата загуба во вреднсота на лирата наспроти странските валути претставува загуби од десетици милиони долари годишно.

Според Карачам, профитот на Фенербахче за 2018 година изнесува 311 милиони долари.

Основан во 1907 година во Истанбул, спортскиот клуб Фенербахче е еден од најголемите клубови во Турција и се натпреварува во повеќе спортови, како фудбал, кошарка и одбојка.

Фенербахче е еден од најпопуларните фудбалски клубови, како што и покажува бројот на фанови на нивниот инстаграм-профил (4,3 милиони), како и „Твитер“ (6,6 милиони).

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Александар Влахо, нов тренер на Работнички

Објавено пред

Работнички го именуваше Александар Влахо за нов тренер пред новата сезона, откако тој потпиша двегодишен договор со четирикратниот македонски шампион.

„По преговорите со неколку домашни и странски стратези, донесовме одлука Александар Влахо да биде именуван за нов шеф на стручниот штаб на Работнички. Се работи за млад домашен стратег кој има ПРО лиценца, добро го познава македонскиот фудбал, а истовремено има и одредено интернационално искуство. Низ разговорите се покажа дека има визија речиси идентична со нас за развојот и напредокот на ФК Работнички, гладен е за успеси и добива шанса да се докаже на кормилото на нашиот тим“, вели претседателот на Работнички, Драган Поповски.

Александар Влахо е среќен што добива можност да биде кормилар на Работнички и се надева дека со напорна работа ќе успее да ги оствари зацртаните цели на клубот.

„Би сакал да се заблагодарам на претседателот Драган Поповски и раководството на Работнички за довербата, се надевам дека максимално ќе ја оправдам со напорна работа и со успешни резултати. Не очекува многу работа, клубот е во фаза на формирање на нов тим, а максимално ќе бидеме посветени и да ја задржиме стратегијата за форсирање на млади фудбалери од младинската школа“, изјави Александар Влахо.

Фото: ФК Работнички

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија5 часа

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија6 часа

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија7 часа

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија7 часа

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски8 часа

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион9 часа

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести23 часа

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија23 часа

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт23 часа

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести1 ден

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт1 ден

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет1 ден

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ1 ден

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет1 ден

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет1 ден

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет1 ден

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет1 ден

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Економија2 дена

ММФ: Најголемиот проблем на Западен Балкан е лошата инфраструктура и невработеноста

Недостигот на капитал и ниската вработеност се најголемиот проблем на земјите од Западен Балкан, изјавил високиот регионален претставник на Меѓународниот...

Досие