Контакт

Спорт

Роналдо не дал гол од слободен удар за Јуве во 28 обиди (видео)

Објавено пред

Кристијано Роналдо, веднаш по пристигнувањето во Торино, беше назначен за прв изведувач на слободни удари, но за разлика од другите квалитети, досега не постигнал гол од слободен удар за Јувентус во дури 28 обиди.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ постигна убав гол од слободен удар за Португалија да го освои трофејот од УЕФА Лигата на нациите, а имаше и еден убав гол во пријателски меч со Интер во текот на летото, но по двата неуспешни обида против Локомотив Москва во вторникот, Роналдо сега има 28 обиди без постигнат гол, кои можете да ги видите на видеото.

Од овие обиди, седум се одбранети од голманите, двата се далеку од голот, а дури 19 не успеале да го поминат живиот ѕид (како во последните девет обиди).

Инаку, Роналдо има 33 гола во 53 меча за Јувентус, а претходно вкупно 55 гола од неговите 701 во кариерата дојдоа од слободен удар – 13 за Манчестер јунајтед и 30 за Реал Мадрид. Можеби Маврицио Сари, едноставно, треба работата да му ја препушти на Миралем Пјаниќ, на пример.

Спорт

Кимих од Баерн бара нов договор и поголема плата

Објавено пред

Џошуа Кимих, сам ќе преговара со Баерн Минхен за новиот договор. 26-годишниот фудбалер ја раскинал соработката со агенцијата fair-sport GmbH. Кимих од Баерн ќе побара плата каква што имаат најплатените фудбалери во тимот.

„Оваа одлука ја донесов минатата година. Верувам дека сам можам да се застапувам на најдобра можен начин“, рекол Кимих.

„Билд“ тврди дека Кимих сака што побргу да знае каква е неговата иднина во Баерн, иако неговиот актуелен договор истекува во јуни 2023 година.

Иако има големо влијание во играта на Баер, Кимих, според платата, не е меѓу првите пет фудбалери.

Најголема плата во Баерн има Роберт Левандовски, тој месечно заработува 1,7 милион евра. Веднаш до Левандовски е Мануел Нојер, а повеќе од Кимих заработуваат Лирој Сане, Томас Милер и Лукас Ернандез.

Џошуа Кимих е играч на Баерн од 2015 година. Баварците за неговиот трансфер на Штутгарт му платија 8,5 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Спорт

Солскјер стравува од Џеко

Објавено пред

Манчестер јунајтед против Рома ќе се бори за пласман во финалето, во Лига Европа. „Црвените ѓаволи“, во четврт-финалето ја елиминираа Гранада, а Рома беа подобри од Ајкас.

„Не сум ја гледал Рома оваа сезона. Знам дека против Ајакс одиграа два добри натпревари. Добри се во одбраната. Сите го знаеме Един Џеко, шт значи дека секоја топка во шеснаесетникот е опасна“, рекол менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

„Се радуваме на мечевите со Рома. Тоа е клуб со голема историја, но ние во минатото сме имале добри резултати против италијанските тимови“.

Манчестер јунајтед ќе ја пречека Рома на 29.април, а потоа на 6.мај ќе гостува во Рим. Во второто полу-финале ќе играат Виљареал и Арсенал.

Прикажи повеќе...

Спорт

Блесок на Богдановиќ во поразот на Атланта, Кари го растури Кавалирс

Објавено пред

Атланта Хокс ја прекина серијата од три победи со поразот од Милвоки Бакс 120:109. Голден стејт Вориорс славеше против Кливленд Кавалирс 119:101.

Дуелот на екипите што се наоѓаат на третото и четвртото место во Источната конференција го обележа Богдан Богдановиќ од Атланта Хокс. Српскиот репрезентативец, по паузата од два месеца, полека ја фаќа вистинската форма и на последните пет натпревари е најдобриот играч на Атланта.

Против Милвоки, Богдановиќ постигна 28 поени, на кои придодаде шест скока и седум асистенции. Тој погоди шест тројки од 12 обиди, од поле шутира 10/20. Дабл-дабл со 16 поени и исто толку скокови за Атланта одигра Клинт Капела.

Милвоки го предводеше Џру Холидеј со 23 поени и седум асистенции, Брук Лопез забележа 19 поени и 12 скока, а најдобриот играч на Бакс, Јанис Адетокумбо, постигна 15 поени.

Стеф Кари го предводеше Голден стејт Вориорс во победата над Кливленд 119:101. Кари постигна 33 поени и го донесе својот тим на скор од 28 победи и исто толку порази. Кари на последните девет натпревари постигнува најмалку 30 поени.

Голема помош доби од Ендрју Вигинс, кој уфрли 23 поени. Колин Секстон кај Кливленд мечот го заврши со 30 поени.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Економија4 минути

Објавена топ 10 листа на земји од кои Македонците најмногу купуваат онлајн

Согласно објавените податоци од Народната Банка, Асоцијацијата за е-трговија го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни...

Свет40 минути

СЗО: Стапката на новозаразени се ближи до нов рекорд

Бројот на нови случаи на коронавирус во светот, на неделно ниво е скоро двојно зголемен во последните два месеца и...

Европа2 часа

Првите „ковид-фри“ возови од денес превезуваат патници од Рим до Милано

Денес, тргнуваат специјални „ковид-фри“ возови, во кои патниците ќе може да се качуваат само со негативен тест на коронавирус, што...

Регион2 часа

„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу

Граѓаните на Србија развија имунитет најбргу со вакцината на „Фајзер“ и тоа две недели по првата доза, што е за...

Македонија2 часа

Во болниците во земјата се лекуваат 1.708 ковид-пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.708 пациенти со коронавирус...

Регион3 часа

Србија ги отвора училиштата

Кризниот штаб на Србија донесе одлука децата да се вратат на училиште. Според членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, состојбата...

Македонија3 часа

Приведен Драги Рашковски, Обвинителството бара притвор

Полицијата го приведе поранешниот секретар во кабинетот на премиерот и поранешен генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, во рамките на истрагата...

Европа17 часа

Четири лица починаа по примањето на вакцината на „Астразенека“ во Италија

Четири лица во Италија починаа од ретки тромби, откако беа вакцинирани со вакцината на „Астразенека“, се вели во извештајот на...

Македонија20 часа

Во Македонија 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа, а оздравени се 1.024...

Македонија21 час

Мицкоски: Илјадници луѓе се заведени во Избирачкиот список со два матични броја

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг со новинарите обелодени нов скандал со назив „Мафија 2“, кој се однесува...

Европа22 часа

Фон дер Лаен обвинета за кршење на дипломатскиот протокол

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, е обвинета за кршење на дипломатскиот протокол како одговор на поканата на...

Македонија1 ден

Кинеските вакцини ќе пристигнат на 28 април

Министерот за здравство најави дека на 28 април во земјата ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини додавајќи дека потврдата ја...

Регион1 ден

Објавен нон-пејперот што го потресе регионот: предлози за нови граници на Балканот

Словенечкиот портал „Нецензурирано“ го објави нон-пејперот, односно неофицијалниот дипломатски документ за новите поделби на територијата на поранешна Југославија. Документот, кој...

Регион1 ден

Борисов ја достави оставката пред Националното собрание

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, утрово ја достави оставката пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министрите,...

Европа1 ден

Две години од пожарот во „Нотр Дам“ – се очекува катедралата повторно да биде отворена во 2024

Катедралата „Нотр Дам“ во Париз, уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена во 2024 година, вети во...

Свет1 ден

Тела на четири деца пронајдени по пожар во куќа во Русија

Телата на четири деца се пронајдени по избувнувањето пожар во приватна куќа во село во регионот Свердловск во Русија. Во...

Македонија1 ден

Денеска се вакцинираат лицата на 73 и 74 години

Денеска, почнува вакцинацијата на сите граѓани од 73 и 74 години, кои се пријавени преку vakcinacija.mk или преку матичните лекари....

Македонија2 дена

СЗО: Состојбата во земјите од Западен Балкан е сериозна

Претставничката на Европската канцеларија на СЗО, Кетрин Смолвуд, предупреди на состојбата со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е сериозна....

Регион2 дена

Србија почна со производство на руската вакцина

Во институтот „Торлак“ во Србија почна производството на руската вакцина „спутник В“. Оваа вакцина во иднина ќе може да се...

Македонија2 дена

Работата на Собранието да се деблокира на секое ниво, порача Џафери на вонредна координативна средба

Вонредна координативна средба поради блокадите во Собранието се одржа попладнево на иницијатива на претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а...

Досие