Спорт
Роналдо: Очекував трофеј со Ал-Наср, но ќе го освоиме следната сезона

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо не успеа да освои трофеј во првата сезона во Саудиска Арабија со тимот на Ал-Наср. Имаше најави дека е незадоволен и дека ќе си замине, но тој најави дека и следната сезона ќе игра во Саудиска Арабија за истиот тим.
Во интервју за саудиската Про-лига, тој истакна дека очекувал да освои нешто со тимот, но сега се надева дека следната година ќе има поголема шанса.
„Моите очекувања беа малку поинакви да бидам искрен. Се надевав дека ќе освојам нешто оваа сезона, но работите не одат секогаш како што сакате. Понекогаш ви треба страст, желба и упорност за да успеете. Сè уште верувам дека следната година ќе се претставиме подобро. Во последните 5-6 месеци тимот се разви многу. Истото може да се каже и за другите тимови во лигата“, изјави Кристијано Роналдо.
Сѐ погласни се шпекулациите дека од следната сезона би можеле во Саудиска Арабија да му се придружат и Карим Бензема и Лионел Меси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(ВИДЕО) Серхио Рамос си даде автогол, Барса ја победи Севилја

Барселона оствари минимален успех над Севилја славејќи со 1-0. По ова каталонскиот тим се наоѓа на врвот на табелата со бод предност пред Џирона.
Барселона долго се обидуваше да го скрши отпорот на Андалузијците, а во 76.минута автогол си постигна Серхио Рамос. Тој сакаше да блокира, а топката заврши во мрежата на Севилја.
Спорт
(ВИДЕО) Борусија Дортмунд го победи Хофенхајм

Борусија Дортмунд оствари триумф на гости против Хофенхајм со 1:3 и се искачи на првата позиција на табелата во Бундеслигата.
Никлас Фулкруг во 18.минута донесе предност за „милионерите“, но израмни Андреј Крамариќ од пенал само седум минути подоцна.
Сепак, Борусија Дортмунд замина на одмор со водство од 1:2 откако во 45.минута погоди Марко Ројс.
Во финишот од мечот, во судиското продолжение, Џулијан Риерсон го постави конечниот епилог на овој меч.
Спорт
Лисандро Мартинез ја обнови повредата, го чека долга пауза

Аргентинскиот фудбалер Лисандро Мартинез долго време ќе отсуствува од фудбалските терени.
Веста ја потврди неговиот клуб Манчестер јунајтед на официјалниот сајт.
„Лисандро Мартинез ќе паузира подолг период поради влошување на повредата на стапалото која го мачи од април, а која ја обнови на неодамнешниот натпревар против Арсенал. Сега му треба одреден период на рехабилитација и ќе отсуствува подолг период“.
И покрај повредата на мечот со Арсенал, Аргентинецот сепак ги одигра натпреварите против Баерн и Брајтон, а според англиските медиуми сега го очекува пауза од најмалку два месеци.
Јунајтед ќе биде и без бекот Серхио Регилон за саботниот натпревар против Кристал Палас на „Олд Трафорд“.
Сепак, кај него не се работи за сериозна повреда и наскоро ќе му биде на располагање на Ерик тен Хаг.