Спорт
Роналдо: Патот до финалето во ЛШ почнува од Порто

Фудбалерот на Јувентус, португалскиот ас Кристијано Роналдо денеска изјави дека со претстојниот осминафинален меч со Порто започнува долгиот пат до финалето во елитното натпреварување.
„Утре не чека многу важен меч против многу силен тим. Се надевам дека тоа може да е почеток на долгиот пат кој сакаме да го поминеме се до финалето. Го почитуваме противникот, но нашата амбиција е победа и ние сме 100% фокусирани на нашата цел“ наведе Роналдо на социјалните мрежи.
Фудбалерите на „Старата дама“ утре нагости кај Порто го играат првиот осминафинален меч од ЛШ.
Јуве влегува во овој меч по поразот од Наполи изминатиот викенд, но во Европа целта им е јасна – финале во ЛШ.
Реванш мечот е на 9. март во Торино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Де Хеа пропушта шест натпревари

Манчестер јунајтед во наредните шест натпревари нема да може да смета на услугите на првиот голман Давид Де Хеа. Шпанецот, не беше во тимот на Манчестер јунатед, синоќа, против Кристал Палас.
Медиумите во Англија, објавија дека Де Хема требало да реши некои „приватни проблеми“, а клубот му го дозволил тоа.
Се шпекулира дека Де Хема нема да се појави во тимот на Манчестер јунајтед до крајот на овој месец, што значи дека ќе ги пропушти и квалификациските натпревари на шпанската репрезентација.
Шпанецот ќе пропушти шест натпревари на на Манчестер јунајтед, вклучувајќи го и градското дерби со Сити, како и дуелите со Милан во Лига Европа.
На голот ќе го замени англискиот репрезентативец Дин Хендерсон.
Спорт
Пике на нова пауза

Џерар Пике, поради повредата на десното колено, повторно ќе оди на пауза. Пике, се повреди, во второто продолжение на натпреварот со Севилја. Барселона, во драматичен натпревар ја елиминираше Севилја, а продолженијата ги избори Пике со голот што го постигна во 94.минута.
Пике, поради повредата на десното колено, паузираше три месци. Во тимот се врати пред десет дена, а сега ќе мора да отсуствува три недели. Денешните прегледи покажале истегнување на лигаментите во десното колено.
Пике, поради оваа повреда, ќе го пропушти осмина-финалниот реванш со ПСЖ, во Лигата на шампионите и тешкото гостување во Сан Себастијан, против Реал Сосиедад.
Спорт
Португалците експресно ги решија „британските“ проблеми

Фудбалскиот сојуз на Португалија експресно го реши проблемот поврзан со фудбалерите кои играат во англиските клубови. Поради „црвената листа“ на британската влада, а на која се наоѓа и Португалија, сите кои во Велика Британија влегуваат од овие земји, задолжителен е 10-дневен карантин.
Бруно Фернандеш, Рубен Дијаз, Бернанрдо Силва, Диого Жота, Рубен Дијаз, Жоао Мутињо, Педро Нето, Руи Патрисо и Жоао Кансело се стандардни во португалската репрезентација.
Португалците за дуелите со Азербејџан и Србија ќе се соберат во Торино. Во овој град на 24.март ќе го пречекаат Азербејџан, а три дена подоцна ќе гостуваат во Србија.
Кога наведените фудбалери ќе се вратат во Велика Британија нема да мора да одат во карантин, бидејќи Италија и Србија не се наоѓаат на „црвената листа“.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер