Контакт

Спорт

Роналдо се враќа во португалската репрезентација

Објавено пред

Кристијано Роналдо одлучи да се врати во португалската репрезентација. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња го потврди ова со објава на социјалните мрежи.

„Ако сум физички подготвен, ако играм за мојот клуб и, се надевам, постигнувам голови, по отслужувањето на суспензијата што ќе ми биде изречена, ќе бидам достапен, како што отсекогаш сум бил до денес, да се натпреварувам и да победувам за нашата репрезентација“, рече Роналдо во соопштението.

Пред неколку дена, Роналдо ја напушти португалската репрезентација. Неговото незадоволство кулминираше по натпреварот против Норвешка, во кој Жесус не го внесе во играта, иако беше испратен да се загрева во текот на второто полувреме. Потоа рече дека „во вистинско време, ќе им ја каже вистината на сите Португалци“. Сега се огласи со опширна изјава.

„Како што ветив, решив лично и директно да ги кажам околностите што го одбележаа последниот собир на репрезентацијата“, започна Роналдо.

Тој откри дека по Светското првенство во 2026 година сериозно размислува да ја заврши својата репрезентативна кариера. Дури и му напишал проштално писмо на Португалците, кое сè уште го чува и кое има намера да го објави кога дефинитивно ќе ја напушти репрезентацијата.

Според него, претседателот на Португалската фудбалска федерација, Педро Проенса, се обидел да го одврати од таквата одлука.

„На крајот од натпреварувањето, веќе на летот од Соединетите Американски Држави, претседателот на Федерацијата ме замоли и инсистираше повторно да размислам за заминување бидејќи Федерацијата сакаше да продолжам да играм“, напиша Роналдо.

Роналдо одлучи да ја продолжи својата меѓународна кариера и повторно да се стави на располагање на Португалија. Ова, барем засега, ја завршува неизвесноста околу неговата иднина по бурнната недела.

„Уште еднаш им се извинувам на Португалците, но кршењето на дадениот збор има одлучувачко влијание за мене. Чувствував дека од тој момент, моето останување само ќе му наштети на тимот и го направив она што секогаш велев дека ќе го направам ако повеќе не се чувствувам корисен: ги спакував куферите и си заминав“, рече Роналдо и додаде:

„Последиците од моите постапки треба да бидат оценети и казнети од Португалската фудбалска федерација. Верувам дека не треба да има олеснителни околности при казнувањето. Јас не сум било каков играч, јас сум капитен на тимот и тоа е отежнувачка околност. Веќе се извинив, но знам дека постапките мора да имаат последици. Некој што е во фудбалот толку долго колку мене знае дека, без оглед на статусот на поединецот, правилата се исти за сите.“

Foto/ Depositphotos



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Забава2 минути

(Фото) Ким Кардашијан во „диво“ издание за кое зборува Њујорк

Луксузната комбинација што ја носеше Ким Кардашијан ги подели модните критичари, уште еднаш потврдувајќи го нејзиниот статус на икона која...

Забава9 минути

Не ви се потребни теретана ниту скапа опрема: овие пет вежби ќе го направат вашиот задник поцврст и позатегнат

Сите веќе знаеме дека можеме да одработиме квалитетен тренинг за кој било дел од телото, удобно, од сопствениот дом. Кога...

Култура15 минути

Триумф на актерката Соња Михајлова: Награда за животно дело во Битола и Гран При во Токио за филмот „Сестра, брат и шахта“

По повод „4 Ноември“- Денот на ослободувањето на Битола во Центарот за култура се одржа свечената академија на која беа...

Македонија17 минути

Максим Димитриевски: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки кон Бугарија без реципроцитет

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во телевизиско гостување порача дека ЗНАМ нема да отстапи од...

Забава42 минути

(Фото) Имаат над 50 години, а сепак изгледаат како да се во своите дваесетти: Овие славни дами му пркосат на времето

Без разлика дали станува збор за добра генетика, дисциплина или специфични ритуали за нега на себе, овие познати жени пронашле...

Европа51 минута

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива за периодот од декември оваа година до мај следната година, се наведува во...

Регион1 час

Српски ловци придружуваа авион на „Виз ер“ по уште една закана за бомба

Два борбени авиона на српското воено воздухопловство пресретнаа авион на „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија, откако пристигнала...

Свет1 час

Шефицата на Европската централна банка си заминува: два кандидати во трка за нејзин наследник

Шпанецот Пабло Ернандес де Кос и Холанѓанецот Клас Нот се двајцата кандидати за позицијата нов претседател на Европската централна банка...

Забава1 час

Финансиска пресвртница: Овие 3 хороскопски знаци ќе доживеат таков прилив на пари, што ќе ги решат сите свои проблеми

За три хороскопски знаци доаѓа крај на сиромаштијата, што се совпаѓа со Младата месечина во знакот на Шкорпија. Зголемувања на...