Контакт

Спорт

Рони О’Саливен стана снукер-легенда – седма светска титула за израмнување со Хендри

Објавено пред

Фантастичниот Рони О’Саливен стигна до 18:13 победа над Џад Трамп во финалето на Светскиот шампионат во снукер во „Крусибл“ во Шефилд, за своја седма светска титула со што се израмни со Стивен Хендри и во исто време го зацементира своето место како најдобар снукер играч во историјата.

dobivaj vesti na viber

46-годишниот Англичанец направи огромна предност од 11:5 по неделните две сесии, но денеска во текот на попладневната серија, Трамп се врати за да ја намали предноста на 14:11 пред финалната вечерна сесија. Тука О’Саливен лесно освои два фрејма, пред да направи две грешки и да му дозволи на Трамп да намали на 16:12 и потоа на 17:13, за да ја комплетира победата во 31. фрејм од финалето.

Со победата, покрај седмата титула од Шефилд, О’Саливен стана и единствениот снукер играч кој има по 7 титули од трите најпрестижни турнири, таканаречени „тројни“ круни – „Ракетата“ има и 7 победи на УК шампионатот и на Мастерс турнирот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Тен Хаг: Не е добро

Објавено пред

Новиот менаџер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека ситуацијата не е толку добра, но истакна дека е убеден дека може да постигне успех.
Тен Хаг, вчера од трибините гледаше како нивниот нов тим загуби од Кристал Палас со 1-0, со што тимот дојде до шестото место во Премиер лигата.

dobivaj vesti na viber

Холанѓанецот, кој минатата недела пристигна во Лондон за да започне со плановите за следната сезона, не негува илузии за задачата што го чека, туку е фокусиран на плановите поврзани со преодниот рок.

„Моменталната ситуација не е добра и мора да ја прифатиме, но исто така треба да бидеме свесни дека оваа екипа беше втора во Премиер лигата пред една година. Потенцијалот постои и сега на нас е да го извадиме“, изјави Тен Хејг за клупската телевизија.

„Тоа е процес, ќе треба време, но убеден сум дека ќе стигнеме до точка каде што ќе постигнеме успех. Мора да работиме напорно и се да се базира на вистинската филозофија и стратегија“, додаде тој.

Холанѓанецот потврди дека Јунајтед ќе ги започне подготовките за следната сезона на 27. јуни.

„Мораме да го засилиме тимот на одредени позиции. Но, како што кажав, пред една година овој тим беше втор во лигата, така што има потенцијал и со нетрпение очекувам да работам со тимот“, изјави Тен Хаг.

Планот му е да изгради тим во кој играчите ќе се борат еден за друг, кој е обединет и кој ќе носи резултати.

Трансферот на „Олд Трафорд“, го нарече, возбудливо поглавје во неговата кариера и додаде дека со нетрпение очекува да работи во клуб со толку голема историја.

Манчестер Јунајтед објави дека поранешниот селектор на Англија, Стив Мекларен и Мичел ван дер Гаг ќе му бидат помошници на Тен Хаг. Мекларен веќе соработуваше со Тен Хејг во Твенте, додека Ван Дер Хаг со него во Ајакс.

Мекларен работеше како асистент на Алекс Фергусон на „Олд Трафорд“ од 1999 до 2001 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Милевски повика 28 играчи за натпреварите во Лигата на нациите

Објавено пред

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот со фудбалери за натпреварите против Бугарија (2 јуни), Гибралтар (5 јуни), Грузија (9 јуни) и Гибралтар (12 јуни) од групата 4 во Ц-сегментот од новото издание на Лигата на нациите.

dobivaj vesti na viber

Двете воведни пресметки ги играме на гостински терен во бугарски Разград и во Гибралтар. Домашните натпревари против Грузија и Гибралтар се закажани на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат 28 фудбалери.

„Базата на тимот веќе ја имаме со фудбалерите што ги одиграа натпреварите за пласман на Светското првенство, но нашата цел е тројцата нови фудбалери во составот – Димоски, Гроздановски и Фазлагиќ – да донесат одредено освежување во репрезентацијата. Шанса за потврда на својот потенцијал и квалитет ќе добијат сите и преку подготовките и натпреварите, помладите фудбалери треба да покажат дека може да бидат важен дел од репрезентацијата во нашите натпревари од квалификациите за Европското првенство, чија ждрепка е закажана во октомври. Јас се надевам на многу позитивни работи во периодот што ни следува, иако распоредот ни наметнува четири меча, а фудбалерите завршија со клупски активности. Некои од нив како последица од напорната сезона и бројот на одиграни натпревари нама да бидат во комбинација за настап за натпреварите што ни следуваат, а ќе видиме каква е ситуацијата со некои од играчите кои имаат повреда и дали ќе бидат во можност да настапат“, рече селекторот Милевски.

Списокот за јунските натпревари во Лигата на нациите:

Голмани: Столе Димитиревски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шшковски (Докса, Кипар), Кристијан Наумовски (Шкупи), Дени Илиев (Тренцин, Словачка)

Одбрана: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Висар Муслиу (Инглоштат, Германија), Кире Ристевски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езѓан Алиоски (Ал Ахли, Саудиска Арабија), Тодор Тодоровски (Серед, Словачка), Стефан Ашковски (Сепси, Романија), Никола Серафимоф (Залаегерсег, Унгарија), Ѓоко Зајков (Славија Софија, Бугарија), Бојан Димоски (Академија Пандев)

Среден ред: Елиф Елмас (Наполи, Италија), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (МТК, Унгарија), Енис Фазлагиќ (Висла Краков, Полска), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка), Ердал Ракип (Малме, Шведска), Бобан Николов (Шериф Тираспол, Молдавија), Давид Бабунски (Дебрецин, Унгарија)

Напад: Милан Ристовски (Спартак Трнава, Словачка), Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Дарко Чурлинов (Шалке 04, Германија), Александар Трајковски (Ал Фејха, Саудиска Арабија), Ваљон Етеми (Истанбулспор, Турција), Дориан Бабунски (Дебрецин, Унгарија)

Извор: FFM.mk

Прикажи повеќе...

Спорт

Португалец ќе биде новиот тренер на ПСЖ

Објавено пред

Тренерот на Спортинг од Лисабон, Рубен Аморим е прв пик на новиот спортски директор на клубот, Луис Кампос, тврди „Ле Парисиен“.

dobivaj vesti na viber

Аморим е поранешен тренер на Каса Пио и Брага, со Спортинг има договор до 2024 година.

37-годишникот на клупата треба да го замени Маурисо Покетино. Аргентинецот не ги исполни очекувањата и целите кои беа поставени пред него. ПСЖ, од Лигата на шампионите испаднаа во осмина-финалето.

ПСЖ на Спортинг ќе треба да му платата 30 милиони евра доколку сакаат да го ангажираат младиот тренер.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ40 минути

Кривична пријава за наставник од Струмица, кој на ученичка ѝ праќал пораки и ја допирал

Приведен наставник од Струмица за полов напад врз дете што не наполнило 14 години. Според информациите, 40-годишниот наставник ја допирал...

Македонија2 часа

Ангел Димитров: Проблемот е што македонските историчари се трудат да не прифатат заедничка историја

Бугарија не треба да дозволи притисок. Бугарската страна мора да покаже доверба во својот став, во своите аргументи и без...

Европа5 часа

Белгија е првата земја што воведе карантин поради мајмунските сипаници

Белгија стана првата земја што воведе задолжителен 21-дневен карантин против мајмунските сипаници бидејќи 14 земји сега потврдуваат појава на вирусна...

Европа5 часа

Светски економски форум во Давос: Ќе се разговара за последиците од војната во Украина

Три месеци по почетокот на руската инвазија на Украина, војната и ризиците што таа ги носи за светската економија ќе...

Свет6 часа

Претставниците на АПЕК: Русија веднаш да ја прекине војната во Украина

Претставниците на седум земји, вклучително и оние што го напуштија состанокот на министрите за економија на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК),...

Свет6 часа

Бајден: Подготвени сме да употребиме сила за одбрана на Тајван

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе биде подготвен да употреби сила за да го одбрани Тајван. Тој рече дека...

Европа6 часа

Русија: Планираме да изградиме и распоредиме 50-ина нови ракети „Сармат“

Русија планира да изгради и распореди 50-ина нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, способни за нуклеарни напади до крајот на есента,...

Европа6 часа

Зеленски: До 100 украински војници гинат секој ден во борбите на истокот на земјата

Володимир Зеленски објави дека Украина губи до 100 војници секој ден во борбите на истокот на земјата. Зборувајќи на прес-конференцијата,...

Европа6 часа

Борел: Ги исцрпивме воените резерви поради војната во Украина

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во неделата изјави дека војната во Украина тектонски го...

Свет16 часа

Генералниот директор на СЗО: Пандемијата на коронавирус сигурно не е завршена

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот сигурно не е завршена и...

Македонија22 часа

Ковачевски ќе ja предводи владината делегација во Ватикан и Рим, најавена е и средба со Петков

Премиерот Димитар Ковачевски придружуван од ќерката Тамара Ковачевска на 23 и 24 мај ќе предводи делегација на Република Северна Македонија...

Европа22 часа

Француски министер: За влез на Украина во ЕУ ќе бидат потребни 15 или 20 години

За влез на Украина во Европската унија ќе бидат потребни најверојатно 15 или 20 години, рече францускиот министер за европски...

Европа1 ден

Бајден: „Епидемијата на мајмунски сипаници причина за загриженост“

„Епидемијата на сипаници е нешто за што сите треба да бидат загрижени“, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден. Тој додаде...

Економија1 ден

Бектеши: Трговците во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници

Министерството за економија веќе предложи до Собранието измени и дополнувања на Законот за трговија со кои се овозможува работа во...

Регион1 ден

(Видео) Тепачка меѓу навивачи на „Хајдук“ со полицијата на автопатот кај Загреб, имало и повредени

Синоќа навивачите на Хајдук се судрија со полицијата на автопатот А1 во близина на одморалиштето Дешинец, пренесуваат хрватските медиуми. Според...

Европа1 ден

Подољак: Нема да има отстапување на територија

Украина ја отфрла можноста да се согласи на прекин на огнот со Русија и порача дека Киев нема да прифати...

Европа1 ден

Велика Британија: Регионот Северен Доњецк е приоритет на Русија

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство објави неодамнешен извештај за ситуацијата во Украина. Единствената руска оперативна чета со возила за...

Економија1 ден

Западот во страв- Светот има залихи на пченица за само десет недели?

Русија и Украина сочинуваат околу една четвртина од светскиот извоз на пченица, а Западот стравува дека Путин се обидува да...

Економија1 ден

Пад на „Волстрит“ седма недела по ред, инвеститорите стравуваат од рецесија

По големите осцилации на „Волстрит“, цените на акциите паднаа минатата недела, седми пат по ред, бидејќи инвеститорите стравуваат дека поради...

Европа2 дена

Зеленски: Го скршивме ’рбетот на руската армија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата војска нанела сериозна штета на руските вооружени сили и покрај падот на клучниот...