Контакт

Спорт

Рубљев пак убедлив, ќе игра финале со Ѓоковиќ

Објавено пред

Русинот Андреј Рубљев ја забележа и својата трета победа на „Адрија турнејата“ во Задар, Хрватска откако со 4:2/4:1 издоминира против Александер Зверев за да се пласира во финалето на егзибицискиот турнир против основачот Новак Ѓоковиќ.

Рубљев претходно ги совлада Марин Чилиќ и Данило Петровиќ за со совршени 3-0 да се спротистави на светскиот рекет број 1, Ѓоковиќ во 20 часот, иако Србинот прво ќе треба да го доигра последниот меч од својата група против хрватскиот светски број 300., Нино Сердарушиќ.

Турнирот во Задар е втор на турнејата на Ѓоковиќ, откако на првиот турнир во Белград, триумфираше Доминик Тим по победата над Филип Крајиновиќ. По ова ќе следат два турнири во Босна и Херцеговина, во Сараево и во Бања Лука.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Контроверзии пред почетокот – Ред бул вложи протест за ДАС-системот на Мерцедес

Објавено пред

Ред бул рејсинг остана на зборот и вложи протест против ДАС (Dual-Axis Steering) системот на шампионскиот тим на Мерцедес пред почетокот на сезоната со австриското ГП овој викенд.

ДАС-системот предизвика многу контроверзии на зимското тестирање бидејќи се работи за систем со кој возачите на Мерцедес со придвижување на воланот напред и назад може да ја намалат оската на предните тркала.

Мерцедес постојано тврди дека системот е легален според правилата на ФИА, но Ред бул смета дека се прекршени правилата 3.8 и 10.2.3 од техничките правила на Ф1. Правилото 3.8 е за подвижни делови кои влијаат на аеродинамиката на болидот, а правилото 10.2.3 вели дека не се можни промени на суспензијата додека болидот е во движење.

Мерцедес доминираа на двете тестирања на патеката Ред бул ринг поставувајќи 1-2 време во двете сесии. Иако е нејасно колку ДАС-системот дава предност на возачите, ФИА претходно објави дека системот нема да биде дозволен во 2021 година.

Мерцедес ги шокираа сите со подвижниот волан на зимското тестирање (видео)

Прикажи повеќе...

Спорт

Вашингтон редскинс подготвен да го смени навредливото име

Објавено пред

По сè поголемиот притисок од спонзорите и од организациите на домородните Американци, газдата на НФЛ-клубот Вашингтон редскинс (црвенокожци), Ден Снајдер, призна дека ќе почне процедура за менување на името.

Снајдер, кој претходно стоеше на ставот дека нема да има промена на историското име, беше омекнат по одлуката на спонзорот „Федекс“, кој го има правото на името на стадионот во Мериленд, каде што клубот игра, побара менување на навредливото име.

„Овој процес ќе дозволи да се земе предвид нашата горда традиција и историја, но и мислењата на спонзорите, НФЛ, нашите фанови и поранешните играчи“, вели Снајдер.

Критичарите подолго време бараат промена на името, кое се смета за расна навреда за домородните Американци, а критиките се зголемија по смртта на Џорџ Флојд и протестите во САД.

Прикажи повеќе...

Спорт

Обамејанг бара 250.000 фунти неделно да остане во Арсенал

Објавено пред

Капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, бара тригодишен договор и неделна плата од 250.000 фунти за да остане на „Емиратите“, тврди ЕСПН.

Габонскиот напаѓач има помалку од една година од договорот со „топчиите“, но тренерот Микел Артета е сигурен дека тој ќе остане во клубот.

31-годишниот напаѓач има 22 гола во 36 натпревари оваа сезона и е еден од најдобрите фудбалери на Арсенал и сака да го искористи своето влијание во клубот кога пристигна од Борусија Дортмунд во 2018 за да издејствува подобар договор. Тој има 63 гола во 101 меч за Арсенал, а оваа сезона е израмнет со 19 гола во Премиер лигата со Џејми Варди од Лестер.

Реал Мадрид и Барселона беа заинтересирани за Обамејанг, а во последно време се верува дека и Јувентус и Интер тргнаа по неговиот потпис.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет45 минути

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ5 часа

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија5 часа

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа6 часа

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија7 часа

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ8 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет8 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија9 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет10 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија10 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија10 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион11 час

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа11 час

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет11 час

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија12 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет12 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија13 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион13 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Македонија1 ден

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет1 ден

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Досие