Спорт
Рубљов ја прекина серијата на Оже-Алијасим во Марсеј
Андреј Рубљов ја освои својата деветта АТП титула, и прва од март 2021 година, откако со 7:5/7:6(4) го совлада младиот Канаѓанец Феликс Оже-Алијасим во финалето на Опен 13 Прованс во Марсеј.
Русинот, кој совлада три Французи на турнирот за пласман во финалето, сега има 5-0 скор во индорс хардкорт турнири, прекинувајќи ја серијата од три порази во финалето во низа (Монте Карло, Синсинат и Хале). 24-годишниот светски рекет број 7 сега го подобри скорот против Канаѓанецот на 3-1, одмаздувајќи се за поразот во полуфиналето во Ротердам минатата недела.
Оже-Алијасим минатата недела го освои својот прв АТП трофеј во Холандија, и на патот до финалето во Марсеј немаше загубен сет, победувајќи го својот идол од детството Жо-Вилфрид Цонга, Иља Ивашка и Роман Сафиулин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Миовски избран во тимот на сезоната во Шкотска
Maкедонскиот репрезентативец Бојан Миовски доби награда за извонредите парти во Премиер лигата на Шкотска. Миовски е избран во идеалниот тим на сезоната.
Миовски го предводи нападот во формацијата 4-3-3 заедно со Лоренс Шанкленд од Хартс, Тио Бер од Мадервил.
🏆 PFA Scotland Premiership Team of the Year.
As voted by the players, here’s your selection for 23/24:
Jack Butland
James Tavernier
Cameron Carter-Vickers
Liam Scales
Owen BeckMatt O’Riley
John Lundstram
Callum McGregorBojan Miovski
Lawrence Shankland
Theo Bair… pic.twitter.com/FjQ5HNpQgm— PFA Scotland (@PFAScotland) April 20, 2024
Инаку, Миовски денеска постигна гол во полуфиналето на Купот против Селтик, но неговиот тим не успеа да се пласира во финалето.
Натпреварот заврши 3:3, а Селтик пебал-серијата ја доби со 6:5.
Bojan Miovski LOVES Hampden Park! 😍
A dream start for @AberdeenFC as they take the lead against Celtic 🔴#ScottishCup pic.twitter.com/ePvLHsIF81
— Premier Sports (@PremSportsTV) April 20, 2024
Спорт
УЕФА го суспендира Емилијано Мартинез
Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, поради суспензија ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Конференциската лига против Олимпијакос, потврди Европската фудбалска унија (УЕФА).
Мартинез, во четвртокот, во реваншот од четвртфиналето против Лил доби жолт картон во 39. минута, а втор жолт картон при изведувањето на пенали поради неспортско однесување кон домашните навивачи.
Аргентинскиот голман не беше исклучен, бидејќи жолтите картони во текот на натпреварот не важат во пенал серијата.
Сепак светскиот првак со Аргентина доби суспензија. УЕФА го казни Мартинез бидејќи во пенал-серијата константно ја провоцираше домашната публика.
Астон Вила по изведувањето пенали го победи Лил со 4:3, а Мартинез одбрани два пенали, во првата и петтата серија им одбрани на Бенталеб и Андре.
Првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига меѓу Астон Вила и Олимпијакос ќе се одигра на 2 мај во Бирмингем, а реваншот седум дена подоцна во Грција.
Спорт
Барселона сака да го врати Олмо
Дани Олмо, веројатно ќе го напушти Лајпциг во летниот преоден рок. Шпанскиот репрезентативец има откупна клаузула од 60.000.000 евра, сума која за богатите клубови не претставува никаков проблем.
Меѓу заинтересираните екипи се Манчестер јунајтед, Баерн и Барселона, од чија младинска школа потекнува Олмо.
Шпанецот оваа сезона одигра 22 натпревари за Лајпциг, постигна осум гола и забележа пет асистенции.
Како јуниор од Барселона премина во Динамо Загреб, како дел од трансферот на Ален Халиловиќ, а потоа за 29 милиони евра се пресели во Лајпциг.