Контакт

Спорт

Рушту: Бесконечна благодарност до Барселона за поддршката додека бев болен

Објавено пред

Рушту Речбер, поранешниот турски голман, вели дека е целосно опоравен од корона вирусот и покрај тоа што заглави во болница и беше приклучен на респиратори, и вели дека е вечно благодарен на својот поранешен клуб Барселона за поддршката која му ја пружиле.

„Лекувањето беше долго и многу тешко. Во Турција ми даваа лекови 10 дена и направија сè да се опоравам. Поддршката од најблиските ми беше најважна. Сите се обединивме и победивме. Голема поддршка добив од Барселона. Такви работи нема никогаш да ги заборавам. Никогаш нема да заборавам што направи Барса за мене и секогаш сум тука за нив“, вели 46-годишниот Рушту за „АС“.

Тој беше голман на Барселона една сезона, во 2003/04, но врската со клубот очигледно е силна.

„Тоа беше посебна година за мене. Горд сум што бев дел од големото семејство и немам ниту едно лошо искуство. Беше вистинско задоволство да се дели соблекувалната со луѓе како Чави“, вели Турчинот.

Рушту пуштен од болница!

Спорт

Вест хем: Тренерот Мојс, Диоп и Кален со позитивни тестови на Ковид-19

Објавено пред

Вест хем потврди дека менаџерот Дејвид Мојс, и фудбалерите Иса Диоп и Џош Кален, имаат позитивен тест на коронавирусот.

Тие се подготвуваа за вечерашниот меч од Карабао-купот против Хал, но менаџерот и двајцата фудбалери веднаш си заминале од стадионот и се вратиле во своите домови. Бидејќи немаат симптоми, тие ќе ги следат препораките од англиските здравствени власти.

Мечот ќе го предводи неговиот помошник Алан Ирвајн.

Прикажи повеќе...

Спорт

Андреску ја отпиша цела сезона 2020

Објавено пред

Поранешната шампионка од САД опен, Канаѓанката Бјанка Андреску, се повлече од „Ролан Гарос“ и од остатокот од тениската сезона 2020 за да се фокусира на заздравувањето и подготовките за 2021 година.

Светската тенисерка број 7 реши да не ја брани титулата во Њујорк оваа година и последен турнир и е ВТА-финалето во Шенжен минатата година кога се повлече поради повреда на коленото.

„Направив тешка одлука да ја прескокнам сезоната на земја и ќе паузирам да се фокусирам на моето здравје и на тренинзите. Едвај ја чекам 2021 година вклучувајќи ја и Олимпијадата и морам да се вратам посилна“, вели 20-годишната Андреску.

„Ролан Гарос“ почнува в недела.

Прикажи повеќе...

Спорт

Швајцарците бараат затворска казна за претседателот на ПСЖ

Објавено пред

Швајцарското Обвинителство побара претседателот на Пари-Сен Жермен и поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке, да добијат затворски казни за својата улога во корупцискиот скандал за доделувањата на ТВ-правата од светските првенства.

Обвинителите бараат 28-месечна казна затвор за Ал-Хелаифи, кој е и претседател на „Бе ИН медија“ и три години казна за Валке на судењето во Белинцона, објави швајцарската новинска агенција АТС.

Обвинителството тврди дека Валке барал помош од Катарецот во текот на летото 2003 за купување луксузна вила на Сардинија во исто време кога катарската Бе ИН“ преговараше за продолжување на ТВ-правата во Северна Африка и Блискиот Исток за СП во 2026 и 2030. Ал-Хелаифи ја купил куќата за 5 милиони евра преку компанија што веднаш била префрлена во сопственост на брат на еден од неговите соработници пред да биде префрлена на Валке.

Двајцата тврдат дека договорот е приватна работа и дека нема никаква врска со договорот на „Бе ИН“ комплетиран во април 2014 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија3 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија3 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет4 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија7 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија8 часа

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија10 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија10 часа

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет10 часа

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа12 часа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт12 часа

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија13 часа

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија13 часа

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет14 часа

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија14 часа

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија14 часа

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија15 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија1 ден

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија1 ден

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Досие