Спорт
Салах е подготвен да го напушти Ливерпул

Мохамед Салах стана рекордер на Ливерпул по бројот на постигнати голови во Премиер лигата (129), откако двапати погоди при демолирањето на Манчестер Јунајтед од 7:0. Египетскиот напаѓач одигра вкупно 293 натпревари за Ливерпул, чиј член е од 2017 година, постигна 178 гола и забележа 74 асистенции.
Прашање е колку ќе ги подобри овие бројки, бидејќи неколку медиуми тврдат дека Салах сака да го напушти клубот по завршувањето на сезоната.
Минатото лето Садио Мане го напушти Ливерпул, а Роберто Фирмино ги брои последните денови на „Енфилд“. Бразилецот ќе замине како слободен играч. Доколку клубот го нашпушти и Салах тоа ќе биде голем удар за „црвените“.
Се наведува и дека желбата на Салах е да замине во шпанската Ла Лига. Во овој контекст најмногу се споменува Реал Мадрид. Салах има договор со Ливерпул до крајот на јуни 2025 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ГОГ ја доби данската битка, за во првото четврт-финале да налетаат на Барса!

Во бурно осминафинале, ГОГ го совлада Алборг со 32:24, надминувајќи ја негативата од два гола (28:30) од првиот меч за пласман во четврт-финалето на Лигата на шампиони на ЕХФ.
Во своето прво четврт-финале во историјата за клубот од малиот дански град Гудме, со 1.000 жители, ќе играат со европскиот гигант и актуелен шампион Барселона.
ГОГ не го испуштија водството во текот на целиот меч, правејќи +4 на полувреме 15:11, а бидејќи им беше потребен триумф од само три гола разлика за пласман, не им дозволија на ривалите да се вратат во бурното второ полувреме. Симон Питлик беше убедливо најдобриот играч на ГОГ со 8 гола, додека Вернсдорф додаде 7.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ
Веспрем – Пик Сегед 38:33 (17:16), прв меч 36:23, вкупно 74:55
ГОГ – Алборг 32:24 (15:11), прв меч 28:30, вкупно 60:54
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/4 ФИНАЛЕ
Кјелце – Веспрем
Магдебург – Висла Плоцк
Барселона – ГОГ
Пари Сен-Жермен – Кил
Спорт
Медведев го стопираше Јубанкс за полуфинале во Мајами

Данил Медведев се пласираше во петто последователно полуфинале на АТП турнејата, откако ја стопираше фантастичната серија на Американецот Кристофер Јубанкс со 6:3/7:5 победа на Мајами опен. Следен противник на Русинот ќе биде или неговиот сонароник Карен Хачанов или Франциско Керундоло.
Медведев, кој е четврт носител во Мајами, има 22 победи во последните 23 меч, серија во која освои титули во Ротердам, Доха и Дубаи пред да загуби во финалето во Индијан Велс од Карлос Алкараз. 26-годишниот Американец Јубанкс, пак, е релативно анонимен тенисер кој успеа да влезе до четврт-финалето откако играше квалификции, а потоа ги елиминираше и Денис Кудла, Борна Чориќ, Грегоар Барер и Адријан Манарино.
Русинот доминираше во мечот, со 9 аса и 27 директни победнички топки во меч кој траеше 1 час и 29 минути.
Спорт
Веспрем го запечати местото во четврт-финалето

Веспрем беше подобар и во втората пресметка со својот унгарски ривал Пик Сегед стигнувајќи до убедлива 38:33 победа, за да се пласираат во четврт-финалето на Лигата на шампиони на ЕХФ. Следен противник за Сегед во битката за Фајнал фор ќе биде полскиот Кјелце.
Патникот во четврт-финалето беше познат и пред стартот на мечот, откако во првиот дуел на Сегед и Веспрем, попознатиот унгарски тим имаше победа од 13 гола разлика (36:23).
Сегед беа израмнет противник само во првите десетина минути игра, по што Веспрем дојде во водство од 6:5 и потоа не го испушти до крајот на мечот. Расмус Лауге постигна 9 гола за Веспрем, Гашпер Маргуч додаде 7 гола, додека на Сегед не им помогнаа 10-те гола на Иманол Гарсиандија.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ
Веспрем – Пик Сегед 38:33 (17:16), прв меч 36:23, вкупно
ГОГ – Алборг 20.45 ч., прв меч 28:30
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/4 ФИНАЛЕ
Кјелце – Веспрем
Магдебург – Висла Плоцк
Барселона – Алборг/ГОГ
Пари Сен-Жермен – Кил