Спорт
„Салах секогаш е себичен, а против Брајтон беше супер-себичен“

Легендарниот фудбалер на Ливерпул Греем Сунес смета дека Мохамед Салах е себичен. Египќанецот постигна два гола во победата на Ливерпул над Брајтон (3:1).
„Од првата минута размислуваше само како да постигне гол. Се забележува дека му е важно да ја земе Златната копачка. Можевте да ги забележите неговите реакции кога ќе добиеше лоша топка или кога воопшто не го проигруваа. Шутираше од сите позиции, поради што и неговите соиграчи не беа премногу задоволни. Тој секогаш е себичен, но вечерва беше посебно себичен. Вечерва беше супер-себичен. Салах е сконцентриран само на постигнувањето на голови, малку е алчен“, смета Сунес.
Салах оваа сезона во Премиерлигата има постигнато 19 голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Озил го комплетираше трансферот во Фенер

Освојувачот на Светското првенство, Месут Озил го комплетираше официјално трансферот во Фенербахче, ставајќи крај на речиси осумгодишниот престој во северен Лондон кај Арсенал, престој кој заврши неславно.
„Топчиите“ го раскинаа неговиот договор со 350.000 фунти неделна плата шест месеци предвреме, и тој сега го комплетираше трансферот во клубот за кој навиваше во своето детство, и Фенер, конечно, го потврдија тоа во неделата.
Озил може да дебитира за новиот клуб на гостувањето кај Сиваспор во четврток во меч од Суперлигата, но најверојатно тоа ќе се случи против Кајзериспор четири дена подоцна. 32-годишниот поранешен германски репрезентативец треба да биде голема помош на тимот на Ерол Булут, кој ја брка првата титула од 2014 година со само три поени разлика од лидерите Галатасарај.
Трансферот беше најавен уште во понеделник кога Озил на социјалните мрежи ја објави горната фотографија како за рака се држи самиот себе како дете, со дресовите на Фенербахче и со пораката „Минато и иднина“.
Rüya gerçek oldu: Mesut Özil Fenerbahçemizde! 🔥#FenerSignMesut https://t.co/ZY00yCmVhC pic.twitter.com/oXJPfmfTJZ
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) January 24, 2021
Спорт
Абрахам со хет-трик, Челси рутински со Лутон

Во меч во кој ќе се заборави новата голема грешка на Кепа Аризабалага и новото разочарување за Тимо Вернер (утна пенал) и ќе се зголеми самодовербата на фудбалерите на Челси, тие стигнаа до 3:1 победа над Лутон во четвртото коло од ФА купот благодарение на фантастичниот Теми Абрахам, кој постигна хет-трик.
Дека тимот на Френк Лампард е под притисок да се остварат подобри резултати по инвестициите од 250 милиони евра во текот на летото не е тајна, и мечот со второлигашот Лутон може да служи како инспирација и покрај некои негативни елементи во мечот.
Абрахам даде два гола во првите 17 минути од мечот, и „сините“ можеа да дадат уште некој гол пред во 30-тата минута, Кларк да ја искористи лошата интервенција на Кепа за да намали на 2:1. Сепак, сигурен пласман во осминафиналето обезбеди Абрахам со убав гол во 74. минута. Во 86. минута, Тимо Вернер имаше совршена шанса да постигне редок гол по трансферот на „Стемфорд бриџ“, но неговиот удар заврши во рацете на хрватскиот голман Симон Слуга.
Спорт
Артур со деби-гол за Јуве, рутинска 2:0 победа над Болоња

Јувентус по освојувањето на Суперкупот на Италија, сврза втора победа во низа, триумфирајќи со 2:0 над Болоња да се искачи на четвртото место на табелата.
Бразилецот Артур во 15-тата минута од мечот го постигна својот прв гол во дресот на „бјанконерите“ со малку помош од одбранбените играчи на Болоња, додека Вестон Меккени во 71. минута ја потврди победата.
Со ова се подобри скорот против Болоња, која нема славено над Јувентус од 2011 година, и „старата дама“ се искачи на четвртото место на табелата со 36 поени, седум зад лидерот Милан со натпревар помалку. Болоња е на 13. место со 20 поени.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот