Спорт
Само Де Брујне го избра Овен, мнозинството за Роналдињо и Зидан
Ѕвездата на Манчестер сити, Кевин де Брујне ги изненади сите кога го избра поранешниот напаѓач на Ливерпул, Мајкл Овен како негов омилен фудбалер кога растел, посебно потсетувајќи се на голот за Англија против Аргентина на Светското првенство во 1998 година (кога Де Брујне имал само 7 години).
„Дефинитиво Мајкл Овен. Кога бев млад, тоа беше Мајкл!“, вели Де Брујне.
Повеќе други фудбалери од Премиерлигата го избраа Роналдињо, но и Зинедин Зидан е високо на листата.
– Мајкл Атонио (Вест хем) – Роналдињо, Роналдо Назарио, Јан Рајт
– Виргил ван Дајк (Ливерпул) – Роналдињо
– Хеунг-Мин Сон (Тотенхем) – Џи-Сунг Парк
– Алан Сен-Максимен (Њукасл) – Робињо
– Емил Смит-Роув (Арсенал) – Денис Бергкамп
– Фил Фоден (Манчестер сити) – Давид Силва
– Рис Џејмс (Челси) – Дидие Дрогба
– Трент Александер-Арнолд (Ливерпул) – Стивен Џерард
– Бруно Фернандеш (Манчестер јунајтед) – Роналдињо
– Џејми Варди (Лестер) – Дејвид Хирст
– Ријад Марез (Манчестер сити) – Лионел Меси
– Калвин Филипс (Лидс) – Зинедин Зидан
– Мохамед Салах (Ливерпул) – Зинедин Зидан, Роналдо Назарио, Франческо Тоти
– Џон Мекгин (Астон вила) – Хенрик Ларсон
– Џејдон Санчо (Манчестер јунајтед) – Роналдињо
– Каспер Шмајхел (Лестер) – Ерик Кантона
– Кевин де Брујне (Манчестер сити) – Мајкл Овен
– Садио Мане (Ливерпул) – Роналдињо
– Конор Галагер (Челси) – Френк Лампард
– Томаш Соучек (Вест хем) – Цеск Фабрегас
– Мејсон Маунт (Челси) – Френк Лампард, Лука Модриќ, Чави, Андрес Иниеста
– Скот Мектоминеј (Манчестер јунајтед) – Зинедин Зидан, Лионел Меси
– Деклан Рајс (Вест хем) – Џон Тери
– Киеран Тирни (Арсенал) – Хенрик Ларсон
– Иго Љорис (Тотенхем) – Зинедин Зидан
– Вилфрид Заха (Кристал палас) – Роналдињо
??? ??? ???? ????????? ?????? ??????? ??? ?
• Recreating goals in the garden
• Name on the back of the shirt
• Highlights on repeatWe asked some of the Premier League's biggest stars who inspired them in football… pic.twitter.com/5SFqDJRSPZ
— Football on BT Sport (@btsportfootball) February 11, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа се враќа до крајот на сезоната
Tренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека голманот Тибо Куртоа треба да се врати во тренажен процес за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.
На 20 март Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено. Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.
„Куртоа добро закрепнува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.
Спорт
Евролигата нема да го толерира однесувањето на Атаман
Кошаркарската Евролигата се огласи по бурната реакција и изјава на Ергин Атаман по поразот на Панатинаикос од Макаби, во Атина на стартот од четвртфиналната серија.
Во соопштението на веб-страницата на елитното натпреварување, се нагласува дека е недозволиво Атаман да ги етикетира судиите, дека таков приситсок нема да биде толериран и дека е покрената дисциплинска постапка против тренерот на Панатинаикос.
За потсетување, Атаман веднаш по натпреварот потенцираше дека судиите му доделиле шест поени на Балдивин, бидејќи досудиле два непостоечки, смешни фаули при шут за три поени, но во исто време нагласи дека ПАО продолжува понатаму, до завршниот турнир во Берлин.
Атаман на прес-конференцијата отиде чекор понатаму, велејќи дека ќе го напушти Панатинаикос доколку не избори пласман на завршниот турнир.
Макаби води во четвртфиналната серија со 1-0, вториот меч се игра вечерва повторно во Атина, а потоа следуваат два натпревари во Белград – 30 април и 2 мај, а евентуалната мајсторка ќе се игра на 8 мај во Атина.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.