Спорт
Самсоненко го продаде ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар официјално има нов сопственик. Порталот „Фактор.мк“ пишува дека вчера преку Македонската берза биле продадени сите акции на клубот.
Продадените акции биле во сопственост на РК Вардар, односно на Сергеј Самсоненко. Акциите биле продадени за сума од 2.000.000 денари (32.500 евра), односно една акција била продадена за 20.000 денари.
Новиот сопственик на фудбалскиот клуб ги наследи долговите на клубот, кои изнесуваат 3.000.000 евра.
Неофицијално, нов сопственик на Вардар е „Блу скај“. Оваа компанија летово доби дозвола од Град Скопје и веќе стопанисува со клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хорхе ја смени плочата: Не верувам дека Лео ќе се врати во Барселона
„Сагата за Меси“ продолжува, со уште еден главен актер, таткото Хорхе, кој е менаџер на својот син. Хорхе Меси, во понеделникот, ја крена Барселона на нозе и предизвика еуфорија со изјавата дека неговиот син сака да се врати во клубот. 24 часа подоцна Хорхе „врти друга плоча“.
Вчера Шпанците објавија дека Ла Лига и дала зелено светло на Барселона за нејзиниот економски план за следната сезона, во која се отвори простор за враќање на Меси. Меси сениот, по состанокот се сретнал со Џоан Лапорта.
По состанокот, Хорхе Меси за телевизијата „Хихантес“, изјави дека неговиот син сака да се врати во Барса и дека се ќе биде познато во наредните 48 часа.
Со оваа изјава ги фрли во транс фановите на Барселона, а веќе наредниот ден врти друга приказна.
„Не се работи за пари, Лео е подготвен да игра бесплатно. Но, не верувам дека неговото враќање ќе се случи, ситуацијата околу тоа е многу тешка“, изјави Меси сениор.
Тој наводно изјавил дека еден од проблемите е начинот на кој што го следат шпанските медиуми неговиот син и начинот за кој тие известуваат за неговото можно враќање во клубот. Најдобриот играч на Мундијалот во Катар не сака неговиот трансфер во Барселона да се гледа како бегство во сигурна куќа.
„Лео имаше две многу тешки години во Париз“, додаде Меси сениор.
Она што го откриваат шпанските медиуми е дека платата на Лионел Меси во Барселона би била 13.000.000 евра, дека договорот би бил потпишан на 1+1 година и дека семејството на Аргентинецот, особено неговата сопруга Антонела, ја турка идејата за враќање во Каталонија.
Дополнителен проблем во целата приказна е што Саудијците кои му дадоа понуда на Лионел Меси е невидена во историјата на спортот (1.200.000.000 евра за две години). Тие го притискаат неодамнешниот ас на Пари Сен Жермен конечно да се изјасни дали доаѓа или не.
Семејството Меси, пак, се обидува да добие уште неколку дена во тие преговори, бидејќи очигледно е дека Лео пред се сака да биде во Барса. Па, ако не можеш да заврши во Барселона, тогаш ќе бара алтернативни решенија.
Спорт
Седум играчи го напуштаат Лестер

Фудбалскиот клуб Лестер е најголемото разочарување во Премиер лигата. Клубот кој пред седум години сензационално ја освои титулата, пред 10 дена испадна од лигата.
Во клубот има неколку исклучително квалитетни фудбалери, кои високо котираат на пазарот. Јасно е дека тие нема да останат во Лестер, туку ќе бидат продадени. Станува збор за Харви Барнс и Џејмс Медисон.
Клубот наведе седум играчи, кои на крајот од сезоната нема да бидат членови на тимот предводен од Дин Смит.
Јури Тилеманс и Чаглар Сојунџу се слободни играчи, Турчинот во јануари се договори со Атлетико и тој наскоро ќе биде промовиран во Мадрид. Покрај овие двајца во клубот нарената сезона сигурно нема да бидат Даниел Амарти, Нампалис Менди, Рајан Бертранд, Ајозе Перез и Тете.
Клубот исто така посочи дека моментално е во преговори со капитенот Џони Еванс за продолжување на договорот.
Лестер претходната сезона ја заврши на 18. место на табелата во Премиершип и заедно со Лидс и Саутемптон следната сезона ќе се бори за враќање во елитата.
Спорт
Азар ќе добие една третина од годишната плата
Еден Азар го напушти Реал Мадрид на една година пред истекот на договорот. Белгиецот е најскапото засилување во историјата на Реал. За неговиот трансфер од Челси, во 2019 година, клубот плати 115.000.000 евра. Четири години подоцна едногласно е мислењето дека Азар е најлошото засилување во клупската историја.
Азар во периодот 2019-2023, одигра само 76 натпревари, постигна седум гола и забележа 12 асистенции. Особено тажна за него е штотуку завршената сезона, во која одигра помалку од 400 минути.
Белгиецот имаше договор со шпанскиот гигант и за следната сезона, но сфати дека нема смисла само да седи и да зема плата. Тој не сакал клубот да му ја исплати последната година од договорот, станува збор за бруто плата од 28 милиони евра.
Реал на неговиот џентлменски потег одговори со иста таков потег. Наместо да ја прифатат неговата понуда да си замине без обештетување, мадридскиот гигант ќе му исплати на Азар третина од договорената плата.